ИДИОТЕС И ПОЛИТЕС

Многу често во секојдневниот говор ги употребуваме термините како „Идиот”, „Идиотско” или „Идиотизам”, во обид да навредиме некого кога сме во лут дијалог и судир со некого, или пак кога сакаме за некого да појасниме дека со тој и тој нешто не е во ред. Честата употреба не секогаш, дури и повеќе несоодветно содејствува со она што луѓето сакаат да го појаснат со тој термин, кога го употребуваат, односно имаат некоја друга сосем неточна замисла за тоа што претставува овој поим и збор. Овој поим потекнува од Idios, Idiota и тој чисто означува приватно лице или нечија приватна односно лична работа, со што истиот настанува да означува за оние луѓе кои се игнорантни и не ги интересираат ниту се вклучуваат во општите работи или работи од општ интерес, стрикно определувајќи се во својот живот само за работите од личен интерес. Денес луѓето овој збор го употребуваат за да означат некои луѓе дека тие ментално се недораснати или ментално заостанати, што во случајот со почистото значење на зборот можно е некој да не претставува ментално заостанат и со интелектуалниот развој да е на задоволително ниво, но сепак да претставува личност со строго определени ставови за сопствениот личен интерес, игнорирајќи го оној општествениот. Впрочем тие луѓе денес претставуваат мнозинство во споредба со оние кои размислуваат и се интересираат за општото добро.

За да стане подобра сликата за кое мнозинство на луѓе се однесува, подобро ке разбереме доколку го видиме јасното толкување на рускиот современ филозоф Александар Дугин на овој поим дека: „Идиотот претставува оној вид на личност која поседува само една работа – приватната сопственост”.

Политесот како поим пак означува личност која се интересира, и се вклучува во општествените работи, односно спротивно од омисивното или пасивното делување на идиотесот во општите или јавните работи, туку личност активно вклучена во истите. Овој поим доаѓа од Πολιτεια, корен на зборот кој пак доаѓа од Polys+theos или многу/плус („богови”)господари/владетели во едно општество, индиректно со тоа означувајќи и за тип на уредување како демократија или демократско. Секако дека прекумерната политизација на граѓаните односно државјаните, каде што и дете со уште неполни граѓански/државјански права знае или мисли дека знае за состојбите на политиката а во суштина нема можност да делува, исто како и прекумерната аполитизација, претставуваат појави кои штетат во приликите на развојот на општеството во целина, а преку општеството и на развојот на самиот граѓанин како единка од него.

Габриел Олмонд, авторот на делото „The Civic Culture”, изнесува добри заклучоци во врска со проблематиката која произлегува од идиотесот во поновите општествени прилики. Односно дека постојат три можни типа на јавни мислења и делувања и тоа на јавност(граѓанство) која не е запознаена со проблемот (кој постои во одредено општество) или апсолутен идиотизам; јавност која е запознаена со проблемите во општеството, но истата таа јавност не мисли дека треба директно да се вмешува во нивното решавање; и јавност која ги запознала проблемите и од која граѓаните сметаат дека треба директно да се вмешуваат во нивното решавање. Последниот тип на јавност ја отсликува онаа на свесниот и совесниот политес.

Затоа не случајно оваа тематика и овој наслов се јавува како прва статија на пишаниот збор, со цел оваа друштво во својата суштина да претставува јавен израз на нешто што ќе биде против и нешто што ќе претставува како автентично своја карактеристика и автентичен свој производ.

Авторот на текстот е Филип Н. Радомиров – дипломиран правник.