ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ ОКОЛУ ПРАКТИКАТА

Практиката можеме да ја сретнеме во употреба кај разни реченици кои се со различен смисол. Практиката и практичноста можат да означуваат спремен за делување, односно спремен за работа. Практиката и практичноста можат да се појаснат и како активност, ефективност или пак како способност да се делува на одредена работа.

Како и да е, секогаш практиката и употребата на овој термин кружи околу една иста работа, која можеме да ја прикажеме на различни начини.

Општо Практиката би можеле да ја дефинираме, како спознанство на објективната реалност, со кое луѓето можат активно да ја менуваат.

Во таа објективна реалност, многу често пред човекот да ја спознае целосно, наоѓа закони по кои таа реалност се води, и тоа закони кои не зависат од човекот и не зависат од неговата волја, закони кои постоеле и пред него.

Човекот бидејќи ја има способноста да ги спознае законите од таа реалност, јасно укажува дека тој е налик на Творецот на тие закони, но тоа не значи дека сме ние како Него, бидејќи јасно е дека човекот неможе и не е во можност да ги спознае сите закони по кои се води севкупната реалност, иаку сме во можност да го видиме резултатот од нивното делување.

Во практиката постои уште еден проблем, а тоа е спознанието кое овозможува активно делување всушност претставува нагласено индивидуална работа, односно практиката е многудимензионална, со исто толку димензии колку активни спознаени делувачи и засегнати страни од активното менување.

Пример за еден работодавач, практичност би претставувало роботизација на работната сила, затоа што претпоставуваме дека роботот може да работи непрекидно без одмори, додека на човечката работна сила и е потребно паузи и одмор. Но од друга димензија, оваа активност е непрактична за работниците кои имале работа од работодавачот, затоа што тие ке ја изгубат конкуренцијата за продуктивност со машините, и ке останат без работа. Од третата и најопштата димензија, за општеството, ова би претставувало крах, бидејќи многумина од работодавачите кои секогаш трагаат кон поголем профит ке го следат првиот пример, со што преку роботизацијата ке се создаде огромен број на невработени и ке нема потрошувачи кои би ги купувале производите, односно продуктите ке останат по продавниците и полисите. Оттука од овие примери можеме да заклучиме дека:

Човековата практика претставува согледување на реалноста и активно приспособување на законите, согласно потребите на согледувачот. 

Многудимензионалноста на практиката, укажува дека активните делувачи, освен што имаат спознание за објективната реалност, мора да имаат и разум и совест, за да можат практиката да ја направат практична за што е можно поголем број на димензии. Спој на етика и пракса!

„Човековата практика”, зависно од општата практичност за димензиите, би можеле да ја поделиме на добра и лоша практика. „Добрата човечка практика” е онаа која спознаениот делувач со својата активност, не ги загрозил основните потреби на засегнатите страни, додека „лошата човечка практика” е онаа со која делувачот ги загрозил потребите на другите.

Текстот е извадок од книгата „Василија – архитема на новото општество”, глава В, 2015 година.

Tagged with: