ПРОБЛЕМОТ СО ГЕНЕРАЦИСКИТЕ НЕРАМНОМЕРНИ МОЖНОСТИ

Инспириран од еден разговор со мој роднина и пријател, воочивме еден проблем околу можностите кои им се пружаат на различните генерации. Овој проблем, всушност укажува на тоа дека прогресот околу можностите има граница до која може генерациите да одат.

Кај народите околу Средоземнието(зап. Медитеранот) па и пошироко, во поновите векови постои еден процес, кој често се одвива исто или барем слично. Имено една генерација на луѓе до две од еден народ работат макотрпно, со што создаваат одреден вишок за идната генерација која следи. Следната генерација која следи или онаа која го наследила вишокот, создаден од макотрпниот труд на претходната генерација, таа генерација ужива, најчесто не размислувајќи за идната генерација која следи, веројатно повеќемина од таа генерација наивно (човекова особина) залажани дека секогаш ке го има тој „вишок”. Наредната генерација на луѓе која не наследува вишок, односно онаа која за да создаде одреден вишок мора да се врати кон првичните макотрпни работни односи, но не се во можност затоа што истите се воспитувани од страна на своите родители во услови на „вишокот” заедно со сите удобности кои ги пружа истиот. Така таа генерација е онаа, која се наоѓа во состојба на збунетост и немајќи способност да се разбере ниту волја да работи макотрпно, оваа генерација страда. Истата неможејќи да се вклопи во новите сурови можности, така подолго не навикнувајќи се на нив, истата создава минус, односно уште полоши можности за идните генерации. Откако ке поминат генерации-страдалнички, следната на ред доаѓа генерацијата која го воочила проблемот и генерација која се бори. Оваа генерација соочена со „минусни можности” и немајќи никакви шанси повеќето од народот да создадат вишок, тие низ текот на целиот свој генерациски живот се борат да ги вратат можностите, со кои ке се создадат услови за фер работење и можност преку макотрпниот труд да имаат шанса за некаков вишок. Оваа генерација е онаа, која се труди да ги врати работите во нормална состојба. Откако генерација до две ке се избори и ги врати работите во нормала, тогаш се почнува одново, односно следи генерација која ке работи и ке има некакви шанси за вишокот.

%d0%b3%d0%b5%d0%bd-%d1%82%d0%b5%d0%ba-4

Во ваков случај главното прашање се фокусира на тоа: дали е возможно сите тие четири карактеристики кои одат низ генерациите по овој образложен тек, да можат да се вметнат во една генерација.? Односно секоја генерација да може да ги искуси сите четири можности и секоја генерација да ги почувствува поволностите и маките од нив. Доколку истото би можело да се воспостави и би се урамнотежило, тогаш тоа би било најидеалното решение за одржлив развој на едно општество, па би рекол и за одржлив квалитет на човечкиот живот.

 Текстот е извадок од книгата Василија – архитема на новото општество”, глава А, 2015 година.