СЛАБОСТИ И ПРЕДНОСТИ НА КАПИТАЛИЗМОТ – ВТОР ДЕЛ

Папата кој со текот на времето добивал на тежина во политичкиот живот на Западот, преку Франките, односно Света Римска Империја, овојпат со видоизменета реторика, се повеќе се зголемувале офанзивните елементи. Реториката се состоела во тоа што во периодот на Рим, имавме проширување на цивилизацијата на сметка на варварите, додека во периодот на Ватикан имаме проширување на католицизмот на сметка на еретицизмот односно промена во формата на теоријата на супериорност. Првата проба или првата примена на оваа форма со старонов римски метод, ја почувствувале Катарите во Окситанија, и истата се покажала како многу ефикасна. Папата го ширел своето политичко влијание но и давал пример за оние кои не го прифаќале Ватикан за свој политички и религиозен центар. Крстоносците биле задоволни затоа што се бореле под “свет идеал”, но посебно задоволство им причинувало прекуноќното станување во богати феудалци, со почесни титули и владетелски права на одреден регион, како и добивање право на сопствеништво на голем туѓ капитал. Алчноста не застанала тука, бидејќи сеуште гробот на Господ Исус Христос бил под муслиманската управа. Па така Папата се одлучил за примамливиот богат Исток, каде што под тој мотив е прогласено света војна врз муслиманите. И секако интересот за учество на крстоносците во овие “свети војни” бил голем. Колку биле “продуховени” западните тогашни сили, ке забележи Раул од Руен во својата хроника:

…во Маара нашите ги вареа безбожниците во котел, а децата ги печеа на ражен и лакомо ги јадеа…”

Навистина, претходниците на повеќето Западно-Европски народи, попознати како Келти или Галати и на луѓето од античкиот период не им била непозната нивната склоност кон вакви работи, но сепак овојпат имале силна морална поддршка од центарот кој порано ги користел како робови и ги нарекувал варвари. Алчноста продолжила понатаму и на ред се нашол Константинопол, градот тогаш попознат како “владетелка на градовите”, и град во кој повеќевековно е создаван капитал од целото Источно Средоземје. По ова познато безмилосно неколку декадно пљачкосување, наречено уште и како период на Франкократијата (владеење на Франките/Латините), Истокот никогаш суштински не се опоравил и оставил простор за огорчен и лесен муслимански продор. Во овој период многу важно од историската анализа е моментот на формирањето на банките. Имено учествувачите во крстоносните војни до толку се обогатиле – незнаејќи како да го движат големиот капитал понатаму ги формирале и првите банки во Венеција и Ѓенова, а подоцна и во другите Западно-Европски подрачја. Постепено се развивал и банкарскиот систем, нудејќи им го она одземаното на оние од кои било одземено, секако со каматен интерес. Таквата состојба претставувало идеална формула за добивање влијание и профит суштински неработејќи ништо.

Овој Средновековен Капитализам, ги содржи истите темели на претходниот римски, со теоријата на супериорност (овојпат религиозна), теоријата на сила и добивање право за грабање. Новост се банките како последица од преголемиот вишок на капитал, добиен од успешните пљачкосувања, кои доведуваат до развој и усовршување на други страни на капитализмот, во поглед на понатамошниот прогрес на овој економски модел. Но и овој пат истата грешка постои, и тоа во оној момент кога се одземаат културните добра и вредности. Повторно само материјализираната страна од источната култура ке се пренесе на Западот. Таквата површна разбраност се огледува во средновековните дела на Тома Аквински, и лесните усогласувања на католичката догма со “новите времиња”.

Во овој период најверојатно повторно како порано кај Рим, ке се јават и инцестоидните појави во семејната заедница. Се претпоставува дека истите односи се создадени заради нагло креирање на големата материјална база, нагло отскокнување од другите фамилии од нивна родна средина и креирање на социјалната нерамномерност. Па заради тоа за да се заштити семејниот капитал – да не преминува и да не се раслојува по други фамилии по брачни права, имаме многу чест пример во западните обичаи брат со родена сестра да стапуваат во брак, нешто што е крајно ризично и за моралот и за здравјето на подмладокот. Истиот пример го имаме и кај Птоломејската династија, но тука за разлика од западниот материјален мотив, птоломејскиот бил за зачувување на генскиот етнички код во мултиетничко општество, односно мотив за зачувување на истата крв. Проблемот со инцестоидноста во западните односи, се отсликуваат и во денешните односи, односно многу понови владеачки фамилии одгледале деца кои пателе од ткн едипов комплекс. Пример е Вилхелм – кајзерот на Германија и човекот кој на многу начини ја поддржуваше и ја започна “Првата” светска војна. За овој човек имаме детална анализа од познатиот психолог Сигмунд Фројд. Инцестоидноста во овој период е многу изразена и заедно со појавата на дарвинизмот, расните теории и други идеи – многупати од нивните поддржувачи гледаме “научно-логични” обиди за оправдување на оваа аморална појава. Па така Рихард Вагнер, познатиот музичар, во своето дело Нибелунг – дело кое има обид да го преслика примитивното минато, поставува наведувачко прашање:

Дали некој чул да брат ја грли својата сестра како сопруга?”

Перверзијата навистина знае понекогаш да ја изманипулира разумноста дури и кај втемелените интелектуалци, па така го имаме коментарот за оваа дело од  Карл Маркс во врска со прашањето на примитивната инцестоидност, кој се обидува исто така да ја оправда присутноста на инцестоидните односи, преку недокажаното првобитно општество:

Во првобитната доба, сестрата била сопруга и тоа тогаш било морално

Разни психолошки анализи наведуваат дека западните семејни односи се “ладни” по традиција и низ вековите, во споредба со фамилијарни вредности на другите култури, и тие допридонесуваат до поттикнување на вакви перверзни идеи но и тоа дека ваквите односи порано биле оправдани и постоеле како традиционално “нормални” односи – тој факт допридонесува истите со поголемо влијание да се манифестираат и денес. Но бидејќи темата не се односите и семејните вредности на Западот, нема подлабоко да ги согледуваме очигледните грешки кои настанале во нивната култура и обичај. Тоа им стави на вага од онаа лоша страна на кризата која ја имаат со нивниот морал, криза која изразено се согледува денес.

Подоцнежниот период кој ке следи, светското влијание ке го креираат италијанските градови-републики. По нивната слабост и опаѓање, светското влијание ке го преземе Шпанија. Тие и нема да имаат некоја “револуционерна” новост во капитализмот, туку благодарејќи на ограбувањето на Андалузија и падот на Гранада, постепено ке бележат раст. Како прва држава ке се постават по воспоставувањето на власта во “ниските земји”(Холандија). Новост ке претставува новите морепловски откриенија (односно нови земји и ресурси за експлоатација), кои ке го сторат португалските и шпанските морепловци. Но сепак нема да наидеме во промена на функционирањето на империумот на Шпанскиот Капитализам. Тие целосно ке ја прифатат и практично ке ја применат реториката и приматот на Ватикан преку праксата на конквистадорите слична од крстоносците.

Откако и оваа шпанска или со друго име нарекувана како Иберска Империја, ке почне да опаѓа, на сцена ке стапи Британската Империја. Во овој период ке наидеме на поголеми промени и новини, од страна на англо-саксонската политика во односот на развојот на капитализмот. Тие всушност ке ги постават темелите на модерниот правец на капитализмот, кој денес го нарекуваме како (нео)либерална економија. Британскиот империум откако ке го наметне своето влијание преку таласократијата (владеењето на морињата), нивниот мотив или изговор на почетокот заради условите и потенцијалот од грабање по новооткриените земји, ке се стори во мешавина од офанзивна реторика на сите претходни изговори. Од изговорот за ширење на “цивилизацијата” па се до религискиот “свет изговор”. Така откако овие изговори ке бидат исцрпени и од други потенцијални империуми, кои се јавуваат како Франција и Шпанија, Англичаните ке измислат преку дарвинизмот и нов мотив – расниот изговор, односно теоријата за расна супериорност. Тој мит иаку многумина ке помислат дека потекнува од национал-социјализмот, сепак тоа е многу постар мит од таквата негативна појава во Германија. Хитлер не случајно на Англичаните во својата теорија ке гледа како на свои идни потенцијални сојузници. Додека Англичаните научно во овој период ке се обидуваат да ја докажат својата национална супериорност над другите нации, Французите претходно ке измислат и нов тип на изговор односно мотив за создавање на поширок француски империум. Со Француската Револуција која исто така ке биде “воспоставувач” на темелите на неолиберализмот, ке се создаде од парче хартии нешто што се нарекува правата и слободите на граѓаните – Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот. Истите “новоизмислени” декларации, претставувале примамлива идеја за државност за сите Европјани во тој период, но во суштина Франција со Наполеон во целост ке ја копира Римската Империја, и заедно со Британија ке грабаат по целиот свет со нивните виши идеали за државноста и виши идеи за супериорни нации и раси.

Заради се поголемата одвоеност од политичкиот ватикански центар, и се поголем фокус кон науката и научните откритија, во овој период ке се случат две големи промени во погледот на развојот на капиталистичкиот модел. Тоа е влијанието на развојот во економијата од страна на технологијата и технолошкиот развој – или оној настан кој во учебниците е попознат како Индустриска Револуција. И втората промена е поголемиот значај на патната инфраструктура во економскиот раст, заради се поголемите широки и нови пазари. Исто така земајќи си ја улогата на главни кодификатори за светската историја, заради свои цивилизациски комплекси ке наидеме на голем дел на фактичко фалсификување на историјата по нивен вкус, надоградувајќи ги и другите научни дисциплини со таквата историја, притоа со крут тон недавајќи за било каков простор за некаква критика и промена. Таквите односи во нашиот пример на овие простори, поттикнати од истите империуми, ке навестат на создавањето на националните митови, онакви какви што никогаш порано не постоеле, но заради одредено остварување на влијанието и поклопувањето на нивните западни гледишта на историјата, тие постојат и ден денес. Со овој момент по трет пат гледаме “кражба” на Источно-Средоземски цивилизациски вредности, припишувајќи си ги како свои или како единствени наследници на истите, секако овојпат посериозно сфаќајќи ја силата на пишаниот збор и суштината на тие вредности, сепак не со крајна разбраност и со вистинска одржлива примена кај нив.

Овој би го нарекол Британско-Француски Капитализам, крупни промени создал во теоријата на супериорност, поткрепувана со научни дисциплини и со особен акцент на фалсификување на историјата и антропологијата, секако на сметка на слабеењето на религиозната супериорност. Теоријата на сила изразена до тој степен да денес учиме за многубројни обиди за геноцид и етничко чистење поттикнати од тие идеи, и секако сето тоа заради суштинското право за експлоатирање на туѓи добра и вредности. Во економскиот дел гледаме поголемо влијание на банкарскиот сектор, со се поразвиен систем и креирање на широки слободни пазари, но и важноста на инфраструктурата, која е тесно поврзана со технолошките пронајдоци (парни машини, возови, автомобили и сл).

Во подоцнежниот период кој следел, САД и Советскиот Сојуз, во најголем дел за оправдание за својот империум, ке го развиваат Францускиот тип на виши наднационални државни идеи, додека Германија со Хитлер во обид да создадат свој империум и широк пазар, ке го развиваат Британскиот тип на расна супериорност. Без разлика што овие навидум два различни типови и форми за супериорности, биле и во конфликтни состојби меѓусебно, сепак и едните и другите иднината на капитализмот ја гледале во технократијата и технократско општество.

Главни проблеми во функционирањето на капитализмот, претставуваат преголемото внимание насочено кон материјалниот профит, алчноста и чести варијации на вредносниот систем, зависно од потребите кои се бараат за остварување на профитот. На подолги стази капитализмот е одржлив, но тој е одржлив до оној момент кога едно капиталистичко општество има свој извор на експлоатација на туѓи добра (робови/руди/капитал/стоки и сл). Капиталистичките општества имаат прогрес само на сметка на туѓ регрес.! Кога изворот на експлоатацијата ке пресуши, настанува кризен период во кој “разгалените” граѓани од општество кое прогресирало на туѓа сметка, ке мора да дадат една цела генерација која ке има својство на “жртва”, за да подоцна евентуално општеството би можело да продолжи да функционира. Нема гаранција за идна функционалност на тоа општество, дури и ако една генерација се даде како “жртва”. (види Проблемот со генерациските нерамномерни можности) Империите кога ке дојдат до овој степен, најчесто се распаѓаат, додека националните држави со нивните национални митови се “пожилави” во преживувањето.

Оние кои биле сопственици на производството, кои најчесто со таквото сопствеништво се стекнале/прогресирале на неетички начин, како се зголемува кризата во капиталистичките општества, така тие се повеќе се одвојуваат од останатите луѓе заради позаоштрената стратификација на социјалната нееднаквост, до степен да формираат и суб-култура различна од останатите внатре во општеството. Најчесто во овие општества класната нетрпеливост е изразена, со што таа состојба претставува еден вид внатрешна поделба и заоштрување помеѓу класите. Таквата состојба доведува до тоа да еден тип на класа од различни капиталистички општества и држави, да имаат поголемо меѓусебно разбирање и соработка, отколку со граѓаните кои се од друга класа а се од истото општество и држава од која потекнуваат. Преку анализа на историската пракса тоа беше изразено со средновековните владеачки фамилии, но и во поновиот период имаме разни мулти-национални групации, кои се основаат исклучиво по основ на материјално-класната припадност.

Текстот е извадок од книгата Василија-архитема на новото општество”, глава А, 2015 година.