ОПШИРНО АНАЛИЗИРАЊЕ НА СПОГОДБАТА ЗА ИМЕТО

МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ПРВА „ПОЛИТИЧКИ КОРЕКТНА“ ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ

Страшното предупредување на Џорџ Орвел за „политички коректна“ полициска држава е во можност да стане реалност во Република Македонија, доколку земјата ги спроведе неодамна договорените одредби од спогодбата со Грција, кои многу од нив ќе го задолжи Скопје да ги потисне своите граѓани во слободата на говорот под окното да бидат ставени пред Обединетите нации и/или Меѓународниот суд на правдата, и како врв на сето тоа Атина ќе го има авторитетот заеднички да биде определено што македонските деца ќе изучуваат во школото како и тоа кои „политички некоректни“ изрази и концепти треба да се забранат од властите.

Не постои „учтив“ начин да се објасни ова во фраза – Република Македонија е на работ да стане „политички коректна“ полициска држава, доколку капитулира пред либералните глобалисти и нивните регионални грчки посредници. Ова не е претерување, туку изјава која се однесува на фактички орвелски клаузули, содржани во неодамнешната спогодба за името која го обврзува Скопје суштински да ги потисне своите граѓани во слободата на говорот, во спротивно целата земја е во можност да биде ставена пред ОН и Меѓународниот суд на правдата. Какви и да бидат нечии лични ставови околу легитимноста на уставното име на земјата, и на нејзината народна употреба на придавката македонски, опишувајќи си ја со неа својот идентитет, историја, култура и јазик, без сомневање тоа е невиден тоталитарен чекор на странска влада која наметнува своја „политичка коректност“ врз друга земја, што претставува ништо помалку од постмодерна окупација на она што би требало да биде суверена држава.

Ова не претставува хиперболичен страв, каков што би можеле некои критичари реактивно да обвинуваат дека е, бидејќи неодамна објавениот текст на самиот договор докажува дека претходните тврдења за Македонија дека таа претставува зона за тестирање на нов социополитички експеримент создадена за усовршување на идентитетот како орудие на либералната глобалистичка елита, се покажаа како точни. Оваа анализа особено има за цел да привлече внимание кон највознемирувачките клаузули содржани во овој договор и потоа да ги опише нивните импликации, користејќи го поедноставено членот (клаузулата), (под-клаузулата) како средство за цитирање на секој релевантен пасус и олеснување на верификацијата на читателот на гореспоменатите, доколку е потребно. Откако беа нагласени и објаснети најзагрижувачките аспекти на договорот, следниот и последен дел ќе ги сумира наодите во објаснувањето на главните концепти зад „македонскиот модел“ за бришење на идентитетот, за кој беше предупредувано во претходниот дел.

(сите подвлечени нагласувања се на авторот)

* Преамбула – Македонија се откажува од било каква референца кон своето име

Првата страна, Грција („Првата страна“) и Втората страна, која беше примена во Обединетите нации согласно резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 г. на Генералното собрание на Обединетите нации („Втората страна”), заедно именувани како „Страните”…“

Македонија дури ниту официјално не се споменува со своето постоечко уставно име, ниту отворено опишана од понижувачкиот акроним БЈРМ на ОН „за компромис“ во рамките на текстот, туку имплицитно се препознава само како ентитет опишан како „втората страна“, во симболично првичниот знак на тоа само колку вмешаните авторитети се подготвени да одат во бришењето на националниот идентитет на нивната земја.

* Член 1, став 3 (ж) – Силни приватни претпријатија

Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво. За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО. Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на 2019 г. и ќе ја заврши нејзината работа во рок од три години. Ниту една одредба од членот 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја.

Не само што македонската влада вознемирувачки ќе биде обврзана да ги „охрабри“ бизнисите да се придржуваат до грчката политичка коректност, за која доброволно се согласила државата, туку и самата Атина ќе биде директно вклучена во „заедничкиот“ механизам за верификација на тоа.

* Член 1, став 4 (д) – Брзо проследување на имплементацијата

Втората страна во целост ќе ги усвои амандманите на Уставот до крајот на 2018 г.

Претпоставениот „демократски процес“ кој ќе оди во промена на Уставот – а да не го споменувам емотивното прашање како оваа, кое што лежи во срцето на самиот македонски идентитет – забрзано се движи и Грција врши притисок врз избраните претставници во соседната држава да го финализираат овој процес до крајот на годинава, зачудувачко и покровително барање што сепак македонската влада се согласила со цел да ја покаже оддаденоста кон својот нов господар.

* Член 1, став 12 – Напуштање на етничките сонародници во странство

Името и термините наведени во членот 1 од оваа Спогодба ќе бидат вградени во Уставот на Втората страна. Ваквата промена ќе се изврши наеднаш и севкупно со еден амандман. Според таквиот амандман, името и термините ќе се сменат следствено во сите членови од Уставот. Натаму, Втората страна ќе пристапи кон усвојување на соодветни амандмани на Преамбулата, членот 3 и членот 49 од Уставот, како дел од постапката за менување на Уставот.

Акцентот тука е ставен на членот 49 од македонскиот Устав, кој гласи дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.“, нешто што е нормално за секоја земја која себеси се почитува, како што е Русија, Унгарија, па дури и САД, иако тоа е забрането според член 4, став 3 од разгледуваниот договор за името што ќе биде опишан накратко.

* Член 3, став 4 – Потиснување на самоизразувањето на сопствениот идентитет

Двете Страни се обврзуваат дека нема да преземаат, поттикнуваат, поддржуваат и/или толерираат какви било дејности или активности од непријателски карактер насочени против другата Страна. Ниту една од Страните нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата Страна од трети страни, организации, групи или поединци, коишто изведуваат или се обидуваат да изведат субверзивни, сецесионистички дејствија, или дејствија или активности коишто претставуваат закана на каков било начин за мирот, стабилноста или безбедноста на другата Страна. Секоја од Страните без одлагање ќе ѝ пренесе на другата Страна информации кои истата ги поседува во однос на какви било такви дејности или намери.

Оваа нејасно формулирана клаузула ја отвора вратата за „политички коректна“ цензура и за потиснување на слободата на говорот на граѓаните во носењето на патриотска облека што ја претставува природната/географска Македонија, истакнување на некогашното државно знаме со Сонцето од Кутлеш, или на било кој друг начин потврдувајќи си ја самоидентификацијата како Македонци и присуството на својот народ во Беломорска Македонија пред нејзиното вклучување во современата грчка држава по Балканските војни на почетокот на XX-тиот век.

* Член 4, став 3 – Грчката хипокризија

Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може или не треба да се толкува на начин кој преставува или било кога ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата Страна, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и правата на кои било лица кои не се нејзини граѓани.

Оваа клаузула е иронична, бидејќи Грција веќе се меша во внатрешните работи на Македонија со постоењето на овој документ, да не зборуваме за одредбите во него, кои ја прават оваа земја која нема излез на морето во постмодерен протекторат на Атина, без оглед на тоа дали овие услови се вклучени во грчкиот Устав или не, а исто така го одредува и она што беше навестено во член 1 став 12 од договорот кој се однесува на членот 49 од Уставот на Република Македонија, што му дава на Скопје одговорност за заштита на културните права и статусот на етничката дијаспора во странство.

* Член 6, став 1 – Забранување на патриотската „пропаганда“

Со цел јакнење на пријателските билатерални односи, секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за забрана на какви било непријателски активности, дејствија или пропаганда од страна на државни органи или органи под директна или индиректна контрола на државата и ќе спречи дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата Страна. Доколку се јават такви дејствија, двете Страни ќе ги преземат сите потребни мерки.

„Пропаганда“, „агенции… индиректно контролирани од државата“ и „шовинизам, непријателство“ се многу лабави зборови и концепти кои лесно можат да се злоупотребуваат исто како што првоспоменатите два беа во контекст со лажните вести Русијагејт (Russiagate) скандалот, со дефиницијата за „шовинизам“ и „непријателство“, кои исто така можат да се посегнат, најверојатно се разбира во смисла на „политичка коректност“ што и се наметнува врз Република Македонија и нејзините граѓани од страна на Грција и затоа имплицира цензура на било какви патриотски изјави на секоја агенција за медиуми или НВО која добива дури и еден денар од државата.

* Член 6, став 2 – Забранување на слободниот говор

Секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за да обесхрабри и спречи какви било дејствија од приватни ентитети, дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат насилство, омраза или непријателство против другата Страна. Доколку приватен ентитет на територијата на која било од Страните спроведува такви дејствија без знаење на таа Страна, таа Страна, откога ќе дознае за таквите дејствија, веднаш ќе ги преземе неопходните мерки, предвидени со закон.

Секој чин на патриотски израз на кое било приватно лице (кое би можело двосмислено да значи дека исто така се сметаат и туристи), кој дури и оддалеку може да се протолкува од страна на Грција како кршење на „политичката коректност“ што ја наметнува врз Република Македонија, ќе се решава преку правни средства, што само потврдува дека земјата се претвора во полициска држава од стилот на 1984 (од книгата на Џорџ Орвел).

* Член 6, став 3 – Грчки надзор

Секоја од Страните ќе спречува и обесхрабрува дејствија, вклучително и дејствија на пропаганда од страна на приватни ентитети, дејствија коишто многу веројатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата Страна.

Не е јасно што, доколку некоја суштинска разлика постои во оваа трета клаузула во споредба со втората, но во секој случај вреди да се нагласи дека трите пасуси кои го сочинуваат членот 6 забрануваат „дејствија или пропаганда“ што „најверојатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам“, од кои сите се целосно субјективни во најголем дел и оттаму зависни од толкувањето, што го покренува прашањето дали фактички Грција ќе биде онаа која индиректно ќе ги контролира овие изрази на слободата на говорот преку „заедничките“ комитети за имплементација, кои се подготвуваат да бидат дел од.

* Член 7, став 2 – Бришење на Македонците од Егејот од страниците на времето

Во однос на Првата страна, овие термини (забелешка на авторот: „Македонија“ и „Македонско“ според членот 7, став 1) ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден

Атина ги поставува параметрите на „политичката коректност“ што подоцна ќе ја наметне врз Република Македонија, со тоа што ќе ги брише луѓето од претходниот период од страниците на времето, преправајќи сè дека никогаш не постоеле во рамките на денешните граници на Грција и покрај тоа што пред Балканската војна и во Грчката граѓанска војна забележано е присуство на стотици илјади од нив, објективно документирани од повеќе извори, на тој начин отворајќи го патот за Скопје да ја забрани секоја јавна референца (потенцијално дури и на интернет) на членовите од семејствата, кои избегаа од овој историски регион на нивната татковина, освен доколку тие отворено не се идентификуваат како грчки (Грци).

* Член 8, став 1 – Грчки снегулки

Доколку која било од двете Страни верува дека еден или повеќе симболи кои преставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство ги употребува другата Страна, таа за таквата наводна употреба ќе ѝ укаже на другата Страна, а другата Страна ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да се справи со прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство.“

Потврдувајќи ги сомневањата на авторот од членот 6, став 3, Грција навистина ќе го контролира јавното изразување на слободниот говор од страна на македонските граѓани (потенцијално дури и на интернет) за да се осигура дека ништо што ќе кажат или направат (пример: мафтаат со знамето со Сонцето од Кутлеш; или прикажувањето на мапата со природните/географските граници на Македонија) не ја нарушува „политичката коректност“ што ја наметна Атина со која Скопје се согласува присилно да ја спроведе врз својот народ (а можеби дури и врз туристи) со закон.

* Член 8, став 2 – Мерки со талибански стил против политички некоректни“ споменици и градби

Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културно наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство.

Физичките достигнувања на серијата инфраструктурни проекти на премиерот Груевски од Скопје 2014 ќе бидат неутрализирани, потенцијално преку драматичното уривање на зградите и соборување на спомениците (како што во повеќето случаи е невозможно едноставно да се преименуваат), сè со цел да се задоволи грчкото наметнување на „политичката коректност“ во докажувањето на целосното и тоталното туторство врз Македонија од страна на својот јужен сосед.

* Член 8, став 3 – Забрана за знамето со Сонцето од Кутлеш

Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба.

Токму како што авторот стравуваше во неговото толкување на членот 3, став 4, Сонцето од Вергина ќе биде целосно забрането од јавен поглед.

* Член 8, став 4 – Концептот на Егејска/Беломорска Македонија престанува да постои

Секоја од Страните ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територијата на другата Страна, давајќи притоа приоритет на користењето на ендоними, наместо егзоними.

Грција премолчено им забранува на Македонците да посочуваат кон атинскиот северен регион Македонија, како Егејска/Беломорска Македонија, со што претпоставено станува збор за уште еден од многуте забранети изрази во слободниот говор (без разлика дали се јавни или можеби дури и онлајн), кои што се сметаат за „политички некоректни“, правејќи ги сторителите подложни на законски казни, доколку Грција стане свесна за тоа да прават и известувајќи ги своите подредени во Скопје.

* Член 8, став 5 – Управување со постмодерната окупација

Во рок од еден месец од потпишувањето на оваа Спогодба, Страните преку размена на дипломатски ноти, на рамноправна основа, ќе формираат Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, којшто ќе го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на автентични, засновани на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди. Министерствата за надворешни работи на двете Страни ќе ја надгледуваат работата на Комитетот, а во соработка со други надлежни државни власти. Комитетот ќе разгледа и доколку утврди дека е соодветно ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од Страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. За оваа цел, Комитет ќе дефинира конкретни временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од Страните ниту еден учебник или помошен наставен материјал што се користи во годината по потпишувањето на оваа Спогодба не содржи какви било иредентистички/ревизионистички упатувања. Комитетот исто така ќе ги проучи и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали, како што е предвидено во овој член. Комитетот редовно ќе се состанува, а најмалку два пати годишно и ќе поднесува годишен извештај за своите активности, како и препораки кои треба да бидат одобрени од Советот за соработка на високо ниво, кој ќе се формира во согласност со членот 12.

Ова е веројатно најважната клаузула во целиот документ, бидејќи создава механизам („Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти“, ЗИКЕ / JICE) кој Грција ќе го користи за управување со постмодерната окупација на Република Македонија во спроведувањето на либерално-глобалистичкото орвелско бришење на идентитетот на Македонците, буквално преку преуредување на текстовите на школските учебници и возможно преземање од страница на Фаренхајт 451 (од книгата на Реј Бредбери) можеби дури и со палење на оние „лошите“ (исто како и забраната на нивен онлајн пристап на територијата на земјата) со цел да се осигура идните генерации целосно да бидат под нивна контрола. ЗИКЕ ќе се состанува двапати годишно, секоја година, пред да им додели нови годишни наредби на марионетската влада, со што ќе осигура „сите дејствија или активности од непријателски карактер“, вклучувајќи ја и „пропагандата“ (веројатно исто така споделена на интернет) кои се сметаат дека „најверојатно ќе го поттикнат шовинизмот, непријателството, иредентизмот и ревизионизмот“, према нив да биде одговорено од страна на Скопје со „сите неопходни мерки предвидени со закон“. Ова на крајот ќе резултира со затворање на Македонците доколку се осмелуваат јавно да ја споделат историјата на борбите на членовите од нивните семејства во имплицитно забранетиот концепт на Егејска/Беломорска Македонија каде владата дава признание според оваа спогодба како концепт исклучиво во сферата на „елинската цивилизација, историја, култура и наследство… од антиката до денешен ден.“

* Член 12, ставови 2-3 – „Висок претставник на Македонија“

Страните ќе формираат Совет за соработка на високо ниво (ССВН), кој ќе го сочинуваат претставници на нивните Влади, заеднички предводен од нивните Премиери.

ССВН ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата. ССВН ќе донесува одлуки и ќе промовира активности и мерки за подобрување и надградување на билатералната соработка меѓу двете Страни и ќе разгледува какви било прашања кои може да произлезат во текот на спроведувањето на оваа Спогодба и Акцискиот план што ќе произлезе од истата, а со цел решавање на таквите прашања.

ССВН ќе функционира во рамките на Република Македонија како сопствена верзија на „високиот претставник“ на БиХ, иако со илузијата за „заеднички“ суверенитет преку учество на локалната квислиншка вмешаност заедно со грчките постмодерни окупациони власти, сè со цел имплементација на застрашувачкиот „Акциски план“ (најверојатно во врска со насилната кампања за цензура) заобиколувајќи го Собранието во постојано отстапување на сите видови на суверенитет кон Атина.

* Член 17 – Подучување на алатките за трговија

Страните ќе ја зајакнат и прошират нивната соработка во областа на одбраната, вклучително и преку чести посети и контакти меѓу политичките и воени лидери на нивните вооружени сили, потоа преку соодветен пренос на знаења и помош за градење на капацитетите, соработката во областите на производство, информирање и заеднички воени вежби. Страните особено ќе се фокусираат врз обуката на персоналот која Страните може меѓусебно да ја обезбедат.

Единиците на грчките специјални сили, војниците и редовните полицајци ќе ги обучуваат своите македонски колеги на техники за сузбивање, така што постмодерната окупација ќе може поефикасно да се имплементира на терен, каде се воочува дека Грција ќе ги испраќа своите сили во Македонија за „обука и вежби во живо“ за да покаже како би требало воинствено да одговорат на било кој граѓанин кој се осмелува да прекрши било кои „политички коректни“ концепти утврдени во оваа спогодба последователно договорени од страна на окупаторските власти преку ЗИКЕ и ССВН.

* Член 19 ставови 2-3 – Казните на ОН и МСП

Во случај една од Страните да смета дека другата Страна не дејствува во согласност со одредбите од оваа Спогодба, таа Страна прво за својата загриженост ќе ја извести другата Страна и ќе се бара решение преку преговори. Доколку Страните не можат прашањето да го решат билатерално, Страните може да се согласат да побараат од Генералниот секретар на Обединетите нации да ги употреби неговите добри услуги за решавање на прашањето.

Секој спор што ќе се јави меѓу Страните во однос на толкувањето или спроведувањето на оваа Спогодба и кој нема да се реши во согласност со постапките наведени во членот 19, став (2), може да се поведе пред Меѓународниот суд на правдата. Страните прво треба да настојуваат да постигнат согласност со цел заеднички да поведат таков спор пред горенаведениот суд. Сепак, доколку не се постигне таква согласност во рок од шест месеци, или за подолг период за кој заемно ќе се согласат двете Страни, тогаш таквиот спор пред истиот Суд може да го поведе секоја Страна поединечно.

Грција ќе ја стави Република Македонија пред ОН, па дури и пред МСП, во случај да се спротивстави на барањата на окупаторските власти, што би можело да се случи преку одбивање да спроведе целосен и тоталитарен ревизионизам во однос кон Егејска/Беломорска Македонија или одбивање да уапси познати јавни личности чие затворање би можело да предизвика протести низ целата земја.

Заклучок:

Контроверзната спогодба за името не е ништо повеќе од закана за претворање на Република Македонија во постмодерен протекторат на Грција, со намера за експериментирање врз луѓето од нејзиниот народ како лабораториски глувци за да се усоврши моделот-орудие, кој либералните глобалисти ќе го применуваат насекаде низ ЕУ, бришејќи им го систематски на секоја земја-членка поединечно нивниот идентитет. Трите одделни но меѓусебно поврзани институции – неименуваната од членот 1, став 3 (ж), ЗИКЕ и ССВН – имаат задача истовремено да ја спроведуваат оваа политика и да управуваат со окупацијата, со нивниот орвелски авторитет притоа под принуда од специјалните сили, војниците и полицајците обучувани во Грција (што би можело дури и да видат директна интервенција на грчките сили во „вежби за обука во живо“ против македонските граѓани).

Иднината за Македонците е помрачна од кога и да било, затоа што наскоро ќе им се забрани јавно изразување на секое патриотско чувство, какво и да е, без разлика дали е онлајн или во реалниот живот, вклучувајќи го и спомнувањето на историјата на нивните семејства во Егејска Македонија, кои владејачките власти имплицитно се согласуваат преку нивната соработка за усвојување на оваа спогодба, дека е, и дека секогаш била хеленистичка и населена исклучиво од Грците уште од антиката па до денес. Исто така, неизбежно е дека Заев ќе заврши со забрана на Светскиот македонски конгрес и ќе ги затвора нејзините членови поради raison d’être (причина/оправдување за постоење/да биде) во промовирање на формите на македонскиот патриотизам што наскоро ќе биде потиснат од државата. Освен тоа, претставниците на патриотските граѓански здруженија од висок профил во земјава можеби ќе бидат заробени под окното на затворот доколку се осмелат да им се спротивстават на овие драконски „политички коректни“ мерки. Доколку македонската влада во некое идно време (на пример, по мирна и демократска популистичко-патриотска револуција) одбие да спроведе било кој аспект од оваа спогодба и почне да ги ослободува своите институции од грчката постмодерна окупација, тогаш Атина веднаш ќе ја стави пред ОН и брзо ќе го проследи случајот против неа во Меѓународниот суд на правдата, правејќи сè што може за да лобира за санкции против државата која нема излез на море, со цел да го поништи моментот кога таа почнува да прави нешто за да се ослободи себеси од либералните глобалисти. Според тоа, имплементацијата на спогодбата за името, ќе ја осуди Македонија и нејзиниот народ на вечно потчинување и неизбежно ќе води кон бришење на нивниот идентитет, поради што претставува криза на егзистенцијалните пропорции.

Авторот на текстот е политички аналитичар, новинар, публицист и член на експертскиот совет на Институтот за стратешки студии и предвидувања при Рускиот универзитет за пријателство на народите.

Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.