МАКЕДОНИЈА: АГИТПРОП КАМПАЊА НА СТРАНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈАПОВЕЌЕ ЗА САДПОВЕЌЕ ЗА ГЕРМАНИЈА

Деновиве во Македонија присуствуваа владини претставници на странски земји и други значајни претставници. Од нив беа Јенс Столтенберг – кој дошол во својство на генерален секретар на НАТО, Себастијан Курц – канцеларот на Австрија, Ангела Меркел – сојузничкиот канцелар на Германија и сенаторот Рон Џонсон (Републиканска партија) од САД, кој е и предлагачот на резолуцијата за поддршка на спогодбата од Нивици пред Сенатот. Најавено присуство имаат и други „звучни“ имиња од западниот свет кои својата посета во Македонија треба да ја остварат до 30 септември оваа година, односно до денот на одржувањето на референдумот кој се однесува за спогодбата од Нивици.

Сите јавно проглаголија со структура на зборови и реченици кои имаат иста намера и цел:

  • го повикаа Македонскиот народ да излезе да гласа позитивно на претстојниот референдум и при овој повик сите ја пофалија спогодбата Димитров-Коѕијас која „би требало да стави крај на долгогодишниот спор“, честитајќи за „храброста“, а во суштина претставува синхронизиран обид за конечно негативно и неправедно затворање на македонското прашање;
  • исто така изустија еден вид упатство кое гласи дека е многу важно да излезе Македонскиот народ да гласа, без разлика како (позитивно или негативно), што дополнително става на сомнеж меѓу Македонците – зошто овие странски претставници имаат толку потреба и нагон да агитираат да се исполни само цензусот, без разлика на ставот на граѓаните со кој поаѓаат и би излегле да гласаат? што индиректно посочија на тоа дека некој е спремен да стори фалсификат на резултатот од претстојниот референдум, доколку се исполни цензусот но со негативен резултат или дека некој ја зема во предвид и оваа опција која не е нова во современата пракса (пример: референдумот за независност во Шкотска 2014);

„На крајот ова е одлука на двајцата премиери, но всушност е одлука на Македонија. Затоа потенцирам: Ве молам излезете и искористете го правото да гласате…“ – изјави сенаторот Рон Џонсон.

  • важно е и тоа што овие дејанија на овие странски претставници значат мешање во внатрешните работи на Македонија, и иако овие дела се сторени под маската на „официјални посети“ сепак претставниците на нашата Влада и од партијата СДСМ, недвосмислено упатуваат јавно дека овие посети треба да се согледуваат како поддршка или како „гарантирање“ за спогодбата дека таа ќе произведе позитивни ефекти за Македонија и Македонците, доколку се поддржи од народот и спроведе на дело.

„Оваа посета е силна порака и поттик за нас во пресрет на референдумот на кој граѓаните на нашата земја ќе ја изберат иднината. Оваа посета е уште едно охрабрување дека големите сили поддржуваат доследно спроведување на договорот со Грција од двете страни и потврда дека договорот ја гарантира македонската иднина…“ – изјави премиерот Зоран Заев при посетата на А. Меркел на Денот на независноста.

Покрај овие три поважни заклучоци, исто така потенцираа странските претставници при нивните посети дека „подобар договор неможе да се постигне“ и дека „без решение на спорот нема влез во НАТО и ЕУ“, што овие нивни изјави наликуваат на притисок, закана и уцена.

„… НАТО е алијанса која ги заснова своите одлуки на консензус, а тоа значи дека сè додека има една земја којашто ќе ја блокира одлуката, нема да биде донесена одлуката.“ – потврди генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во завршниот дел на овој извештај би можеле да заклучиме дека оваа состојба и овој процес, покрај тоа што е крајно негативен по Македонците, сепак има една позитива – вистината сама излегува на виделина. Односно имаме јасен увид, кои организации, јавни личности и земји имаат за интерес негативно да се затвори македонското прашање. Согледуваме дека дури и еден С. Курц, политичар кој до пред некоја година во својство на министер даваше позитивни изјави за Македонија, сега негативно агитира по општите македонски интереси, најверојатно заради мигрантската ксенофобична политика на Австрија. Исто така членството на Македонија во НАТО, очигледно воопшто не претставува работа од мало значење за целокупниот западен свет. Доколку примарните позиции на САД се изгубат и тука, покрај веќе изгубените на Блискиот Исток и Корејскиот Полуостров, несомнено е дека истите нема да претставуваат веќе универзално правило и единствена глобална сила. Со негативното затворање на македонското прашање и вклучувањето на Македонија во НАТО, Западот ќе оствари две победи – сета историска оставштина на која се претендира на светско ниво да се претстави како „западна“, официјално со меѓународен документ ќе и се припише како наследство на (за западната историографија „лулката на цивилизацијата“) Грција, додека преку de jure контролирање на целиот географски регион Македонија, спогодбата ќе стане одржлива на сила но и заминувањето на САД како првенец во меѓународните односи ќе се успори и ќе има повеќе со што да преговара во идниот договор за разграничување на влијанијата во мултиполарниот свет. Оттука е јасно зошто толкав притисок од нивна страна, и како опции поради важноста (за нив) на овој процес се оставени и фалсификувањето но и употребата на консултативната (необврзувачка) импликација по изминување на овој референдум, доколку не успејат да го остварат цензусот. Степенот на одржливоста на овој процес ќе биде со крајно мали шанси доколку референдумот помине бојкотиран. И со фалсификуван резултат шансите не претставуваат високи овој процес вистински да биде прифатен од Македонците, но разликата на фалсификуван референдум од бојкотиран референдум се состои во тоа што употребата на сила врз Македонскиот народ со цел да се согласи на овој процес, полесно ќе може да се оправда пред домашната, меѓународната и светска јавност, и во тој случај оние припадници од Македонскиот народ кои јавно ќе се произнесуваат против овој геноциден процес ќе се обелоденуваат како „гласно малцинство“ кое го попречува „демократскиот процес кој го избрале мнозинството од граѓаните“ и кое е поттикнато од „руското влијание и пари“ да се противи, сходно на тоа полесно ќе можат истите да се замолчуваат, казнуваат или на друг начин оттргнат од вниманието на јавноста.

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список кој содржи 1 806 336 лица со право на глас на септемврискиот референдум. За исполнување на цензусот потребна е излезност од 903 169 гласачи.