СОЧИ: СРЕДБА ПУТИН-ЕРДОГАН

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА РУСКА ФЕДЕРАЦИЈАПОВЕЌЕ ЗА ТУРЦИЈАПОВЕЌЕ ЗА СИРОПАЛЕСТИНА

Вчера (понеделник) во Сочи средба остварија претседателите на Турција и Руската Федерација: Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин. На оваа средба неодамна ѝ претходеше трилатералниот самит помеѓу Иран, РФ и Турција, одржан во Техеран во првата половина на овој месец.

Главната причина за одржување на овие средби покрај економските теми е војната во Сирија, особено офанзивата на територијата на областа наречена Идлиб (Северозападна Сирија). Овој регион е последното големо упориште на терористичките групации и разни исламски радикали кои ја сочинуваат т.н. опозиција во Сирија односно оние кои се од таборот против Владата на Сирија на чело со Башар ел Асад.

sirija-idlib-ofanziva-poligrozd.org (final)

Војната во Сирија придонесе кон создавање на една навистина сложена состојба, и претставува вооружен конфликт каков што ретко памети историјата: имаат замешателство толку многу сили со толку многу драстично различни интереси и решенија во нивните визии за повоениот период во оваа држава. Па така:

  • Турција во моментов најмногу акции презема со цел да не се случи нова хуманитарна катастрофа од воената ескалација во оваа област. На спречувањето на воената ескалација Турција повикува од причина што таа ќе доведе до нови раселени лица од Сирија во Турција, каде веќе се примени и сеуште се во престој во милионски број, но и фактот што доколку и оваа последно големо упориште биде завземено, тогаш победата на Башар ел Асад и сириската Влада предводена од него во оваа војна ќе наликува како на тотална, а со тоа преговарачките позиции на Турција која ја поддржува сунитската сириска опозиција, ќе бидат загрозени. Исто така на Турција не ѝ одговара зајакнувањето на Курдите во Северна и Североисточна Сирија.
  • РФ пак претставува повеќе воен отколку политички фактор со цел спречување на секакво прозападно влијание во овој вооружен конфликт односно против радикалните терористички групации. Даваат поддршка на сириската Влада која легитимно ги повика за воена помош, но од друга страна нецелосно ја поддржуваат политиката на Башар ел Асад, и не по секоја цена влегуваат во конфликт со другите воени фактори кои дејствуваат на сириското тло. Интерес РФ има во поголемото учество во Уставотворната комисија за Сирија, а предлозите кои РФ досега ги имаше образложено во draft верзијата на мировните преговори во Астана, јануари 2017, со кои Сирија ќе ги загуби арапските и верските начелни особености, како и овозможување на автономија на Курдите, беа категорично отфрлени.
  • Иран е единствената сила која во голема мера може да биде задоволна со досегашниот развој на настаните, од причина што иранските позиции се сигурни. Нивниот интерес и учество во оваа војна има голем верски и геостратешки карактер, кој не дозволува преовладување на сунитското население во официјалните политики на Сирија, преовладување кое би довело до сојузништво со С. Арабија, Израил и/или Турција, а тие држави претставуваат главните ирански конкуренти на Блискиот Исток.

На вчерашната средба во Сочи договорено е по датумот 15 октомври воспоставување на демилитаризирана зона околу Идлиб со 15 до 20 километри растојание, заедничка руско-турска патрола и оттргнување на тешкото вооружување и на радикалните терористички групации присутни во областа Идлиб.