БРИСЕЛ: МАКЕДОНИЈА ГО ПОТПИША ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈАПОВЕЌЕ ЗА САДПОВЕЌЕ ЗА НАШИОТ ПОЛУОСТРОВ

Денес во Брисел, во присуство на генералниот секретар на НАТО, амбасадорите на 29 земји-членки на алијансата со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го потпишаа документот кој ја отпочнува постапката за официјален прием на земјата во НАТО. Од денес започнува процесот на ратификување во парламентите на земјите-членки, за кој првата ратификација е најавена да се случи во грчкиот парламент, закажана за два дена односно следниот петок. Овој процес на одобрување во парламентите на земјите-членки се очекува да заврши до следниот самит на НАТО во Лондон, кој треба да се случи декември годинава, каде освен пристапувањето на „идната Република Северна Македонија“, ќе се прослави и 70-годишнината од постоењето на Северноатлантскиот пакт. Сепак постои неизвесност околу времетраењето и поклопувањето со овој датум, доколку се земе во предвид примерот за пристапувањето на Црна Гора, каде постапката на одобрување/ратификувањата до официјалното членство траело една година (од мај 2016-та до јуни 2017-та).

Ратификацијата на договорот од Нивици во грчкото Собрание, која се случи претходно, го спречува правото на вето од страна на Грција и повторување на состојбата од 2008-та година, но со стапувањето на сила на амандманите кои вршат суштинска промена во македонскиот Устав, Република Македонија дефинитивно ќе биде преименувана во „Република Северна Македонија“, со што геноцидниот и недемократскиот процес за промена на името официјално започнат минатото лето, ќе биде заокружен со преминати рокови во својата предвидена постапка и покрај тоа што е противречна на домашното и меѓународното право.

Со заокружувањето на процедурата за геноцидниот и недемократскиот процес, спроведувањето на терен кое ќе биде „под лупа“ на соседните земји, допрва ќе бара дополнителни понижувања врз Македонците, кои ќе добијат на интензитет особено при преговорите за влез на „идната Република Северна Македонија“ во ЕУ.

Затворањето на ваков присилен начин на македонско-грчкиот спор околу името „Македонија“, каде мнозинството од народот во Грција и Македонија не го поддржуваат договореното од политичарите, всушност за САД значи обид повторно да се афирмира себеси пред јавноста како држава која сè уште го има приматот на светската сцена во меѓународните односи, и несомнено оваа решение најмногу ќе биде претставувано како „успешен“ пример токму од администрацијата на предводникот на оваа воена алијанса.

macedonia-acession-poligrozd.org

На церемонијата каде се случи потпишувањето на Протоколот, прв за потпис од 29-те земји-членки симболично беше повикан албанскиот претставник. По потпишувањето на Протоколот, на прес-конференција заеднички изјави кои изобилуваа со задоволство, пофалби и оптимизам дадоа Никола Димитров и Јенс Столтенберг.

Од кабинетот на претседателот Иванов, излегоа со соопштение со кое се поздравува ваквиот чин.

„Идната Република Северна Македонија“ доколку успешно ја помине одобрувачката процедура и доколку т.н. Преспански договор не наиде на разгледување во Советот за безбедност при ОН, ќе стане 30-та членка во НАТО.