УКРАИНА: ВОЈНАТА НАВЛЕГУВА ВО ГОЛЕМ ЕК

ПОВЕЌЕ ЗА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈАПОВЕЌЕ ЗА ГЕРМАНИЈАПОВЕЌЕ ЗА САД

По вчерашното ненадејно обзнанување дека претседателот на Руската Федерација, ќе одржи видео-обраќање за јавноста, Владимир Путин, денес, рано изутрината, во 8 ч. го одржа својот говор и објави нецелосна односно парцијална мобилизација:

Loader Loading…
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab
  • мобилизацијата ќе се однесува на оние резервисти кои веќе имаат одредено воено искуство и искуство од борба;
  • мобилизираните правно ќе се третираат како професионалните војници на Руската Федерација, и ќе земаат плата од истата висина каква што ја земаат и професионалните војници;
  • Руската Федерација ги поддржува повиците за референдуми во ДНР, ЛНР и за областите Херсон и Запорожје, и притоа за нив ќе стори сѐ што е потребно тие да бидат одржани; и
  • за Руската Федерација е отворено прашањето за употребата на нуклеарното оружје кое го поседува.

За последната точка, претседателот на РФ, Владимир Путин, на крајот од своето видео-обраќање подвлече дека тој не блефира.

Токму можноста од нуклеарните операции претставуваат за светската јавност најмногу загрижувачките, но од рускиот агол, тоа пак е единствениот можен начин да се држат официјално настрана државите од колективниот Запад (НАТО) од војната во Украина, т.е. единствениот начин официјално да не биде прогласена „Третата“ светска војна, која би била погубна за секого. Дополнително владејачката структура во Руската Федерација е свесна дека било каква употреба на оружјата за масовното уништување, од нејзината страна, ќе претставува всушност за навек впишување на Русија во лошата страна од историјата на човештвото. Затоа и покрај пораките, сепак остануваат мали шанси за нуклеарни напади, и тие најверојатно би се примениле само во оној случај кога руската владејачка структура ќе почувствува дека Русија е навлезена длабоко во моментот од каде што ќе ја изгуби својата државност воедно и својот суверенитет, односно својот интегрален опстанок.

15 минути по обраќањето на Путин, се обрати и министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, кој потврди дека војуваат во Украина не само против украинските вооружени сили, туку и против колективниот Запад.

Шојгу во своето кратко обраќање, упати дека руските резерви се огромни, и дека човечките ресурси изнесуваат дури 25 милиони военоспособни луѓе, додека со оваа парцијална мобилизација ќе се повикаат 300.000 луѓе, кои пред да бидат дел од воените операции, ќе поминат дополнителна обука.

Се објави и бројката на загинатите руски војници во Украина, и таа изнесува 5.937 луѓе. Мобилизацијата следи како одговор на успешната украинска контраофанзива потпомогната од Западот, во областа на Харков.