Компаративна анализа на резултатите од дешифрирањето на средниот текст од каменот од Розета

Comparative Analysis of the Results of Deciphering the Middle Text on the Rosetta Stone

Book Cover: Компаративна анализа на резултатите од дешифрирањето на средниот текст од каменот од Розета
Part of the МАНУ series:
  • Компаративна анализа на резултатите од дешифрирањето на средниот текст од каменот од Розета
Editions:PDF (Macedonian)
Pages: 62

Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

Excerpt:

АПСТРАКТ:

Во овој текст е презентирана компаративна анализа на зборовите и изразите од исчитувањето на целиот среден текст на каменот од Розета, со примена на методологијата што ја презентиравме.

READ MORE

Моментално идентификувавме над 420 различни зборови и изрази коишто го задржале
нивното значење во современиот или во дијалекти на современиот македонски јазик, но и во архаична или во современа форма на современите словенски јазици. Согласно со пишаниот материјал на средниот текст на каменот од Розета, идентификацијата и анализата на структурата на речениците сега треба да биде предмет на понатамошни истражувања.

Навлегувајќи подлабоко со анализите и споредувајќи ги резултатите на нашето читање на средниот текст, со познатите читања на древно-грчкиот текст, дадени во [4], [5], [6], и [9], можеме да заклучиме дека двата текста, таканаречениот демотски и древно-грчкиот се идентични само со содржината на наредбите на фараонот во текстовите. Секако, овие два текста се разликуваат во однос на редоследот на зборовите и во реченичката структура, што е многу логично и се очекува во сите случаи кога споредуваме два идентични текста запишани на два различни јазици, дури и денес.

COLLAPSE