Категорија: Македонски

Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на Македонците, официјален јазик во Република Македонија и малцински, службен јазик во Албанија, Србија и во Косово (познат како горански дијалект). Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на јужнословенски јазици на словенските јазици.
На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња кои ја населувале територијата на етничка Македонија, па се длабоко во териториите на денешните држави Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснил и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во Мала Преспа, Голо Брдо и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во Беломорска Македонија, македонскиот јазик се зборува најмногу во префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Беломорска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во Пиринска Македонија, а во Србија се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во Косово.
Македонските говори околу Солун биле основата за формирање на старословенскиот јазик и писменост. Тоа што ја карактеризира историјата на македонскиот јазик е неговата коренита промена што настанала од X век па навака. Слични промени ги зафатиле и бугарскиот јазик и источните дијалекти на српскиот јазик. Тие темелни промени довеле до мала споделба на граматички црти помеѓу старословенскиот и македонскиот јазик, па како резултат на тоа се создала Македонската рецензија на старословенскиот јазик. Познати центри на Македонската рецензија се Охридската книжевна школа, Кратовската книжевна школа и Лесновската книжевна школа.

Историјата на македонскиот јазик е поделена на следниве периоди:
1. древномакедонски т.н. коине јазик: до IX в.
2. канонски период: IX – XI в.
3. македонска редакција на црковнословенскиот јазик: XII и XIII в.
4. црковнословенски писмен јазик од македонска редакција и од српска редакција и од мешан тип: XIV и XVIII в.
5. почеток на македонски книжевен јазик (појавата на т.н. дамаскини): XVI в.
6. навлегување на рускоцрсл. редакција и нејзино мешање со дотогашната домашна писмена традиција во јазикот и стилот: XVIII в.
7. употреба на два стила, два писмени јазика, низок (народен јазик) и висок (црковнословенски јазик): првата половина на XIX в.
8. дискусија за изгледот и основата на современиот писмен јазик за Македонците: втора половина на XIX в.
9. прва стандардизација на современ македонски јазик: книгата ,,За македонцките работи” од Крсте Мисирков од 1903 г.
10. конечна стандардизација од 1944 и 1945 г. (извор: Wikipedia)

Read More

МАЈКА

На ивицата на изгревот кој штотуку почна, се простре една долга сончева линија во зародиш да го најавува изгревот. Мојата мајка Невена ме гледаше низ отворената врата и ме будеше, ама онака тивко мајчински: Стани, ајде, полека отвори ги очите размрдај се во креветот и ќе одиме да го береме тутунот, зошто потоа ќе биде многу голема жештина, тој ќе овене. Иако ми го кршеше сонот, јас не се лутев, знаев дека се мора и тоа така треба, парите не гонеа, мораше да се платат студиите, скапи беа а стипендијата куса па неможеше ни до десетти во месецот да ме прехрани. Ах, тие тутунарски денови… претешки беа за неа, сама се бореше со сите тие маки, ние како деца околу неа и помагавме, онака колку толку да и олесниме. Ние сме четири деца, татко ми беше главен магационер а мајка ми домаќинка. Јас бев најстарата, сите други помали од мене и мораа да работат по нивата со тутун. Што подразбираше тоа домаќинка, само јас знам. Тоа беше најтешката професија. Сама да одгледа четири деца, да работи низ куќи, да меси леб, баклава, чоколадо големо во тепсија, онаа бакарна, да носи сама вода од чешмата со две чепурки, која не беше блиску, и со таа вода да ги пере облеките на немирните братчиња кои најчесто беа валкани, исто и на нас девојчињата, но ние некако бевме повнимателни и не се валкавме како нив. Да преде волна, да плете џемпери за сите нас и за татко ми, во пресрет на зимата, па ракавици, шалови, плетени капи за браќата, оние како рицерите што ги носеа преку глава, со отвор само очите, носот и устата да и се гледаат, да ткае килими, да чисти, да готви… Навистина неможам се да набројам, премногу задолженија има домаќинката. А можеше да биде кафекуварка во фирмата каде што работеше татко ми, но едно тој беше малку љубоморен по природа, друго децата требаше да ги чува и за нив да се грижи а покрај тоа и за се друго. Згора на тоа кога јас најстарата пораснав и стасав за студии, ги слушнав ноќта како шепотеа: Мораме една нива да пазариме под наем, да посадиме тутун за да се покријат трошоците за студии, нека учи рече татко ми и се согласи: Ако треба и куќата ќе ја продадам, само таа нека учи. Тој изгрев сеуште ми ги боцка очите а таа долга прва остра линија која сонцето ја протегаше и влегуваше во мојата соба, точно во очите ме бодеше секое летно утро…

Read More

11-ТИ ОКТОМВРИ – ШТО НАПРАВИВМЕ И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ??

Овој ден 11-ти Октомври, во историографска смисла се смета дека е денот кога во 1941 година започнало востанието на Македонскиот народ против окупаторот преку НОБ. Со тој чин Македонците самостојно и народно организирано објавиле антиквинслишка насока и антифашистичка борба. Постојат забележани сведоштва и пишани историски материјали кои укажуваат дека и пред 11-ти Октомври, имало самостојни дејствија против окупаторот. Таквите рани дејствија се одвивале месец или повеќе претходно пред месецот Октомври 1941 година. Но овој датум е одбран затоа што се смета дека оттогаш се започнало со организирање на помасовни одреди и востанички формации, заедно со нападите кон окупаторот. На 11-ти Октомври во Прилеп преку три востанички групи составени од вкупно 16 партизани биле нападнати позициите во прилепско на окупаторот. Околу овој датум биле создадени или се осознало за Козјачкиот одред кој бил формиран кај месноста Студена вода и Карадачкиот одред кој бил формиран кај месноста Менкова колиба. Постои и сосем безначаен спор со мал интензитет помеѓу постарата генерација за тоа кој е првиот Град-Херој, односно каде првин пукнала „првата пушка”: Куманово или Прилеп? Без разлика на тоа, севкупните дејствија на партизаните на територијата на цела етничка Македонија, од овој датум до 1945-тата година, капитулацијата на Италија, повлекувањето на германските единици, како и размрданиот англо-саксонски „синџир” на Полуостровот, создале услови кои овозможиле простор за здив од главните антагонистички политичко-моќни сили, и преку вооружена борба се дало позитивен плод за народот, каде преку првото заседание на АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчински, Македонскиот народ ја официјализирал својата политичка победа преку создавањето на сопствена македонска држава.

Read More

ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ ОКОЛУ ПРАКТИКАТА

Практиката можеме да ја сретнеме во употреба кај разни реченици кои се со различен смисол. Практиката и практичноста можат да означуваат спремен за делување, односно спремен за работа. Практиката и практичноста можат да се појаснат и како активност, ефективност или пак како способност да се делува на одредена работа.

Како и да е, секогаш практиката и употребата на овој термин кружи околу една иста работа, која можеме да ја прикажеме на различни начини.

Општо Практиката би можеле да ја дефинираме, како спознанство на објективната реалност, со кое луѓето можат активно да ја менуваат.

САМОУНИШТУВАЊЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО

Ударната фраза, „Бог е мртов” е поетски израз на современото неверување. Многу е изразено во оваа фраза која не може да се пронајде во повеќе прозни изрази на современиот атеизам и агностицизам. Живописна разлика е воспоставена помеѓу претходниот период кога човекот веруваше во Бог и го базираше животот и установите според Него, со новиот период за чии жители, наводно, оваа некогаш сепросветлувачко сонце стана избришано, морајќи на животот и општеството да му се овозможи нов правец.

Фразата, самата по себе очигледно измислена од Ниче пред речиси еден век, беше долго време користена за изразување на ставовите на релативно неколкуте непријатели на Христијанството, пред се „егзистенцијалистите”; но во поново време предизвика контроверзии со тоа што се прифати и во радикални Протестантски кругови, и не престана да биде загриженост на јавното новинарство и медиумите. Јасно е дека емоционалниот израз во Западното општество е погодено во целина; јавниот интерес за „смртта на Бог” го направи овој феномен еден од знаците на времето.

Read More

ЗА НАСТАНОКОТ И ПРЕСТАНОКОТ НА ИМПЕРИИТЕ

Зошто империите настануваат и исчезнуваат? 

Веројатно многумина се запрашале зошто империите покрај сиот нивен врв на моќ, слава и експанзија, низ историската пракса на крајот пропаѓаат.? Секоја империја има свој процут, стагнација и исчезнување, додека ниедна империја досега немала своја целосна константа, низ текот на историјата како во нејзина креација, така и во нејзино функционирање, што преку систем што преку рефлексија на менталитетот. Формирањето на империите не се реална потреба на ниедна народност, која за нејзино формирање се дошло по природен пат, затоа што ниеден природно формиран народ нема исти реални потреби и немаат ист план на заштита на тие потреби, од други природно или вештачки формирани народи и нации. Мотивот за формирање на империи од народите, може да се најде од неколку работи и тоа:

  • исполнување на амбиција на неколкумина во системот (најчестиот, најагресивниот и најнеоправданиот мотив);
  • културолошка и цивилизациска супериорност над другите (неагресивна експанзија);
  • и заради натпревар или заштита од други империи (принудена експанзија).

Гледано низ историската призма и историските текови, лична претпоставка е дека првата империја се формирала врз мотивот на културолошка и цивилизациска супериорност над другите соседни народи. Потоа следело исполнување на амбициите на оние кои што управуваат со системот, со цел да им се задоволи алчноста и на крајот третиот мотив, односно креирање доволни економски и воени можности со цел да може да се заштити од окупација на другите империи, кои се во пораст и кои се потенцијална закана.

Read More

ЕТНОГЕНЕЗИСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Денес имаме сведочанство на жестоки дебати за потеклото или производот на Македонскиот народ, зависно од политичките елити, кои едните ту афирмираат и наметнуваат „словенска теза” без притоа и самите да знаат што претставуваат „Словени”, другите ту афирмираат „античка теза” кои само начуле и веднаш се примамиле за славата од тој период и само него го признаваат како за свој – македонски. Она што е особина на двете тези е тоа што наметнуваат крајности во смисол дека: или претставуваш Македонец – Словен или си Македонец – наследник на Филип и Александар. Едната теза претставува антипод на другата, за оние кои веруваат во нив, „лошите” Македонци се оние кои не веруваат или веруваат во спротивната теза за настанокот, додека „добрите” се оние со ист став.

Read More

МОРАЛОТ ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО

Моралот претставува збир на непишани правила и обичаи со кои се утврдуваат човековите односи и се пресудува што е добро а што лошо. Тој често се дефинира како облик на општествената свест, систем на обичаи, навики и норми. Моралот е релативен бидејќи се менува во зависност од општествените групи и во историските периоди. Централните вредности на моралот се: доброто, исправното и праведното.

Read More

ВЛАДЕНИЕ НА АРИСТОИТЕ

Луѓе кои претставуваат моќни и влијателни во општеството, луѓе кои поседуваат големи имоти и многу материјално богатство, луѓе кои имаат можност да прават работи кои другите можат само да ги замислуваат, сите овие се особини каде што од западното гледиште на јавното мнение па и од страна на западната официјална историографија и наука се согледуваат како особини на посебниот слој на луѓе наречени како аристократи односно аристократија. Ваквото вулгаризирано разбирање за аристократијата постои речиси насекаде во светот. Причините кои го наметнале ваквиот поглед може во поновото време да е настанат како дел од идеолошката борба на оние кои не ја признаваат аристократијата како потреба во едно општество, но секако дека таквото вулгаризирано разбирање не е само настанато како последица на тоа. Речиси сите аристократии како такви во државите и општествата каде што постоеја во изминатите векови, речиси сите ја заборавија својата суштина, и речиси сите се извалкаа и влегоа во корумптивен морал. Заборавањето на нивната суштина, како луѓе кои мора секогаш да бидат први, но не само во материјална смисла, туку и први во согледувањето на проблемите кои настануваат во едно општество, или кои би можеле да настанат, како и први во обидите тие да се решат. Со тоа заборавање, валкање и влегување во корупцијата, аристократијата која повеќе во својата суштина не претставувала аристократија, туку со преголемиот фокус кон материјалното се преобразувала во плутократија, првенството да претставуваат први во едно општество било отстапено на другите државјани и сожители од другите слоеви, кои пак огорчени од тогашната неефективност и изгубеност или поточно забеганост во хедонизмот и материјалниот свет на тогашната аристократија, дало повод и причина таа да биде оттргната и прогонувана од страна на сопствениот народ, односно од народот и општеството од каде тие и самите потекнуваат. Еден од најдобрите историчари и аналитичари од поновото време, Вил Дјурант, воедно и автор на делото „The Story of Civilization”, може во неговите заклучоци да забележиме дека современите аристократии се запуштени заради нивниот безгрижен хедонизам, што како реакција предизвикало побуна на народите и желба за воспоставување на демократско уредување.

Read More

ИДИОТЕС И ПОЛИТЕС

Многу често во секојдневниот говор ги употребуваме термините како „Идиот”, „Идиотско” или „Идиотизам”, во обид да навредиме некого кога сме во лут дијалог и судир со некого, или пак кога сакаме за некого да појасниме дека со тој и тој нешто не е во ред. Честата употреба не секогаш, дури и повеќе несоодветно содејствува со она што луѓето сакаат да го појаснат со тој термин, кога го употребуваат, односно имаат некоја друга сосем неточна замисла за тоа што претставува овој поим и збор. Овој поим потекнува од Idios, Idiota и тој чисто означува приватно лице или нечија приватна односно лична работа, со што истиот настанува да означува за оние луѓе кои се игнорантни и не ги интересираат ниту се вклучуваат во општите работи или работи од општ интерес, стрикно определувајќи се во својот живот само за работите од личен интерес. Денес луѓето овој збор го употребуваат за да означат некои луѓе дека тие ментално се недораснати или ментално заостанати, што во случајот со почистото значење на зборот можно е некој да не претставува ментално заостанат и со интелектуалниот развој да е на задоволително ниво, но сепак да претставува личност со строго определени ставови за сопствениот личен интерес, игнорирајќи го оној општествениот. Впрочем тие луѓе денес претставуваат мнозинство во споредба со оние кои размислуваат и се интересираат за општото добро.