Read More

ЕТНОГЕНЕЗИСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Денес имаме сведочанство на жестоки дебати за потеклото или производот на Македонскиот народ, зависно од политичките елити, кои едните ту афирмираат и наметнуваат „словенска теза” без притоа и самите да знаат што претставуваат „Словени”, другите ту афирмираат „античка теза” кои само начуле и веднаш се примамиле за славата од тој период и само него го признаваат како за свој – македонски. Она што е особина на двете тези е тоа што наметнуваат крајности во смисол дека: или претставуваш Македонец – Словен или си Македонец – наследник на Филип и Александар. Едната теза претставува антипод на другата, за оние кои веруваат во нив, „лошите” Македонци се оние кои не веруваат или веруваат во спротивната теза за настанокот, додека „добрите” се оние со ист став.

Read More

МОРАЛОТ ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО

Моралот претставува збир на непишани правила и обичаи со кои се утврдуваат човековите односи и се пресудува што е добро а што лошо. Тој често се дефинира како облик на општествената свест, систем на обичаи, навики и норми. Моралот е релативен бидејќи се менува во зависност од општествените групи и во историските периоди. Централните вредности на моралот се: доброто, исправното и праведното.

Read More

ВЛАДЕНИЕ НА АРИСТОИТЕ

Луѓе кои претставуваат моќни и влијателни во општеството, луѓе кои поседуваат големи имоти и многу материјално богатство, луѓе кои имаат можност да прават работи кои другите можат само да ги замислуваат, сите овие се особини каде што од западното гледиште на јавното мнение па и од страна на западната официјална историографија и наука се согледуваат како особини на посебниот слој на луѓе наречени како аристократи односно аристократија. Ваквото вулгаризирано разбирање за аристократијата постои речиси насекаде во светот. Причините кои го наметнале ваквиот поглед може во поновото време да е настанат како дел од идеолошката борба на оние кои не ја признаваат аристократијата како потреба во едно општество, но секако дека таквото вулгаризирано разбирање не е само настанато како последица на тоа. Речиси сите аристократии како такви во државите и општествата каде што постоеја во изминатите векови, речиси сите ја заборавија својата суштина, и речиси сите се извалкаа и влегоа во корумптивен морал. Заборавањето на нивната суштина, како луѓе кои мора секогаш да бидат први, но не само во материјална смисла, туку и први во согледувањето на проблемите кои настануваат во едно општество, или кои би можеле да настанат, како и први во обидите тие да се решат. Со тоа заборавање, валкање и влегување во корупцијата, аристократијата која повеќе во својата суштина не претставувала аристократија, туку со преголемиот фокус кон материјалното се преобразувала во плутократија, првенството да претставуваат први во едно општество било отстапено на другите државјани и сожители од другите слоеви, кои пак огорчени од тогашната неефективност и изгубеност или поточно забеганост во хедонизмот и материјалниот свет на тогашната аристократија, дало повод и причина таа да биде оттргната и прогонувана од страна на сопствениот народ, односно од народот и општеството од каде тие и самите потекнуваат. Еден од најдобрите историчари и аналитичари од поновото време, Вил Дјурант, воедно и автор на делото „The Story of Civilization”, може во неговите заклучоци да забележиме дека современите аристократии се запуштени заради нивниот безгрижен хедонизам, што како реакција предизвикало побуна на народите и желба за воспоставување на демократско уредување.

Read More

ИДИОТЕС И ПОЛИТЕС

Многу често во секојдневниот говор ги употребуваме термините како „Идиот”, „Идиотско” или „Идиотизам”, во обид да навредиме некого кога сме во лут дијалог и судир со некого, или пак кога сакаме за некого да појасниме дека со тој и тој нешто не е во ред. Честата употреба не секогаш, дури и повеќе несоодветно содејствува со она што луѓето сакаат да го појаснат со тој термин, кога го употребуваат, односно имаат некоја друга сосем неточна замисла за тоа што претставува овој поим и збор. Овој поим потекнува од Idios, Idiota и тој чисто означува приватно лице или нечија приватна односно лична работа, со што истиот настанува да означува за оние луѓе кои се игнорантни и не ги интересираат ниту се вклучуваат во општите работи или работи од општ интерес, стрикно определувајќи се во својот живот само за работите од личен интерес. Денес луѓето овој збор го употребуваат за да означат некои луѓе дека тие ментално се недораснати или ментално заостанати, што во случајот со почистото значење на зборот можно е некој да не претставува ментално заостанат и со интелектуалниот развој да е на задоволително ниво, но сепак да претставува личност со строго определени ставови за сопствениот личен интерес, игнорирајќи го оној општествениот. Впрочем тие луѓе денес претставуваат мнозинство во споредба со оние кои размислуваат и се интересираат за општото добро.