ЕТНОГЕНЕЗИСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Денес имаме сведочанство на жестоки дебати за потеклото или производот на Македонскиот народ, зависно од политичките елити, кои едните ту афирмираат и наметнуваат „словенска теза” без притоа и самите да знаат што претставуваат „Словени”, другите ту афирмираат „античка теза” кои само начуле и веднаш се примамиле за славата од тој период и само него го признаваат како за свој – македонски. Она што е особина на двете тези е тоа што наметнуваат крајности во смисол дека: или претставуваш Македонец – Словен или си Македонец – наследник на Филип и Александар. Едната теза претставува антипод на другата, за оние кои веруваат во нив, „лошите” Македонци се оние кои не веруваат или веруваат во спротивната теза за настанокот, додека „добрите” се оние со ист став.

Дали од неукоста и од незапознаеност од практичната политичка филозофија на македонската современа политичка елита, или од намерни причини, овие две тези во својата суштина настанаа да делуваат и да вршат слично разорно дејство како оние пропаганди за кои зборувал и пишувал против, Крсте Петков Мисирков во своето дело „За македонцките работи”. Во тој период заради укинатата Охридска Архиепископија, на тлото на Македонија се оставило вакум-простор во умот на Македонскиот народ, во кој пропагандите ширум навлегле, финансирани од соседните и страните политички центри. Македонскиот народ воглавном и најмасовно во тој период бил поделен на Македонци-патријаршисти и Македонци-егзархисти или ако сакате на оние Македонци кои оделе во цркви под патријаршиска управа и оние кои оделе во цркви под егзархиска управа. Пропаганди кои исто така наметнувале крајности и создавале поларизација со краен производ на меѓусебно неприродно отуѓување и преку возможна радикализација до предизвикување на меѓусебна борба и крвопролевање.

Збигњев Бржежински, во своето дело „Between two Ages”, многу прецизно забележал дека до појавата на телевизорите и медиумите, културата, моралниот кодекс и свеста на еден народ се негувал и обликувал преку верските објекти, додека со помош на технологијата, во тоа својство се наметнале телевизиите. И навистина, едната теза денес се афирмира или негира спротивната во медиумите кои се под влијание на едната или другата политичка елита во Македонија.

Ѓорѓија Пулевски, во XIX-от век, напишал едно гледиште кон македонска историја кое може да претставува многу значајно, практично и корисно за нас денес. Ракописите на Пулевски се претежно збир од сопствено логично толкување на народните преданија, раскази, на историјата која е пренесувана од колено на колено. Делото е под наслов како „Славјанско-македонска општа историја” и истото на македонската јавност и станало општодостапно дури во XXI-от век.

                                                                                     Факсимили :

img_20160919_001246copyrightimg_20160919_001445copyrightimg_20160919_001509copyright

Овие извадоци од делото, во оригинал ракописите на Пулевски, кои македонската историја ја делат на пет периоди, на Првичниот, Старомакедонскиот, Римскиот, Ромејскиот и Османлискиот, имаат битна содржина од неколку причини:

Првата е тоа што авторот убаво забележал дека секогаш има повеќе гледишта за еден историски настан, кои даваат различно појаснување или се создадени како пристрасни кон некоја сегашна или мината официјална политика. Пулевски пишувал „уверени сме”, или индиректно укажувајќи ни дека историските настани денес ги согледуваме лично од пишани или непишани факти согледани низ призма на одреден толкувач на тие настани. Вистинската сторија или историја тешко можеме да ја дознаваме до крајни детали, дури и да сме временски од периодот со тие настани кои се забележуваат подоцна како важни во историјата.

Втората причина е важна затоа што прапочетокот на Македонскиот народ, Пулевски пишувал дека се води од Дедо Мосох, кој на другите јазици се наоѓа во изворите и како Мешех(Meshech) или Маш(Mash) кој е од родот Ноев и Јафетов. Овие личности претставуваат библиски и се опишани во светите верски книги, со што националниот мит може да е согласен со верските преданија, и остава широк простор за спој и хармонија помеѓу Православната вера и вербата во македонската нација.

 Движење на родот Јафетов

%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d0%b6%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%be%d1%82-%d1%98%d0%b0%d1%84%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%b2copyright

Третата причина претставува јасното забележување дека Македонците и Словените се едно исто. Тој факт во современата поларизираност меѓу Македонскиот народ, создавана од пропагирањето на неприродните тези, може да претставува лек и ублажување на самиот проблем. Но уште поважно претставува тоа што Македонскиот народ со сите останати народи и нации со јужно-словенска култура, според ракописите потврдуваат дека претставуваат браќа и по јазик и по крв. Овој факт може да даде широк простор на дипломатијата за понатамошната соработка со другите нации на овој Полуостров, на економски, културен и политички план, што ке претставува битен момент против проблемите од сегашната геополитичка состојба на Балканот.

Авторот на текстот е Филип Н. Радомиров – дипломиран правник.