А) Бидејќи „Политички Гроздобер” скратено „Полигрозд” претставува неформално здружение, здружението како такво нема да поседува посебна сметка за собирање донации, приходи и разни други материјални средства.
Б) Доколку одредени физички или правни лица имаат интерес и желба да донираат материјални средства на здружението, начинот на донирањето се утврдува преку посредна или непосредна комуникација која првенствено се одвива преку електронски допис (е-пошта/и-мејл), со договор помеѓу донаторот и активните Гроздоберачи.
В) За прифаќање или одбивање на донацијата, одлучуваат активните Гроздоберачи.
Г) Донациите кои условуваат идни понатамошни дејствија спротивни од начелата утврдени со членот 2 од Уставот на здружението, ке се одбијат и ке се сметаат како воопшто и да не биле понудени.
Д) а. Посебно ке се одбиваат донации понудени од:
- претставници и застапници на ткн „Франкфуртска школа”;
- државни, дипломатски и претставнички тела и организации на сите светски и регионални суперсили (во прв план на САД, на Велика Британија, на Германија, на Руска Федерација, на Турција и др.);
- државни, дипломатски и претставнички тела и организации на соседни држави на Македонија (Грција, Албанија, Србија и Бугарија).
б. Посебно прифатливи се донации понудени од:
- физички или правни лица, еснафски здруженија или организации од Македонија и македонската дијаспора, кои имаат интерес за правилно еманципирање на македонската интелигенција и за развој на културната и економската активност на Македонија;
- организации и друг вид на здруженија кои имаат слични начела или соработка/или двете заедно со здружението „Политички Гроздобер” скратено „Полигрозд”;
- државни или приватни високообразовни установи од Македонија и приватни високообразовни установи од регионот и пошироко кои имаат интерес за правилно еманципирање на македонската и балканската интелигенција и за развој на културната и економската активност на регионот.
Ѓ) Гроздоберачот – основач има својство на Граматеопатор на Полигрозд, а со тоа и право да стопира и откаже било која договорена донација во било кое време.
Е) Се прифаќаат и донации во вид на парични средства од дигиталната валута Биткоин/Bitcoin.
Ж) Донаторите јавно се изложуваат на таблото на благодарноста – Благодарница.