на здружението Политички Гроздобер скратено Полигрозд
Член 1
Политички Гроздобер претставува неформално и доброволно друштво на личности кои имаат ист или сличен став по одредени работи.
Член 2
Основна цел и причина за создавањето на Политички Гроздобер како здружение има:
1) афирмација на Православната Вера;
2) афирмација на Етиката во општ план;
3) афирмација на Македонската национална свест и традициите кои произлегуваат од неа;
4) афирмација на заедништвото, домородноста и традицијата на сите народи со словенска култура и јазик кои живеат на овој Полуостров и
5) негација кон сите обиди за страно политичко надвладување, и ставање на сувереноста на полуостровските народи и нации со словенска култура и јазик во подреден и второстепен однос.
Член 3
Друга цел претставува јавна објава на текстови во облик на статии, мислења и ставови објавени на веб-страна која е во сопствеништво на здружението.
Член 4
Личностите кои ќе бидат дел од оваа друштво ќе носат титула „Гроздоберачи”. Зависно од нивната активност и учество тие ќе се јавуваат во вид на:
1) „активен Гроздоберач”, или оние од друштвото кои ќе претставуваат постојан дел од учеството во активностите на здружението во објавите, во пишувањето статии и други активности, истовремено ќе претставуваат и најодговорни и
2) „пасивен Гроздоберач”, или оние кои во одреден период претставуваат дел од учеството во активностите на здружението, или пак личности кои стапиле во контакт со активните Гроздоберачи и склучиле некаков вид на договор кој се однесува кон активностите на здружението.
Член 5
Од страна на активните Гроздоберачи ќе се избере еден член кој ќе е најодговорен и ќе има својство на primus inter partes во односите со останатите членови.
Член 6
Со непочитување на одредбите од овој Устав, особено на одредбите од членот 2 од овој Устав, може да следи исклучување од друштвото и замрзнување на сите активности на оној кој претставувал дел од друштвото, а не ги почитувал одредбите.
Член 7
Сите парични и други материјални средства кои ќе бидат стекнати со активностите на оваа здружение, се во сопственост на здружението и со нив ќе располагаат активните Гроздоберачи.