ВЛАДЕНИЕ НА АРИСТОИТЕ

Луѓе кои претставуваат моќни и влијателни во општеството, луѓе кои поседуваат големи имоти и многу материјално богатство, луѓе кои имаат можност да прават работи кои другите можат само да ги замислуваат, сите овие се особини каде што од западното гледиште на јавното мнение па и од страна на западната официјална историографија и наука се согледуваат како особини на посебниот слој на луѓе наречени како аристократи односно аристократија. Ваквото вулгаризирано разбирање за аристократијата постои речиси насекаде во светот. Причините кои го наметнале ваквиот поглед може во поновото време да е настанат како дел од идеолошката борба на оние кои не ја признаваат аристократијата како потреба во едно општество, но секако дека таквото вулгаризирано разбирање не е само настанато како последица на тоа. Речиси сите аристократии како такви во државите и општествата каде што постоеја во изминатите векови, речиси сите ја заборавија својата суштина, и речиси сите се извалкаа и влегоа во корумптивен морал. Заборавањето на нивната суштина, како луѓе кои мора секогаш да бидат први, но не само во материјална смисла, туку и први во согледувањето на проблемите кои настануваат во едно општество, или кои би можеле да настанат, како и први во обидите тие да се решат. Со тоа заборавање, валкање и влегување во корупцијата, аристократијата која повеќе во својата суштина не претставувала аристократија, туку со преголемиот фокус кон материјалното се преобразувала во плутократија, првенството да претставуваат први во едно општество било отстапено на другите државјани и сожители од другите слоеви, кои пак огорчени од тогашната неефективност и изгубеност или поточно забеганост во хедонизмот и материјалниот свет на тогашната аристократија, дало повод и причина таа да биде оттргната и прогонувана од страна на сопствениот народ, односно од народот и општеството од каде тие и самите потекнуваат. Еден од најдобрите историчари и аналитичари од поновото време, Вил Дјурант, воедно и автор на делото „The Story of Civilization”, може во неговите заклучоци да забележиме дека современите аристократии се запуштени заради нивниот безгрижен хедонизам, што како реакција предизвикало побуна на народите и желба за воспоставување на демократско уредување.

Потекло и поим за аристократија

Аристократија претставува збор кој потекнува од истиот корен од кој потекнува и зборот Христијанство, христијанин поточно рисјанин. Зборот е кованица од Аристои(ј) + кратеин(ос). Кратос или кратеин означува владение, додека Аристој или Аристои доаѓа од (А)рете. Постои дискусија за тоа дали Арете претставувало некое божество од старораниот антички период. Еквивалент на санскрит на Арете е ’Рта или ’Рти. Најчесто аристократијата е преведувана како владение на најдобрите, но ако зборот потекнува од ист корен како и зборот Христијанство, тогаш почист и поточен превод би претставувал како владение на правилните, затоа што Христијанската вера уште ја нарекуваме и како Право(правилно)-славна(славеење), што не е многу различно од најчестиот превод како најдобрите, односно најправилното претставува и е исто најдобро. Всушност уште од зародишот на зборот – ’Рта, значи она што ’Рти или она што успева, односно само најправилното успева и воедно е најдобро. Во македонскиот јазик и во сите оние јазици кои Ортодоксната вера ја нарекуваат како Православие, преводот за нашиот Господ Христос се согледува како Правилно, односно Правилен. Тоа укажува за нас Македонците дека правилната верба, правилното размислување и правилното однесување е највредно нешто што може за посед човек да го има на овој свет.

Потребата од Аристоите и Аристократијата

Само со точното сфаќање за аристократијата можеме да разбереме колкава е голема потребата од таков слој на луѓе во рамки на едно општество. Но точното сфаќање укажува дека исто како и формирањето на зборот, така треба да се формира и аристократијата. Односно првин мора луѓето кои ке ја претставуваат аристократијата, првенствено да претставуваат луѓе-аристои: луѓе со правилна верба, правилно размислување и правилно однесување, па потоа да станат владетели во рамки на едно општество. Нема аристократија без аристои! Во спротивно тој слој на луѓе ке претставуваат се друго во вид на плутократи, олигарси, тиранини, новопечени богаташи и слично, но само не аристократија. Современото правило на современата авангарда, или оние луѓе први во политесот и политичка елита, согледуваме дека немаат и не претставуваат еден општ морален кодекс, дури и мотивот за да станат политеси е со идиотски намери, односно за лични интереси, а навидум се прикажуваат како луѓе со интерес за општо добро. Лажните владетели, лажната искорумпирана и лесно поткуплива политичка елита, лажниот и хипокризен морал кој истите го претставуваат, доведе денес многу нации и народи да се заглавени во многу проблеми, и истите да сносат големи последици и големи мачни состојби. Овие ситуации ги согледуваме и кај нас но и кај постимперијалните држави во Западната Европа.

Можност за појава на Аристои во современи услови

Големите проблеми настанати од несовесноста и идиотизмот, создава голема потреба од совесноста и од вистинскиот политес, односно од правилни луѓе со волја да ги расчистат проблемите, со што ке придонесат во доброто за себе, но и за другите во сегашноста но и за во иднината. Богатите луѓе не по автоматизам стануваат и аристократи. За да станат тоа тие мораат да имаат правилно морално однесување, однесување кое немора самото по себе да биде наметнато врз сите луѓе во едно општество – тоа би претставувало οὐ-topos или земја која не постои, туку може да претставува еден вид субкултура или морален кодекс за одреден слој на луѓе:

„За Аристој може да се смета оној кој ја работи својата работа правилно и без присила, оној кој со таа работа освен што создава егзистенција за себе и за своите ближни, создава искуство и истото го пренесува без личен или материјален мотив, туку со алтруизмот за општо добро.” извадок од книгата „Василија – архитема на новото општество”.

Согласно со ова секој човек без разлика на материјално-класната припадност во современата поставеност на работите, си има вродено свој Аристој, секој посебно за одредена работа која најдобро би ја работел. Аристојот мора да поседува повеќе духовни и ментални способности отколку имот и богатство. Духовна слобода со храброст и алтруизам. Храброста е длабоко поврзана со среќата и слободата, додека алтруизмот и моралот му дава ограничување на таа среќа и слобода личноста да не западне во безморал и спротивно од тоа што претставува Аристојот(правилен). Материјалното богатство најмалку го прави човекот да претставува Аристој, туку само му овозможува одреден вид на материјална и економска слобода. Доколку подолго време одредени луѓе во рамки на општеството така се однесуваат и работат, дури тогаш можеме да зборуваме за формирање на одреден слој на луѓе-аристократи. Како и за секоја друга работа, и оваа бара период за да се создаде како што би требало:

„За Аристократ пак, може да се смета оној кој е припадник на семејството кое генерациски делувало правилно, а со тоа стекнувало углед и материјално-базна состојба во една средина.” извадок од книгата Василија – архитема на новото општество”.

Условите на современата доба и сиов хаос, дадоа шанса сите да можат да учествуваат во создавањето или ресоздавањето на аристократскиот слој. Дали ке претставуваш вистински идиот или вистински политес е прашање на избор на нас самите.

Авторот на текстот е Филип Н. Радомиров – дипломиран правник.