ГЕРМАНИЈА

%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%bc

  • ВОВЕДЕН ДЕЛ: Земја која денес претставува најголема европска економија и една од најнаселени европски земји. Клучна земја на континентална Европа, како и земја со најголемо влијание во Европска Унија. Низ историјата во обид да создаде широк империум се јавува како предизвикувач на светските војни кои ке ги изгуби. По падот на Берлинскиот ѕид, „Западниот” и „Источниот“ дел се обединуваат во федеративна политичка единица денес позната како Германија.
  • НАСЕЛЕНИЕ: 81 милиони жители.
  • ОПШТЕСТВО: 91,5 % Германци, 2,5 % Турци ; 34 % Протестанти, 34 % Римокатолици, 4 % Муслимани ; 75,3 % од вкупното население е во урбани средини.
  • ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ: Федерација со собраниски систем ; позначајни партии се Христијанско-демократска унија, Социјалдемократска Партија, Алијанса 90-зелени, Алтернатива за Германија, Левица.
  • ЕКОНОМИЈА-БДП: 3 841 милијарди (долари).
  • ВОЕНА МОЌ: во просек годишно 1,20 % од БДП одат во одбрана, вкупно 227 000 воени лица од кои активни се 186 500 лица.
  • ЈАВНА ГЕОПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛЕНОСТ: Во подреденост на НАТО, односно политиката на Вашингтон и Лондон.
  • ГЕОПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ: Според Макиндеровата теорија за Хартленд/Стожерна земја, територијата се наоѓа во Римленд/Рабна земја.
  • ВАЖНИ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОРИ: Берлински конгрес 1878 година, Лондонски договор 1913 година, Версајскиот договор 1919 година, Договорот Рибентроп-Молотов 1939 година, договор за членство на „Западна” Германија во НАТО 1952 година, договор за членство на „Источна” Германија во Варшавски пакт 1955 година, Договорот во Мастрихт 1992, Дејтонски договор 1995 година, Охридски рамковен договор преку ЕУ претставништво 2001 година, Минск 2 самит 2015 година, Ирански нуклеарен договор 2015 година, Медијација преку ЕУ во договор од Пржино 2015 година.
  • ВИД НА ВЛИЈАНИЕ КОН МАКЕДОНИЈА И ПОЛУОСТРОВОТ: Во минатото неповолно ; во сегашност неповолно.