ФРАНЦИЈА

%d1%84%d1%80%d1%86

  • ВОВЕДЕН ДЕЛ: Во средниот век претставувала клучна воедно и највлијателна римокатоличка земја. По Француската Револуција, се наметнуваат нови сваќања за државата, верата, општеството и воопшто за начините на владеењето, воведувајќи го новиот поим за разбирањето на нацијата. Постоел долг натпревар помеѓу Англија и Франција во проширувањето на својот империум. По светските војни постепено ја губи значајноста и надворешно-политичката моќ. Франција е постојана членка во Советот за безбедност во Обединети Нации, воедно и земја која поседува нуклеарни боеви глави.
  • НАСЕЛЕНИЕ: 67 милиони жители.
  • ОПШТЕСТВО: 63 % Римокатолици, 10 % Муслимани, 25 % Атеисти ; 79,5 % од вкупното население е во урбани средини.
  • ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ: Република со полу-претседателски систем ; позначајни партии се Социјалистичката партија, Републиканската партија, Национален фронт.
  • ЕКОНОМИЈА-БДП: 2 647 милијарди (долари).
  • ВОЕНА МОЌ: во просек годишно 2 % од БДП одат во одбрана, вкупно 355 000 воени лица од кои активни се 222 000 лица.
  • ЈАВНА ГЕОПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛЕНОСТ: Во подреденост на НАТО, односно политиката на Вашингтон и Лондон.
  • ГЕОПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ: Според Макиндеровата теорија за Хартленд/Стожерна земја, територијата се наоѓа во Римленд/Рабна земја.
  • ВАЖНИ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОРИ: Договорот од Пекинг 1860 година, Берлински конгрес 1878 година, Договорот Сајкс-Пикот 1916 година, Версајскиот договор 1919 година, Договорот во Севр 1920 година, Лозанскиот договор 1923 година, Североатлантскиот пакт(НАТО)-членка основач од 1949 година, Договорот во Мастрихт 1992 година, Минск 2 самит 2015 година, Ирански нуклеарен договор 2015 година.
  • ВИД НА ВЛИЈАНИЕ КОН МАКЕДОНИЈА И ПОЛУОСТРОВОТ: Во сегашност неповолно.