ТУРЦИЈА

%d1%82%d1%80%d0%ba

  • ВОВЕДЕН ДЕЛ: По распадот на Османлискиот Султанат, Кемал Ататурк целосно го внесува францускиот револуционерен модел на нација-држава, суштински формирајќи го османлиското муслиманско население во турска нација. Клучна земја помеѓу Балканскиот Полуостров и Блискиот Исток. Земја со големо влијание во гореспоменатите два региони.
  • НАСЕЛЕНИЕ: 80 милиони жители.
  • ОПШТЕСТВО: 70 % Турци, 20 % Курди ; 99,8 % Муслимани (сунити) ; 73,4 % од вкупното население е во урбани средини.
  • ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ: Република со претседателски систем (! по референдумот одржан во 2017 година) ; позначајни партии се Партијата за правда и развој, Републиканска народна партија.
  • ЕКОНОМИЈА-БДП: 1 589 милијарди (долари).
  • ВОЕНА МОЌ: во просек годишно 2,30 % од БДП одат во одбрана, вкупно 931 500 воени лица од кои активни се 511 000 лица.
  • ЈАВНА ГЕОПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛЕНОСТ: Во блага подреденост на политиката на НАТО, има неизвесност и можност за свртување кон Русо-кинеската евроазиска политика.
  • ГЕОПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ: Според Макиндеровата теорија за Хартленд/Стожерна земја, територијата се наоѓа во Римленд/Рабна земја.
  • ВАЖНИ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОРИ: Букурешкиот договор 1812 година, Санстефански договор 1878 година, Берлински конгрес 1878 година, Лондонскиот договор 1913 година, Договорот во Севр 1920 година, Лозанскиот договор 1923 година, Договор за членство во НАТО 1952 година, основање на Багдадски пакт 1955 година, Лондонско-циришки договор 1959 година.
  • ВИД НА ВЛИЈАНИЕ КОН МАКЕДОНИЈА И ПОЛУОСТРОВОТ: Во минатото крајно неповолно ; во сегашност поволно.