ИРАН

%d0%b8%d1%80%d0%bd

  • ВОВЕДЕН ДЕЛ: До 1935 година официјално име на земјата било Персија. До 1979 година Иран претставувала монархија под водство на Шах. Во 1979 година Хомеини воведува ткн исламска перманентна револуција, променувајќи го политичкиот систем. Единствена земја во светот со преовладувачко муслиманско-шиитско население со што надворешната политика ја сведува и на заштитување на оваа верско население. По повлекувањето на воените трупи на САД од Ирак, и по започнувањето на војната во Сирија, како и војната во Јемен, Иран наметнува значајно политичко влијание во регионот на Блискиот Исток, покрај Израел, Саудиска Арабија и Турција. Иран е земја која има амбиции да стане поседник на нуклеарни боеви глави.
  • НАСЕЛЕНИЕ: 83 милиони жители.
  • ОПШТЕСТВО: 65 % Персијци, 18 % Азери(туркско јазично население), 7 % Курди, 6 % Лури ; 95 % Муслимани-Шиити, 5 % Муслимани-Сунити ; 73,4 % од вкупното население е во урбани средини.
  • ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ: Република со теократски систем ; позначајни партии се Коалиција на реформистите, Коалиција на традиционалистите.
  • ЕКОНОМИЈА-БДП: 1 371 милијарди (долари).
  • ВОЕНА МОЌ: во просек годишно 2,5 % од БДП одат во одбрана, вкупно 913 000 воени лица од кои активни се 523 000 лица.
  • ЈАВНА ГЕОПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛЕНОСТ: Во групата со Русија и Кина за евроазискиот проект.
  • ГЕОПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ: Според Макиндеровата теорија, територијата се наоѓа во Римленд/Рабна земја, а мал северен дел(Хикарнија) од територијата зафаќа од Стожерната земја.
  • ВАЖНИ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОРИ: Туркменчајски договор 1828 година, Англо-ирански договор 1919 година, основање на Багдадски пакт 1955 година, Ирански нуклеарен договор 2015 година.
  • ВИД НА ВЛИЈАНИЕ КОН МАКЕДОНИЈА И ПОЛУОСТРОВОТ: Во минатото неповолно ; во сегашност неопределено.