РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА

%d1%80%d1%83%d1%81

  • ВОВЕДЕН ДЕЛ: Најголема територијална земја во светот, со големи резерви на разновидни ресурси. Како Царска Русија наметнувала политика на „заштитник” на Православието и панславизмот, а по воспоставување на СССР, се вовела политика на „извезувач” на светска комунистичка и социјалистичка револуција преку Коминтерната. Земја-победник во две големи војни против Наполеон и против Хитлер. Со погрешниот економско-политички систем по падот на Берлинскиот ѕид, излегува како победена земја од ткн Ладна војна од страна на САД и НАТО. Русија е постојана членка во Советот за безбедност во Обединети Нации, и поседува голем број на нуклеарни боеви глави.
  • НАСЕЛЕНИЕ: 142 милиони жители.
  • ОПШТЕСТВО: 78 % Руси, 3,7 % Татари ; 15 % Муслимани и голем број на Атеисти како остаток од претходниот општествено-идеолошки систем ; 74 % од вкупното население е во урбани средини.
  • ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ: Федерација со полу-претседателски систем ; позначајни партии се Обединета Русија, Комунистичка Партија, Либерал-демократска партија.
  • ЕКОНОМИЈА-БДП: 3 718 милијарди (долари).
  • ВОЕНА МОЌ: во просек годишно 3,50 % од БДП одат во одбрана, вкупно 3 365 000 воени лица од кои активни се 845 000 лица.
  • ЈАВНА ГЕОПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛЕНОСТ: Преку Евроазиска Унија се наметна како лидер во спроведувањето на идејата за слободна трговија на целата територија на Евроазија, заедно со Кина.
  • ГЕОПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ: Според Макиндеровата теорија, територијата се наоѓа во Хартленд/Стожерна земја и го опфаќа најголемиот дел од неа.
  • ВАЖНИ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОРИ: Букурешки договор 1812 година, Туркменчајски договор 1828 година, Договорот од Пекинг 1860 година, Санстефански договор 1878 година, Берлински конгрес 1878 година, Мирцштешки програм за реформи 1903 година, Лондонскиот договор 1913 година, Договорот Рибентроп-Молотов 1939 година, Техеран-конференција 1943 година, Процентуалниот договор 1944 година, Јалта-конференција 1945 година, Потсдам-конференција 1945 година, Договор за основање на Варшавскиот Пакт 1955 година-земја основач, Дејтонски договор 1995 година, Минск 2 самит 2015 година, Ирански нуклеарен договор 2015 година.
  • ВИД НА ВЛИЈАНИЕ КОН МАКЕДОНИЈА И ПОЛУОСТРОВОТ: Во минатото крајно неповолно ; во сегашност поволно.