ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД

%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d1%81%d0%b0%d0%ba

ангсакс.jpg

  • ВОВЕДЕН ДЕЛ: Велика Британија претставува земја која ја надоградува и промовира идејата за капитализам, меркантилизам, широки пазари и ткн либерална економија. Земја каде се има случено „Индустриската Револуција”, револуција која ке придонесе многу кон технологијата и кон она што денес сведочиме, на брзата и перманентната иновација – или верба и квазирелигија во техниката и технологијата. САД како бивша колонија на Британија, се надоградува на истото, а по двете светски војни се наметнува како една од суперсилите при што денес е „шампион” на глобализацијата и првенец во промовирањето на сето она што претходно го развивала Велика Британија. Двете земји се постојани членки во Советот за безбедност во Обединети Нации. Двете земји поседуваат нуклеарни боеви глави.
  • НАСЕЛЕНИЕ: Обединето Кралство: 65 милиони жители. САД: 324 милиони жители.
  • ОПШТЕСТВО: Обединето Кралство: 87,2 % белци ; 59,5 % Англикани, Римокатолици, Методисти, 4,5 % Муслимани, 1,3 % Хиндуисти ; 82,6 % од вкупното население е во урбани средини. САД: 80 % белци ; 51,3 % Протестанти, 23,9 % Римокатолици ; 81,6 % од вкупното население е во урбани средини.
  • ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ: Обединето Кралство: Уставна монархија со собраниски систем ; позначајни партии се Конзервативната партија, Партија на Лабуристите и Либералната партија. САД: Федерација со претседателски систем ; позначајни партии се Демократската партија и Републиканската партија.
  • ЕКОНОМИЈА-БДП: Обединето Кралство: 2 679 милијарди (долари). САД: 17 950 милијарди (долари).
  • ВОЕНА МОЌ: во просек годишно Обединето Кралство: 2,10 % од БДП одат во одбрана, вкупно 248 250 воени лица од кои активни се 170 000 лица. САД: 4,30 % од БДП одат во одбраната, вкупно 2 350 000 воени лица од кои активни се 1 492 000 лица.
  • ЈАВНА ГЕОПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛЕНОСТ: Обединето Кралство: Во минатото а и денес ја следи Спајкмановата теорија за апсолутна контрола на Римленд/Рабна земја и создавање хаос и нестабилност во Хартленд/Стожерна земја. САД: Денес ја следи и преку НАТО е лидер во спроведувањето на Спајкмановата/Бржежинсковата теорија за апсолутна контрола на Римленд/Рабна земја и создавање хаос и нестабилност во Хартленд/Стожерна земја.
  • ГЕОПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ: Обединето Кралство: Според Макиндеровата теорија за Хартленд/Стожерна земја, англосаксонското согледување го ставаат Британскиот Остров во Римленд/Рабна земја, додека современото руско согледување Британскиот Остров го ставаат во Аутер/Надворешна островска земја. САД: Територијата припаѓа во Аутер/Надворешен островски полукруг.
  • ВАЖНИ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОРИ: Обединето Кралство: Договорот од Нанкинг 1842 година, Договорот од Пекинг 1860 година, Берлински конгрес 1878 година, Договорот Сајкс-Пикот 1916 година, Англо-ирански договор од 1919 година, Версајскиот договор 1919 година, Договорот во Севр 1920 година, Лозанскиот договор 1923 година, Техеран-конференција 1943 година, Процентуалниот договор 1944 година, Јалта-конференција 1945 година, Потсдам-конференција 1945 година, Договор во Варкиза 1945 година, Североатлантскиот Пакт(НАТО)-членка основач од 1949 година, основање на Багдадски пакт 1955 година, Лондонско-циришки договор 1959 година, Договорот во Мастрихт 1992 година, Дејтонски договор 1995 година, Предлог-договорот во Рамбује 1999 година, Кумановски договор 1999 година, Ирански нуклеарен договор 2015 година. САД: Версајскиот договор 1919 година, Техеран-конференција 1943 година, Јалта-конференција 1945 година, Потсдам-конференција 1945 година, Североатлантскиот пакт(НАТО)-членка основач од 1949 година, Дејтонски договор 1995 година, Предлог-договор во Рамбује 1999 година, Кумановски договор преку НАТО претставништво 1999 година, Охридски рамковен договор 2001 година, Декларација за стратешко партнерство помеѓу Република Македонија и САД 2008 година, Ирански нуклеарен договор 2015 година.
  • ВИД НА ВЛИЈАНИЕ КОН МАКЕДОНИЈА И ПОЛУОСТРОВОТ: Обединето Кралство: Во минатото крајно неповолно ; во сегашност крајно неповолно. САД: Во минатото неповолно ; во сегашност крајно неповолно.