Претходната недела заврши Балканската школа за геополитика. Филозофот Александар Дугин предаваше за Ноомахија (исто така, тоа беше циклус на текстови и истражувања); во настанот учествуваше и главниот уредник на Geopolitica.ru, Леонид Савин. На предавањата учесници беа двајца претставници од Македонија: Александар Мурговиќ – психолог и Филип Наумов Радомиров – правник и активен член на Политички Гроздобер.
ГЕОПОЛИТИКА.РУ:
„Ова е проект на Меѓународното евроазиско движење (Русија). Задача на школата е: да се подготви независно размислување и компетентна интелектуална елита на балканските држави (првенствено, словенски) што ќе промовира понатамошна трансформација на целиот простор на Балканот во зона на суверена политика, претворајќи го Балканот од објект на меѓународна политика во свој субјект.“
Ф. Н. Радомиров (лево) со А. Г. Дугин (десно)
Првата сесија беше организирана во Белград од 23ти до 27ми октомври. Главен предавач беше главниот уредник на Geopolitica.ru, Леонид Савин, кој ја презентираше класичната школа за геополитика и меѓународни односи, теоријата на евроазиството, мрежната геополитика, длабока анализа за Блискиот Исток, кибергеополитика, стратегија и моќ, мултиполарност итн.