Tag Archives: дијаграм

УСТАВНО УРЕДУВАЊЕ – ПРИМЕР ОД СТАРАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

Устав или Уставни конвенции?

Во современиот свет сме запознаени дека сега постојат два типа на устави. Едниот претставува устав кој на еден свечен настан официјално е прогласен, и со тоа го нарекуваат како пишан устав и устав кој нема свечено прогласување, туку е граден со конвенции низ текот на времето, и го нарекуваат како непишан устав.

Во моментов преовладуваат формалните пишани устави. Но пишаните устави се релативно нова појава во уредувањето на односите помеѓу властите во едно општество. Главни покренувачи на оваа појава се Француската Револуција, со која денес речиси сите држави се идентификуваат, губејќи ја својата автентичност во уредувањето на односите, заедно со Американската Револуција која во тој период во голем дел ги прати идеите на Сен-Симон и Џон Лок. Со тоа разбираме дека овој тип на свечено прогласен устав, е западен модел за уредување на односите во државата и општеството.

Пред да се случат овие настани од мундијалната историја, низ светот претходно, речиси неколку милениуми од материјално-пишаната историја, бележиме доминација на уредување на односите со конвенции. Конвенцијата доколку се употреби во уредувањето на односите во државата, означува договор со правила во кој страните на кои се повикуваат правилата мораат да ги следат и почитуваат.

За задржување на својата автентичност, Англија претставува добар пример, каде што имаме серија на „стари” правила од нивниот непишан Устав кои се во примена и денес. Тука се познатите Magna Carta Libertatum и Habeas Corpus Act, договори или правила со кои се уредиле односите преку усогласување помеѓу тогашните лордови – општествената елита и носителот на извршната власт – монархот/King.

… ПОВЕЌЕ