Устав или Уставни конвенции?
Во современиот свет сме запознаени дека сега постојат два типа на устави. Едниот претставува устав кој на еден свечен настан официјално е прогласен, и со тоа го нарекуваат како пишан устав и устав кој нема свечено прогласување, туку е граден со конвенции низ текот на времето, и го нарекуваат како непишан устав.
Во моментов преовладуваат формалните пишани устави. Но пишаните устави се релативно нова појава во уредувањето на односите помеѓу властите во едно општество. Главни покренувачи на оваа појава се Француската Револуција, со која денес речиси сите држави се идентификуваат, губејќи ја својата автентичност во уредувањето на односите, заедно со Американската Револуција која во тој период во голем дел ги прати идеите на Сен-Симон и Џон Лок. Со тоа разбираме дека овој тип на свечено прогласен устав, е западен модел за уредување на односите во државата и општеството.
Пред да се случат овие настани од мундијалната историја, низ светот претходно, речиси неколку милениуми од материјално-пишаната историја, бележиме доминација на уредување на односите со конвенции. Конвенцијата доколку се употреби во уредувањето на односите во државата, означува договор со правила во кој страните на кои се повикуваат правилата мораат да ги следат и почитуваат.
За задржување на својата автентичност, Англија претставува добар пример, каде што имаме серија на „стари” правила од нивниот непишан Устав кои се во примена и денес. Тука се познатите Magna Carta Libertatum и Habeas Corpus Act, договори или правила со кои се уредиле односите преку усогласување помеѓу тогашните лордови – општествената елита и носителот на извршната власт – монархот/King.
Во дамнината во Македонија, тогашниот државен апарат односите во општеството и државата ги уредувал со непишан устав, односно со уставни конвенции кои биле издавани зависно од состојбата на теренот, преку тогашниот носител на извршната власт – Василевс/Basileos. Ова го сознаваме од еден проект на Јужно-африканскиот Универзитет. Поточно станува збор за обид преку тој проект да се состави „изгубеното” дело на Хиероним од Кардија, историчарот кој ги напишал настаните од смртта на Александар Трети Македонски па до смртта на Пир од Епир (периодот на Дијадосите/Наследниците). Во оваа дело ги наоѓаме Дијаграмите како македонски тип на уставни конвенции, со кои се уредувале односите во државата и општеството.
Па така за пример ги имаме ткн. Дијаграма за реорганизација на Архе/империјата по смртта на Александар (уредување на извршната власт и именување на нивни носители, именување на стратези/војсководците, уредување на сатрапиите и назначување на нивни управници); Дијаграмата на Филип Аридај (кратковремен василевс и роднина на Александар) за уредување на односите со Хелените (сет на права, со цел придобивање на Хелените), и многу други.
Ако навлеземе во значењето на терминот „Дијаграм” (од општиот односно административниот ткн. „коине” јазик), ке видиме дека има повеќецелно значење, но најчесто означува шема или план, и се употребува често како термин и денес во математичката наука. Но и без да ја браниме автентиката – бидејќи овој начин на уредување потекнува од првичните ери запишани во македонската историографија, односно од првичната стара македонска држава од славниот антички период, мора да размислиме за „практичноста” на обемниот формален пишан устав, и колку тој вистински е корисен за нашите бурни политички услови. Во неколку децениско искуство со современиот македонски свечено прогласен Устав од 1991 година, увидуваме промени (во 2001-та и драстични) на речиси секоја половина декада. Тоа го поставува прашањето, дали е попрактично односите во нашето општество и држава да се уредуваат со еден устав или со повеќе уставни конвенции (во нашиот случај би биле Дијаграмите), кои стабилно би формирале со текот на времето непишан устав?
Текстот е извадок од книгата „Василија – архитема на новото општество”, глава Б, 2015 година.