Српската власт
Обидот на власта да ја наметне поделбата на Косово и Метохија со Албанците не успеа, но затоа успеа да ја интегрира целата територија на Косово и Метохија во Албанија, настан кој го објави Харадинај во ноември оваа година на состанокот со албанскиот премиер Еди Рама во Пеќ. Додека Албанците на големо работат на проектот Голема Албанија, власта во Србија се занимава со осудите и повикот кон „меѓународната заедница“ (а се мисли на Запад) да реагира, додека истата таа „меѓународна заедница“ дава подкрепа на проектот Голема Албанија. Се поставува прашањето, дали српската власт е неспособна или е соучесник во овој проект?
Српската опозиција
Опозицијата во Србија е само опозиција на конкретни претставници на власта, но не и на политиката. За чесност зборуваат оние кои ја завија државата во црно и кои направија терен за демонстрација на албанската моќ. Опозицијата од недела во недела сè повеќе ги собира луѓето на протести, но не заради Маракешкиот договор, екоцидот (кој се провлекува и тука и таму, веројатно заради политичките поени), продавањето на ПКБ (Земјоделска корпорација – Белград), на аеродромите „Никола Тесла“ (Белград) и „Константин Велики“ (Ниш), или заради можеби најважното прашање – предавството за Косово и Метохија. Опозицијата се собира и инсистира на претепувањето на еден од лидерите на опозицијата. Како и довчерашните квазиопозициони телевизии кои со своето молчење соучествуваат во уништувањето на Србија, така и опозицијата претставува соучесник со власта во предавството, затоа што не се занимава со важните прашања, туку само прави парада.
Албанците
И додека опозицијата парадира во Белград, незнаејќи ни самата зошто, додека власта се занимава со опозицијата и нивното пребројување, Албанија врши анексија на Космет. Рамуш Харадинај на социјалните мрежи пишува:
„Денес ми беше чест да учествувам во потпишувањето на договорот за воспоставување заеднички гранични точки помеѓу Косово и Албанија по принципот на ИМБ и нашиот заеднички европски пат. Од денес, граница на Косово со Албанија не постои. Ќе имаме само заедничка станица. Работата ќе се продолжи во март кога влегуваме во фаза на потполно оттргнување на границите помеѓу Косово и Албанија по основ на шенгенските принципи.“ – напишал Харадинај, а пренесе Зери/Zëri.
Политичкиот театар и политичките измами
Овие случувања говорат дека власта и опозицијата ја користат државата за политиканство и пресипување од шупљо во празно во различни политички претстави. Ниту едните, ниту другите, не ги интересираат државата и народот. Поддршка даваат помал процент од народот и кон едните и кон другите, но во заедничките претстави, власта и опозицијата имаат разни механизми за контрола. И власта и опозицијата во Србија, на сите нивоа, учествуваат во заедничката, теледиригирана претстава, додека на само стотина километри, извршена е анексија на дел од територијата на Република Србија. Соседната земја – Албанија, е настаната како држава во 1912-та година, додека изврши анексија на дел од српската територија – Косово и Метохија, во сабота, на 29 декември 2018-та година.
Неколку дена порано, амбасадорот на САД, извесен Скот, изјави дека мигрантите од Блискиот Исток и Средна Азија ќе станат Срби. Се појави информација и дека градот Крагуевац дал согласност за потпишување на меморандум со Данскиот совет за бегалци, со кој мигрантите „преку процесот на реадмисија“ ќе се населат во Србија. Со меморандумот се предвидува доделување имот на мигрантите на територијата на градот Крагуевац, со економски пакети за подигнување на стандардот, како и можност мигрантите да станат земјопоседници! Предвиден е и рокот за реализација – 2020-та година. Сето ова се спроведува во тајност. За ова српскиот народ незнае ништо.
Врз основ на досегашната политичка пракса, може да се заклучи дека власта и опозицијата која организира протести, се всушност иста екипа, а и двете ги финансираат западните држави, нивните супранационални ентитети и невладините организации.
Авторот на текстот е студент на Белградскиот факултет за политички науки.