
Пред три дена месецов, односно на 17-ти март, завршија изборите за претседател на Руската Федерација. Изборната постапка траеше два дена, од 15-ти март, и бројките од гласовите за изборот е потврден и јасен, согласно објавите на Централната Изборна Комисија на РФ.
Новиот мандат по овие избори убедливо го освои повторно, популарниот Владимир Путин, со освоени 88.48% вкупно од гласовите, кому по уставните измени на Уставот на Руската Федерација, преку амандманите (рус. поправки) кои ги видоизменија предвидувањата за ограничувањето на мандатите за оваа висока политичка функција во Русија, или еден ист човек и политичар да може да биде избран само на два пати по ред за претседател, истите ја отстранија таа правна пречка во 2020-тата година, и со тоа Путин ја доби можноста да биде уште еднаш реизбран за претседател на Руската Федерација.
Другите кандидати кои беа одобрени за учество на изборите од ЦИК на РФ, беа Владислав Даванков, кој бил предложен и поддржан од пролибералната партија Нови Луѓе (Новые Люди), и тој освоил 3.9% вкупно од гласовите, Николај Харитонов, од Комунистичката партија на РФ, со 4.37% освоени вкупно од гласовите, претставувајќи всушност вториот по ред од најмногу освоените гласови по Путин, и Леонид Слуцки од партијата на контроверзниот, а сега веќе покојниот, Владимир Жириновски, односно од Либерално-демократската партија на Русија, со 3.24% вкупно од гласовите, или кандидатот со најмалку освоените гласови на овие избори.

Двајца кандидати за овие избори пак, не успеаја да ги исполнат законските правила, како и заради нерегуларностите, со што практично нивните кандидатури беа одбиени од ЦИК. Станува збор за Сергеј Малинкович од партијата Комунисти на Русија, и Борис Надеждин од центар-десничарската и прозападната Граѓанска Иницијатива, политичар за кој се смета во руската јавност дека бил близок со Борис Немцов, опозиционерот кој беше брутално убиен во 2015-тата година.
Новина за овие претседателски избори во Русија, претставуваа изборните гласачки места во припоените руски територии кон Руската Федерација, територии кои припаѓаа на украинската држава, пред започнувањето на т.н. Специјална воена операција во Украина на почетокот на 2022-та година. Вооружените сили на Украина, заедно со проукраинските групации, се обидоа да ги попречат изборните процеси на овие територии, преку вооружени напади, особено во областа Запорожје, сепак тие завршија без конкретен успех.
Колективниот Запад, очекувано имаше критики кон овие избори, не признавајќи ги за легални, демократски и легитимни, додека земјите од БРИКС и многу други од светот, испратија официјални честитки за новиот мандат на Владимир Путин.
На овие избори излегоа 86 милиони и 204 илјади гласачи од вкупно 114-те милиони и 212 илјади регистрирани гласачи во Русија.