ПРЕДЛОГ ЗА ИДНОТО УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ УСТАВЕН ПОРЕДОК

Зошто предлог за идното уредување на македонскиот уставен поредок?

Ние како Македонци кои сме современици на првата половина од 21-виот век по Христа, сведочиме на брзи промени кои произведуваат големи кризи во меѓународните и општествените односи, од кои пак сите очекуваат воспоставување на преуреден меѓународен систем на тие односи поинаков од постојниот, кој настана по завршувањето на војната и победата врз Германија и Силите на Оската, од страна на Советскиот Сојуз и западните сојузници. Македонците пак кои беа современици на тие настани, сведочеа на возобновувањето на македонската држава преку АСНОМ, која беше уништена по смртта на Крал Марко – синот Волкашинов, односно Македонците одново станаа државотворен народ по петте века под османлиско ропство и по ропството и поделбата од Балканските војни, за да ние денес повторно сведочиме на систематското одземање на нашата државотворност преку срамната спогодба потпишана со Р.Грција во с.Нивици во околината на Преспа, потпишана наводно од „нашите“ „политички“ претставници, кои очигледно го прелажаа Македонецот, а уште поочигледно е дека се прелажаа дури и самите себеси. Оваа срамна страница од историскиот времеплов на Македонците, уште трае! И затоа останува на нас, односно останува на оние Македонци-современици на овие нешта, да го сопрат срамот и да го пренесеме искуството на идните Македонци што ќе дојдат и творат, преку тоа што ќе им оставиме друга, чиста страница без срам во времепловот, но со насоки поучени од искуството како да постапуваат во бурата, за да не бидат прелажани, измамени и ставени под ропството и тие! Општопознат податок и општоприфатена работа е дека македонската држава и македонското општество денес се под голема криза, се распаѓаат, и се ставени под знакот прашалник дали воопшто треба да постојат, односно ние сведочиме дека сме под уставна, државна и општествена криза од масивен размер:

А) под уставна криза, заради нелегитимниот и нелегалниот прекин на државно-правната доследност од АСНОМ на 27-ми април 2017-та година, која најпросто се изразува преку прекинатите стенограмски записи во Собранието, со нелегално прекинатата седница која се одржуваше под претседателството на Т.Вељаноски и која отпосле, по долго изминати денови на 31-ви мај 2017-та година отпочна под претседателството на противправно и нелегитимно избраниот Т.Џафери – криза и државно-правна недоследност којашто денес „Република Северна Македонија“ ја прави некоја нова творба без континуитетот на АСНОМ, НОБ и Илинденците, односно држава без државотворен народ и држава која не е на јасно дали таа воопшто претставува македонска; Б) под државна криза, заради новата етатистичка особина без државно-правна доследност и историска основа на „Република Северна Македонија“, којашто ѝ дава на оваа нова творба обичен технички облик без државотворен народ со слаб, можеби и непостоечки мотив, таа да се одржува и да опстои во налет на насилни и агресивни меѓународни односи; и В) под општествена криза, заради оставениот бришан простор, кој всушност претставува слободен простор без никакви утврдени јасни правила и обичаи, и кој најмногу се искористува од смртно загрозувачката корупција која се наметна како единственото нешто со сила во нашето општество.

Зошто предлог за идното уредување на македонскиот уставен поредок како уставна монархија со непишан Устав од македонски тип?

Можеби можат сè отстрана да ни порекнуваат дека постоело како македонско: и македонски народ, и македонска Црква, и македонски јазик, и македонска култура, и македонска традиција – можат да го порекнуваат било кој елемент на македонската самобитност – порекнување коешто во моментов и го прават; но не можат никако да порекнат дека некаде 8/7-ми век пред Христа, настанала државата Македонија, која била управувана од човек под титуларот „василевс“ и којашто во еден период станала „владетелката на светот“! Таа држава пропаднала по Битката кај Пидна. И од тие причини таквата македонска држава е историски најмногу оправдана да се возобнови и да постои во сегашноста, од сите други држави коишто постојат денес на нашиот Полуостров! Македонската славна државотворност, секогаш претставувала славна кога нејзиното државно уредување ѝ било монархиско, и кога државата била водена од силата и ресурсите ставени на управување од еден човек – монархот! Но попрецизно зошто ваков предлог за идното уставно уредување:

А) затоа што Македонија има многу постара државно-правна доследност и традиција од Илинденското Востание, доследност од држави кои имале монархиско уредување и доследност којашто е занемарена по АСНОМ од идеолошките причини; Б) затоа што периодите на (В)МРО и СРМ, имаат републикански и масонски примеси и сфаќања туѓи, неприродни и докажано нефункционални во праксата за нашиот мислечко-политички склоп и постапка; и В) затоа што ние како современи Македонци сме по род Македонци од древните времиња, мнозински со словенски јазик како и мнозински со Христијанската вера – белези кои насочуваат дека треба за правно-политичкиот јазик да ги користиме заедно и соединети црковнословенскиот и општиот (коине) за званичната употреба, или нашата држава треба да е уредена како монархија, поточно Василија, а нашиот монарх да е именуван како василевс како оставина и доследност од древните времиња, поточно носителот на оваа титула да може да биде владетел на сите Македонци по род, и на оние коишто не се дел од мнозинството, или коишто не се по јазик и вера со словенскиот јазик и со Христијанската вера, но нашиот монарх треба да е именуван и како крал, поточно носителот на оваа титула да може да биде владетел на мнозинскиот дел на Македонците – односно како оставина и доследност од последниот македонски монарх – Крал Марко. Дополнително мора да укажеме и на историската пракса, којашто нè учи дека владетелите со целосно автократска и врховна власт во своите раце е ризик и опасност – еден добар монарх може да го наследи друг лош монарх кој може да ја доведе државата во опасност и пропаст. Затоа не можеме да го именуваме нашиот монарх како „василевс каи автократор“ односно како „крал и самодржец“ – или да извршиме буквално пресликување на минатото! Туку бидејќи станува збор за предлог на идното уставно уредување како уставна монархија од македонски тип, носителот со најмногу власт и моќ може да се именува како „крал и василевс“, додека врховната власт да се предвиди како возможна и временски ограничена под Агема.

Зборот „василевс“ има мистично и неутврдено современо јазично значење, кој со сигурност знаеме од материјалните археолошки докази, но и од пишаните извори дека така бил именуван монархот на македонската држава во древните времиња. Можно е да означува „глас“, а државата нарекувана како „василија“ изведено од тоа значење како „гласило“! Друго толкување (М.Камиловски) е дека зборот означува „во сила“. И едното и другото толкување е на складно правно-политичко значење, затоа што званичните државни називи во предлогот како „Василија Македон“ и „крал и василевс на Македон“ ќе означуваат „македонскиот глас“ или „Гласилото на Македон(ците)“ и „крал и глас(ник)от на Македон(ците)“, или пак „Во сила на Македон(ците)“ и „крал во сила на Македон(ците)“!