Ознака: Basileist society

Read More

ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ НА ВАСИЛЕИСТИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ

Транзициониот период кој започна по смртоносните воздишки на Шампионот на Глобализацијата, период кој светот веќе со години жестоко го искусува, полека навлегува во фазата на својот климакс. Тие смртоносни воздишки освен што се отсликуваат и најмногу се забележливи за луѓето во полето на политиката и геополитиката (бидејќи станува збор за многу земни и материјални нешта, лесно видливи за човековото око, односно за држава како администрација и буџет; борба на држави за ресурси и капитал), воздишките станаа воочливи и за луѓето кој светот го гледаат во пополна смисла, односно во суштинската смисла. Така освен што сѐ повеќе станува јасно дека глобализацијата како проект, и моноцентрично владеење од еден политички центар врз целиот свет, се неостварливи замисли во пракса, станува јасно и дека филозофијата на Западот, започната како парадигма кратко по одвојувањето на Црквата во Рим, а засилена во својот развој по ткн. Ренесанса, и позната по своите блескави историски периоди од времето на Француската Револуција и Викторијанската ера, не претставува универзално светогледие, туку дека светот има насушна потреба од признавање на мултиверзалноста.