Водејќи се по логиката на меркантилизмот и усовршувајќи го истиот метод, економските системи во Западна Европа и Северна Америка создадоа состојба на надакумулација на капиталот, споредбено со останатата светска економија. И можеби тоа добро звучи, но тоа е само на момент…
Потрагата по што е можно поголема и побрза акумулација на капитал, односно со фокус кон остварување на што е можно поголем профит кај поголемиот дел од светската економија, денес доведе до тоа истата да е неодржлива, заоштрувајќи ја социјалната нееднаквост и загаденоста во природата. Точката на акумулација е достигната до оној степен, да вложениот капитал не создава вишок.
Таквата состојба освен што има проблеми со човечката природа и природните законитости, покажува лоши резултати и со ускладеноста со технолошкото и економското движење. Преголемата развиена индустриска економија која почива врз една технолошка генерација, при смена во идна “нова” технолошка генерација, кај таквата економија тој процес е поскап и помалку флексибилен, притоа оставајќи простор друга туѓа економија да ја надмине со пофлексибилно воведување на новата технолошка генерација. Во тој поглед какво влијание дава технолошкото движење, ни појаснуваат ткн кондратиевите бранови.
Во поглед на економското движење и законитости, постојаниот мотив за профит, создава и ткн хиперпродукција. До таа состојба се доаѓа кога се произведува повеќе отколку што пазарот има потреба и можност, односно се произведува многу повеќе отколку што има потенцијал побарувачката. Така огромната желба за профит создава загуба во економијата, преку намалување на цените на производите, или во најлош случај останувајќи непродадени. За да се избегне или ублажи таквата состојба во кружењето на капиталот, постојано потрошувачите се под пропаганда/адвертајзингот која поттикнува трошење и купување на производите повеќе од потребното, односно создаваат ткн потрошувачко општество.
“Потрошувачкото општество се дефинира како оној степен на економски и општествен развој, кога нивото на потрошувачката го преминува нивото со кое се задоволуваат минималните животни потреби”.
Според евреинот родум од Украина, Волт Ростов(Walt Rostow), доколку едно општество достигне и ја надмине етапата на економска зрелост, почнува повеќе да се интересира за понудата отколку за побарувачката, а помалку за производството отколку за потрошувачката. Во своето дело The stages of economic growth(Етапи на економскиот раст), појаснува дека САД оваа етапа на економска зрелост ја има достигнато по “Првата”светска војна, додека Западно-Европските земји по ”Втората”светска војна. По оваа етапа на економска зрелост, следи етапата на високомасивна консумпција, која е предпоследна “ростова” етапа, додека крајната е означена како етапа по консумпцијата, односно влез кон непознатото.
Текстот е извадок од книгата “Василија-архитема на новото општество”, глава В, 2015 година.