КОРЕНИТЕ И СУШТИНАТА НА ФАШИЗМОТ

Fascist symbols 1 PGФашизмот како општествен модел се појавува во Италија по “Првата” светска војна. Името фашизам (fasce или спој на гранки/дрвја со една секира), претставува инспирација од римската симболика на обединување на општеството, под еден авторитарен лидер, додека истакнатата секира претставува водење агресивна надворешна политика. Некои тврдат дека фашизмот е креиран под влијание на националниот синдикат во Италија, другите под влијание на разни групации, но воглавном во официјална примена влегува со доаѓањето на власта на социјалистот Бенито Мусолини.

Бидејќи има инспирација од Рим, веднаш е јасно дека станува збор за раст и развој на сметка на другите (види Слабости и предности на Капитализмот). Идејата за Mare Nostrum (или Наше Море) претставува повикување на Италија на своето римско наследство, и означува креирање на империум врз целото Средоземје, исто претходно како и Рим. Затоа италијанскиот фашизам заради желбата да ја оствари оваа идеја и да ја стави Италија меѓу земјите со сопствени широки пазари, кои постоеле во тој период, свесно го поддржувал ултранационализмот.

Ултранационализмот обично кажано, претставува апсолутно омаловажување на туѓите културни вредности согласно со апсолутно величање на сопствените. Со таквата идеја всушност Италијаните, со фашистичките институции си создавале чувство на убавина кон себе и чувство на грдост кон соседите. Впрочем оваа идеја претставува главен проблем за тоа уредување, но поради притисокот од желбата за што побрзо грабање, разбираме дека едното без друго практично и не би можело да постои. Освен овој проблем, голем претставува и проблемот со апсолутноста на државните институции. Девизата која го објаснува фашизмот е:

Сè за државата, ништо против неа!

Државните институции биле одговорни за севкупните односи, а тоа би значело дека приватната иницијатива, во поглед на економијата и во поглед на политиката, или постоела во декларативна форма или воопшто и не постоела. Доколку некој се обидел да критикува или да ги воочува грешките јавно на институциите тогаш – во периодот на владеењето на Мусолини, тоа претставувало еднакво на самоубиство. Познат пример за ваква состојба бил инцидентот со италијанецот Чано кој претставувал висок претставник за територијата на Албанија и роднински поврзан со Бенито Мусолини.

Во економска гледна точка, постои извесна милитаризација на општеството. Освен тоа главна цел на фашизмот, во поглед на производството на сопствената економија е тежнеењето кон автаркија преку корпоратизмот. Автаркија, претставува економијата на една држава – истата да е способна или да може самата да си ги задоволи своите потреби и потребите на граѓаните во тоа општество, односно како што напоменавме, еден извесен период на автаркија или самопроизводството, постоело и во ромејската економија.

Главни проблеми во функционирањето на теоријата на фашизмот се преголемиот фокус кон туѓи добра и прекумерната агресија. Со насочувањето кон формирање на империум, несомнено е дека овој систем е осуден на пропаст. Изворот на експлоатација на туѓи добра секогаш е ограничен и “пресушува”, па со тоа, тоа општество несомнено и со сигурност ке се најде во криза. Дури и кога тој извор не би “пресушил”, од историјата учиме дека секогаш ке се најде друга сила, која ке ја порази агресивната надворешна политика, а со тоа ке се оневозможат пристапите до експлоатацијата на овој тип на општество.

Fascist_Propaganda_Italy_1933

Проблемот со неодржливоста на ултранационализмот, се состои во тоа што тој наметнува неприродни состојби кај народите. Па така или ке настојува истиот физички да го истреби – народот кој е целна точка, или ке настојува да ја уништи непосакуваната култура, која не е складна со официјалниот митовен мотив. Ултранационализмот има разурнато многу автентични култури, кои се градени по природен пат!.

Ултранационализмот односно прекумерната агресија, раѓа сличен одговор од другата страна. Со тоа практично оној народ кој прекумерно бил агресивен кон друг народ – приморан е истиот да го уништи. Доколку не го уништи, голема е веројатноста самиот народ кој вршел прекумерна агресија да биде цел на агресијата, од народот на кој претходно му било вршена агресија, и на истиот да му се заканува уништување. И да успее истиот народ со агресивната политика да се одбрани од овој ризик, многу лесно другите народи ке најдат изговор за нивна интервенција. Односно народите со агресивната политика, многу полесно даваат оправдание тие да бидат нападнати – во ист момент и помалку жалени доколку западнат во немилосрдните напади од другите. Пример од современата пракса може да извлечеме од судбината на германската нација. Имено целиот свет ја жали и ја разбира тагата и болката што им е нанесена на невините луѓе по нацистичките логори, додека многу малку знаат, а уште помалку некој би разбрал за она што им е нанесено на Германките, по сојузничката окупација на Германија, или за тоталното разурнување на германските градови и убивање на цивилното население од перманентното сојузничко аеро-бомбардирање.

Текстот е извадок од книгата Василија-архитема на новото општество”, глава А, 2015 година.