ВО ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА ЗНАЧИТЕЛНОТО ПОМЕСТУВАЊЕ НА РАМНОТЕЖАТА НА СИЛИТЕ ВО УКРАИНА. ОВА МОРА ДА СЕ РАЗБЕРЕ ВО ЦЕЛИНА.
Контранападите на Киев беа општо земено неуспешни во областа на Херсон, но, за жал, ефикасни во областа на Харков. Токму ситуацијата во Харков и принудното повлекување на сојузничките сили е пресвртната точка. Оставајќи ги настрана психолошките ефекти и оправданите чувства на патриотите, мора да се запише дека во целата историја на специјалната воена операција (СВО) сме стигнале до точката од која нема враќање.
Сите сега препорачуваат вонредни мерки за да се промени ситуацијата, а некои од овие предлози се сосем разумни. Ние не се повикуваме на изворност, туку едноставно се обидуваме да ги собереме најважните точки и препораки, и да ги ставиме во глобалниот геополитички контекст.
Третата светска војна
Ние се наоѓаме на работ на „Третата“ светска војна, за која Западот страствено се залага. И ова веќе не е страв или очекување, туку ова е факт. Русија е во војна со колективниот Запад, со НАТО и со неговите сојузници (иако не со сите нив: Турција и Грција имаат свој став, а некои од европските земји, пред сè, но сепак не само тие, Франција и Италија, се земјите кои не сакаат активно да учествуваат во војната со Русија). Но, заканата од „Третата“ светска војна претставува сè поблиску и поблиску.
Дали ќе дојде до употребата на нуклеарното оружје, тоа претставува отворено прашање. Но, веројатноста за нуклеарен Армагедон расте од ден на ден. Сосема е јасно, а многу американски воени команданти (каков што е поранешниот американски командант за Европа, Бен Хоџис) отворено го изјавуваат тоа, дека Западот нема да биде задоволен само со нашето целосно повлекување од територијата на поранешна Украина, туку дека треба да завршиме на нашата сопствена почва, притоа настојувајќи на „безусловното предавање“ (Јенс Столтенберг), односно на „деимперијализацијата“ (Бен Хоџис) и распарчувањето на Русија.
Во 1991-та година, Западот беше задоволен со распадот на СССР и нашето идеолошко предавање, првенствено со прифаќањето на западната либерална идеологија, и политичкиот систем и економијата под западното раководство. Денес, црвената линија за Западот е постоењето на суверената Русија, дури и во рамките на границите на самата Руска Федерација.
Контранападот на вооружените сили на Украина во областа на Харков е директен напад на Западот врз Русија. Сите знаат дека оваа офанзива беше организирана, подготвена и опремена од воената команда на САД и НАТО, и се одвиваше под нивниот директен надзор. Тоа не беше само употребата на воената опрема на НАТО, туку и директното вклучување на западното воздухопловно разузнавање, платениците и инструкторите. Во очите на Западот, ова е почетокот на „нашиот крај“. Штом еднаш направивме слабост во одбраната на териториите под нашата контрола во областа на Харков, можеме дополнително да бидеме поразени. Ова не е мал успех на контраофанзивата на Киев, туку првиот опиплив успех на Drang nach Osten на силите на НАТО.
Се разбира, може да се обидеме ова да го припишеме на привремените „технички потешкотии“ и да ја одложиме суштинската анализа на ситуацијата за подоцна. Но, тоа само би го одложило осознавањето на fait accompli кое на тој начин само ќе нè депримира и деморализира.
Затоа, вреди ладно да се признае дека Западот ни објави војна и дека тој веќе ја води војната. Ние не ја избравме оваа војна, ниту ја сакавме. Дури и во 1941-та година не сакавме војна со нацистичката Германија и одбивме да веруваме во неа до самиот крај. Но, во сегашната ситуација, кога de facto се води војната против нас, тоа не е пресудно. Единственото нешто што е важно сега, е да победиме, со одбрана на правото на Русија да ја биде.
Крајот на СВО
СВО, како ограничена операција за ослободувањето на Донбас и некои територии во Новорусија, дојде до својот крај. Постепено се дегенерира во полноправна војна со Западот, во која, всушност, самиот нацистичко-терористички режим во Киев игра инструментална улога. Обидот да се опсадат и да се ослободат некои од украинските територии во Новорусија кои се под контролата на нацистите, додека се воспоставува постојната геополитичка рамнотежа во светот, како техничка операција, не успеа, и сега се преправаме дека едноставно ја продолжуваме СВО – и тоа некаде на периферијата од вниманието на јавноста – едноставно, тоа е залудно.
Надвор од нашата волја, сега сме во војната и тоа влијае на секој руски државјанин: секој од нас е во ќорсокакот на непријателот, терористот, снајперистот, на диверзантско-извидувачките групи.
Сепак, ситуацијата е таква што, со оглед на сите работи, невозможно е да се врати сè во првобитните услови – пред 24-ти февруари 2022-та година. Она што се случи е неповратно и не смееме да се плашиме од било какви отстапки или компромиси од нашата страна. Непријателот ќе го прифати само нашето целосно предавање, потчинување, распарчување и окупација. Така што едноставно немаме избор.
Крајот на СВО значи потребата од темелната преобразба на целокупниот политички и општествен систем на современата Русија – да се постави земјата на воената основа – во политиката, економијата, културата и во сферата на информациите. СВО можеби остана важна, но не и единствената содржина во рускиот општествен живот. Војната со Западот потчинува сè.

Идеолошкиот фронт
Русија е во состојба на идеолошката војна. Вредностите што ги брани глобалистичкиот Запад – ЛГБТ, легализацијата на перверзијата, дрогата, спојот на човекот и машината, целосното мешање преку неконтролираната миграција итн. – се нераскинливо поврзани со нивниот идеолошки фронт – се нераскинливо поврзани со нивната политичко-воена хегемонија и нивниот униполарен систем. Западниот либерализам и глобалната политичко-воена и економска доминација на САД и НАТО, се всушност едно-те-исто. Апсурдно е да се бориме со Западот и да ги прифаќаме (дури и делумно) нивните вредности, за кои во нивно име водат војна против нас, војната за уништување.
Нашата сопствена идеологија, не само што би ни била „корисна“ денес; доколку не поседуваме своја, ќе изгубиме. Западот ќе продолжи да нè напаѓа и однадвор, со вооружените и обучените украински нацисти, и одвнатре, со секогаш либералната петта колона, која лукаво ги корумпира умовите и душите на помладите генерации. Без нашата идеологија, јасно дефинирајќи кој е пријател, а кој непријател, би се нашле во една таква ситуација во која ќе сме речиси немоќни.
Идеологијата мора веднаш да се декларира, и нејзината суштина мора да биде во целосното и директното отфрлање на западната идеологија, глобализмот и тоталитарниот либерализам, со сите нејзини инструментални подвидови – вклучително и неонацизмот, расизмот и екстремизмот.
Мобилизацијата
Мобилизацијата е неизбежна. Војната ги погодува сите, но и сè, додека мобилизацијата пак не значи насилното испраќање на воените регрути на фронтот, тоа може и да се избегне, на пример, со создавањето на целосно доброволно движење, со сите потребни придобивки и државната поддршка.
Мораме да се фокусираме на ветераните и на посебната поддршка за новоруските воини. Русија има малку од нив, но поддржувачи има и во странство. Не треба да се срамиме да создаваме антинацистички и антиглобалистички интербригади составени од чесните луѓе, од Истокот и од Западот.
Пред сè, не треба да ги потценуваме Русите. Ние сме херојски народ. Под голема цена, но против страшен непријател, победивме не еднаш или двапати во нашата славна историја. Пак ќе бидеме победници, макар и во војната против Западот, и овој пат тоа ќе биде народна војна. Ги добиваме народните војни, војни во кои големиот народ се разбудил да се бори.
Мобилизацијата подразбира целосна промена и на информациската политика. Рамките за времињата без војна (кои во суштина претставуваат слепо копирање на западни програми и стратегии за забава, и кои не создаваат ништо друго освен корумпирано општество) мора да бидат укинати. Телевизијата и медиумите, воопшто, треба да станат алатки на воената патриотска мобилизација. Сите концерти на фронтот, да бидат исто така и на домашниот фронт. Веќе почна малку по малку, но засега зафаќаат само мал дел од каналите. А тоа всушност треба да биде насекаде.
Културата, информациите, образованието, просветата, политиката, социјалната сфера: сè мора да работи едногласно за војната, т.е. за победата.
Економијата
Секоја суверена земја може да издава државна валута онолку колку што ѝ е потребно. Доколку е навистина суверена. Војната со Западот го прави бесмислено продолжувањето со економските игри според своите правила. Воената економија може да биде само суверената. Победата треба да потроши онолку колку што тоа е потребно. Потребно е само сигурноста дека прашањето е сконцентрирано во посебното коло за стратешките цели. Корупцијата во таквите околности треба да се поистоветува со военото злосторство.
Војната и удобноста се неспојливи. Удобноста како цел, како референтна точка во животот, мора да се напушти; само народите подготвени за тешкотии се способните да ги добијат вистинските војни.
Во овие ситуации секогаш постои нова сорта на економисти чија цел е да ја спасат државата, особено оваа. Догмите, училиштата, методите и пристапите се споредни.
Таквата економија можеме да ја наречеме мобилизациска економија, или пак едноставно воена економија.
Нашите сојузници
Во секоја војна, улогата на сојузниците е исклучително важна. Денес Русија нема толку многу сојузници, но сепак тие постојат. Пред сè, зборуваме за оние земји кои го отфрлаат западниот либерален и униполарен поредок. Тие се поборниците на мултиполаризмот како Кина, Иран, Северна Кореја, Србија, Сирија, ЦАР, Мали, но и до одреден степен Индија, Турција, некои исламски, африкански и латиноамерикански земји (особено Куба, Никарагва и Венецуела).
За да се сретнеме со нив, мора да се мобилизираат сите расположливи ресурси, не само професионалната, туку и народната дипломатија, а за ова повторно е потребна идеологијата. Мораме да ги убедиме нашите сојузници дека решивме да направиме неповратен прекин со глобализмот и западната хегемонија и дека сме подготвени да одиме до крај во изградбата на многуполарниот свет. Тука мора да бидеме доследни и решителни. Времето на полутонови и компромиси заврши. Војната на Западот против Русија го дели човештвото на различните страни од барикадите.
Духовниот фактор
Во срцето на глобалниот судир што започна е духовниот, верскиот поглед. Русија е во војна со антирелигиозната цивилизација која се бори против Бог и ги урива самите основи на духовните и моралните вредности: Бог, Црквата, семејството, полот, човекот. Со сите разлики меѓу Православието, традиционалниот ислам, јудаизмот, хиндуизмот или будизмот, сите вери и култури изградени врз нив ја препознаваат божествената Вистина, високото духовно и морално достоинство на човекот, почитувајќи ги традициите и институциите – државата, семејството, општинскиот живот. Современиот Запад го укина сето ова, заменувајќи го со виртуелната реалност, екстремниот индивидуализам, уништувањето на полот, универзалниот надзор, тоталитарната „култура на укинување“, општеството на поствистината.
Отворениот сатанизам и отворениот расизам цветаат во Украина, а Западот само ги поддржува нив.
Си имаме работа со она што православните старци го нарекуваат како „цивилизацијата на Антихристот“. Затоа, улогата на Русија е да ги обедини верниците од различните вери во оваа решавачка битка.
Не смеете да чекате светскиот непријател да ви го уништи домот, да ви го убие сопружникот, синот или ќерката… Во одреден момент ќе биде предоцна. Не дај Боже да доживееме таков момент.
Непријателската офанзива во областа на Харков е токму тоа: почетокот на вистинската војна на Западот против нас.
Западот ја обзнанува својата намера да започне војна за уништување против нас – „Третата“ светска војна. Мора да го собереме целиот наш потенцијал од длабочината на народот за да го одбиеме овој напад. Со сите средства: мислата, воената сила, економијата, културата, уметноста, внатрешната мобилизација на сите државни структури и на секој од нас.
Авторот на текстот е светски познат мислител, професор, политички аналитичар, советник и руски геостратег.
Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.
Извор: Tsargrad.tv