2-РИ ЖИТАР (ИЛИНДЕН) – ШТО НАПРАВИВМЕ И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ??

Што направивме ? 2018-2022

Под оваа прашање доколку мислиме да се појаснуваме за сегашнава владејачка класа, која себеси милува да се нарече (политичка, општествена) „елита“, бесцелно ќе ни мине времето и всушност дијалогот би ни бил многу краток, доколку искрено се води. Но затоа можеме само да подвлечеме неколку забелешки за таа наша наметната „елита“, колку да се истакне она што веќе е кристално јасно и претставува јавна тајна:

  • имаме целосно кукавичка, неспособна и целосно идиотизирана „елита“;
  • влезот во тоа „елитно“ општество чини однапред потврдена послушност и забележани лични маани и недостатоци, со цел идно ефективно и успешно остварување на листата на задачите, зададени од странските амбасади, странските агенти, НВО-ата, за странските национални интереси, кои се задаваат како услов при влезот во тоа „елитно“ (под)општество; и
  • не наидовме на позитивен пример на промена на страните на некој од таа „елита“ кон елита (вистинска, аристократска), туку имаме обратни, негативни примери, со премин кон (послушната и зависната, колонизирана) „елита“!

Од горенаведените забелешки заклучуваме зошто дијалогот би бил бесцелен и краток, и заклучуваме дека станува збор за неповолни општествени услови, каде корупцијата и идиотизмот се откинале од рамнотежата и задале преовладувачки удел на односите во Македонија.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН!

Но кога зборуваме за народот, има цел зошто да се води дијалогот. А целта е суштината на второто прашање, односно што би требало да правиме, за однапред да знаеме, и конечно да оствариме ефективна македонска ника (победа)!

Една од главните грешки на Македонскиот народ, е во начинот на размислувањето (не целокупниот) туку во оној, политичкиот дел од умот, особено кога станува збор за извршувањето и спроведувањето на одредените идеи. Дали од себенедовербата, од слабата самоувереност во своите можности и очигледната огромна креативност која ја поседуваме како народ, и/или пак од стравот од помислата „што потоа?“, секогаш она што сме намислиле да го сработиме, а е (или би било) благотворно за промакедонските интереси, лесно го препуштаме на некој друг, или барем во најмала рака го очекуваме лесно од некој друг!

Тој друг најчесто во мислите се јавува некоја друга голема странска сила. Но големите сили, скоро секоја бара соработка со официјална, присутна во државната власт страна, односно соработка со веќе етаблирана страна во општеството, а во поновиот период пак, скоро секоја од големите сили, најверојатно поттикнати од однесувањето на „елитата“, нè нуди како награда во преговорите со соседните држави и власти, или нас веќе нè гледаат повеќе како објект, а не како субјект во меѓународните односи.

А во помал случај, во поновиот период (во постариот, тоа беше повеќе на случај), во мислите се јавува некоја партија со нејзиниот лидер присутни во Собранието.

Во секој случај ако ги прифатиме трите горенаведени точки како за ноторни факти, многу лесно би го избегнале овој, очигледно погрешен дел од нашето вообичаено размислување.

Пострашното се состои во следново: доколку логички разбереме до кој степен нè довел тој погрешен дел од нашето размислување, ќе заклучиме дека само со употреба на сила, ќе разберат дека ние како народ сме всушност субјект, дека не претставуваме, дека претставува недоразбирање и дека не е нашата волја тоа, ниту пак дека посакуваме да сме објект – привидот кој е придобиен благодарение на нашата „елита“. Страшното е во моментот кога се употребува силата – тогаш секогаш има жртви, без разлика дали од едната страна или од другата, или пак од двете страни кои се јавуваат во случајот.

Тоа мора да го прифатиме како нешто нормално во оваа ситуација, во овој степен до кој сме дошле, затоа што тоа е цената на погрешното колективно размислување! Цената секогаш доаѓа, и никој не ја простува на земскиот свет! Мора да го прифатиме (само)жртвувањето како дел од нашиот секојдневен живот, и дали таа болка ќе ја почувствуваме од поединечното (само)жртвување, од (само)жртвувањето на ближниот, или крајно, од болката која ќе ја почувствуваме од (само)жртвувањето на некој кој не го знаеме лично а е дел од овој народ – болка која сигурно настанува кај нормалните и човекољубивите луѓе – сето тоа претставува (и мора да се подразбира) во контекстот за идното добро на овој народ, на домот, на семејството! Во спротивно: доколку не ја прифаќаме оваа појава, која зачестено ќе ја гледаме (сакале-нејќеле), или ќе доживееме погибел од срамот, нервирањето, од мизерниот, недостоинствениот и ропскиот живот, со минималното материјално преживување, исполнето со ескапизмот преку алкохолот, дрогата, сериите, спортот и во бесцелните долгочасовни дебатни и аналитички емисии; или пак со отворени сетила, односно со ушите ќе ја чуеме и со очите ќе ја видиме, со носот ќе ја помирисаме и со рацете ќе ја допреме, и ќе ја вкусиме т.е. ќе го прифатиме целосниот спектрум на вистината и фактичката состојба, колку и да нè боли, колку и да ни се непријатни звукот, погледот, мирисот, вкусот… со дразбите ќе се соочиме храбро, и по ова ќе смислуваме и извршуваме, активно, решенија за оваа незгодна ситуација во која упаднавме несмасно и многу ниско. Во тој случај, се случува преображението во умот, бидејќи сè добива смисла, и конечно можеме да станеме хероите на идните генерации, а пак оние кои активно учествувале на ваков начин ќе бидат уважените од идното ново и славно македонско општество!

Со последните реченици на овој дел од статијата, всушност почнуваме да преминуваме на второто прашање од насловот…

Што треба да правиме ? 2022–?

Жртвата мора да ја прифатиме, затоа што ние како Македонци, сме доведени во ситуација во која нема веќе потреба да се поставуваат прашањата дали да се употреби силата, или дали да се радикализира состојбата, односно дали да се преземаат радикалните чекори; туку вистинските прашања се како и кога да се употреби силата и како и кога да се преземаат радикалните чекори!??

Исто така, дека сепак сме доживеале одредена еволуција кон овој правец, односно дека сме (свесно или несвесно, но природно стасани таму) со мислите кон пократкиот пат кон реализацијата и извршувањето на силата и радикалните чекори, говорат случувањата на најновите протести од кои излезе вест дека имало повредени 50-тина полициски службеници на „Република Северна Македонија“, заедно со кој-знае-колку повредени и приведени лица од Македонскиот народ, но и сè почестите секојдневни радикални и искрени повици од обичните (во суштина мирољубиви) луѓе, кои се присутни по социјалните мрежи.

Зголемување на притисокот за радикализација на партиите „ВМРО“-ДП„М“НЕ и Левица

Најавата за референдумскиот настан претставува замајување и нормализација на состојбата, конечно и обид за „чисти раце“ и избегнување/префрлање на одговорност. Затоа е бесцелен и дијалогот и за овој веќе виден обид/настан!

Од трите горенаведени забелешки, во првиот дел од статијата, кои претставуваат ноторни факти за „елитата“, сфаќаме дека од нив не треба да очекуваме тие да ја завршат работата, но и покрај тоа за почеток треба да се обидеме со следниов трик:

  • „ВМРО“-ДП„М“НЕ и Левица, се дел од „елитата“ со самото нивно присуство во Собранието, и тоа (за жал неколку пати потврдено) од онаа кукавичката и послушната, бидејќи ништо не спречија – затоа и ова веќе е ноторен факт;
  • но двете партии имаат сврзник – а тоа е популизмот, тие манипулираат со тоа, тоа им е алатката, едната со десниот популизам, другата со левиот популизам, односно реториката мора секогаш да им оди заедно со мислењето на народот;
  • што значи партијата СДС„М“, смислува начин (а кутрите никако не можат) како да го изманипулира народот дека ни чини добро со наметнатата а од нив предизвиканата колонизаторска и подредена состојба, и состојба во која го губиме нашиот автентичен идентитет, додека овие две популистички партии смислуваат начин како да го изманипулираат народот, дека тие се со народот и дека тие се „вистинската елита“ – тука овие две партии се фаќаат за ставање под притисокот, додека СДС„М“ е ослободена од ваквиот тип на притисок (не дека тие не се под никаков притисок), туку нивниот притисок е од поинаков тип, и се состои од, макар привидното продолжување на никогаш достапните ЕУ-интеграции, по секоја цена. Накратко нивната теза е: народната визија за Македонија е погрешната, додека нивната („елитистичката“) е „правилната“, „вистинската“!

Ако разбираме со каква „елита“ си имаме работа, и на кој начин се обидуваат да нè изманипулираат, ние ќе можеме да се ставиме во положба, популистичките партии, ние нив да ги манипулираме, и тоа на многу едноставен начин: со јавен приказ дека имаме зголемени очекувања од нив, дека веќе јавно искажаниот збор и реториката не вредат ништо, и јасно да им доставиме на увид дека сме умствено созреани со размислувањето за скратен и брз пат од помислата на радикалните чекори до извршувањето на радикалните чекори, и тоа без непотребните блокирачки прашања кои одземаат време насред во размислувањето, со помислата „дали требаат радикалните чекори“! Едноставно бараме резултати и победи!

„ВМРО“-ДП„М“НЕ и Левица, секогаш мораат да одат со мислењето на народот, бидејќи се заглавени со сопствената манипулаторска и популистичка реторика; доколку не содејствуваат (а повеќе верувам дека нема да содејствуваат) со зголемените очекувања и повиците за конечна радикализација, власта ќе стане со сигурност никогаш освојлива за „ВМРО“-ДП„М“НЕ, а пак Левица со своевиден ризик, ќе се претвори во вон-парламентарна партија!

На „ВМРО“-ДП„М“НЕ и Левица, не треба да им се верува, ниту пак да се очекува од нив некоја суштинска промена, тоа бара кадровски и структурални промени внатре во тие партии, што претставува практично невозможна работа, но кога веќе се дрзнале да нè манипулираат – зошто да не се дрзнеме и ние нив да ги манипулираме!? Ветувајте ако треба и наводни гласови, зошто да не, па и земајте им и пари, и тоа зошто да не! Но секогаш во радикално расположение и со високи очекувања!

Ние немаме дијаспора, ние имаме принудно иселеништво

По најновите срамни случувања, освен што народот сè повеќе разбира дека само насилното решение е решението, сè повеќе разбира и дека многумината, особено возрасно помладиот дел, се принудени материјалните средства кои се обезбедуваат на достоинствениот начин, да ги бараат надвор од „Република Северна Македонија“! Условите се така направени, да на Македонецот му се оставени минималните шанси, речиси му е оставена само среќата, за да стекне материјална база со која би имал независност и егзистенција во тој дел. Но тоа веќе не е дијаспора, бидејќи согласно овдешните услови, разбираме дека тие со намера прават Македонецот (оној единствениот кој ја има наводно погрешната и непоправливата визија за суверена Македонија) или да е зависен и во недостоен живот, или да биде принудно протеран во иселеништвото! „Република Северна Македонија“ не е веќе држава на Македонскиот народ, иако е држава создадена од долгата и големата жртва на Македонскиот народ, туку таа сега е сечија, наводно на сите граѓани на „Република Северна Македонија“, во која Македонскиот народ претставува најнепосакуваниот дел и делот кој е намерен за десеткување во број од тоа граѓанство. Тоа ни го покажа и манипулацијата со последниот „попис“ на идиотот Апостол Симовски.

Така осознавајќи ја полната вистина со сите сетила и непријатните дразби, јасно ни е дека овие услови, помешани со доза на разочараност и огорченост, во блиска иднина ќе вродат со омасовување на иселувањето од државата!

Но потребно е народот тука и луѓето кои ќе се иселуваат или веќе се дел од македонското иселеништво, нивниот иселенички статус да го подразбираат правилно: како насилно и принудно иселени луѓе од Македонија, или како дел од принудното политичко иселеништво!

Таквото размислување има позитивни заклучоци за понатаму, бидејќи луѓето веќе нема да имаат срам зошто се иселиле, а пак народот нема да обвинува за „бегство“. Кога веќе сте принудени на иселувањето, не станувајте идиоти и незаинтересирани за македонските работи, туку создавајте материјална база, имајте мисла за враќање назад во Македонија, и гледајте со презир кон тамошната општо-развратна култура (најчесто луѓето се иселуваат за работа во западните земји), затоа што колективниот Запад, активно учествуваше и учествува во вашето принудно иселување од Македонија. Учете ги децата и оттаму на македонскиот јазик, Вера и историја, за да не станат безидејни единки во нихилистичката, глобализираната и технотронската биолошка маса. Создавајте независни од тукашниве парламентарни партии, клубови и здруженија со промакедонскиот мотив, и создавајте своја мрежа на доверливи луѓе во тамошното место во иселеништвото – тоа е најтешкиот и единствениот ефективен начин. Праќањето голема сума на пари на сомнителните луѓе тука, е најлесниот начин да ја смирите вашата совест, а тоа практично значи ништо, односно потврдено без ефект, тука. Само така принудното политичко иселеништво ќе ви претставува еден дел од вашиот живот, а не судбина!

А впрочем со технолошките уреди, многу добро сето тоа може да се прави, дури и активно да се учествува, поттикнува, организира и помага на народот тука!

Да запомниме: разбраа дека не е доволно промената на македонските етнички симболи и името на државата, туку им е потребна и согласноста за тоа, од мнозинскиот дел од населението; и единствен начин тоа да го изведат е преку активното (постојаното) обезвреднување на улогата и учеството во општеството на Македонецот, како и неговото десеткување преку принудното иселување. Сега сме „виновни“ и ни се суди и заради нашата непроменлива визија!

Еруптивните моменти на радикализацијата и употребата на сила се најавените уставни промени

Практично дојдовме до самиот крај на тоа „да се биде или не“. Со Пржино – официјално започна приказната, а со најавата на преговорите за временски неограничените ЕУ-интеграции – официјално завршува приказната!

Доброто е во тоа што колективниот Запад смета дека работата за нив во Македонија претставува веќе завршена, имаат други проблеми на кои ќе се фокусираат, и така тие веќе не ни очекуваат промена во текот, (за волја на вистината ниедна друга светска сила тоа не го очекува во Македонија); затоа што премногу нè потценуваат – тоа е нашата предност – ефектот на шокот и изненадувањето!

За разлика од претставниците на колективниот Запад, нашата „елита“ е преплашена, и се гледа стравот во нивните поданички и недостоинствени очи, а има и зошто: не знаат како ќе се заврши војната во Украина, не го знаат исходот по завршувањето на војната во Украина, не знаат до кога ќе лажат за евроинтеграциите, што ако ЕУ престане да постои, не знаат до кога колективниот Запад ќе ги менаџира и ќе дава совети на „елитава“ фокусирано, за проблемите во Македонија, не знаат до кога колективниот Запад ќе финансира, не знаат до кога ќе можат да се задолжуваат, не знаат до кога ќе можат да го оддржуваат скапаниот систем и не знаат како на крајот народот ќе дејствува и како ќе казни!

А не знаеме и ние, Македонскиот народ – дали ќе нè биде или не! Но што остана да изгубиме!?

Во оваа огромна неизвесност, извесно е следново: повеќе постојат и преовладуваат бесот, фрустрацијата и очајот кај Македонскиот народ, одошто стравот. Кај „елитава“ постои преовладувачкиот страв и фрустрација. Тоа практично значи дека ние сме во поголема психолошка предност!

Ерупцијата која подолго временски ќе трае, ќе се случи кога ќе се менува, веќе сменетиот и веќе непоправливиот Устав на „Република Северна Македонија“. И овој Устав може да се врати во претходна состојба од 2018-та, односно како Уставот на Република Македонија, само заради правно-позитивистичкиот континуитет со АСНОМ, но тоа е друга сериозна и долга тема.

Суштината сега претставуваат најавените временски точки кои ќе бидат еруптивните моменти на емоционалниот излив, односно насочувањето на големата енергија кон ефективното извршување на радикалните чекори! Со насилно преземаната власт од Македонскиот народ, кое всушност ни претставува единственото решение, ќе предизвикаме шок во светската јавност, но и уважување во меѓународните односи, како субјект и народ, каде во истите моменти, по раширувањето на таа вест, ќе пристигнат понуди за продлабочена соработка од Руската Федерација, најверојатно и од Кина, како следната суперсила, но дури и од САД, како предводникот на колективниот Запад, кој можеби ќе ни понуди сè, за да останеме, макар само de-jure во НАТО, и со тоа да го ублажи геостратешкиот шок и пораз на Полуостровот и во Европа.

Идејата за насилното преземање на власта од страна на Македонскиот народ, може да се нарече Востание, Бунт, или пак (според мене најсоодветното) Контрареволуција (на увезената „Шарена револуција“), сепак само спроведувањето на оваа велеидеја, колку тоа и да звучи вознемирувачко и колку тоа и да бара жртви, само тоа во моментов ни претставува достапно како наш билет за кон иднината!

Авторот на текстот е дипломиран правник, автор на книгата „Василија – архитема на новото општество“, архиграматевс на книжевно-филозофскиот кружок „Полигрозд“, припадник на првата генерација дипломци од Балканската Школа за Геополитика и гостин-набљудувач на Собирите на Меѓународното евроазиско движење.