САМОУНИШТУВАЊЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО

Ударната фраза, „Бог е мртов” е поетски израз на современото неверување. Многу е изразено во оваа фраза која не може да се пронајде во повеќе прозни изрази на современиот атеизам и агностицизам. Живописна разлика е воспоставена помеѓу претходниот период кога човекот веруваше во Бог и го базираше животот и установите според Него, со новиот период за чии жители, наводно, оваа некогаш сепросветлувачко сонце стана избришано, морајќи на животот и општеството да му се овозможи нов правец.

Фразата, самата по себе очигледно измислена од Ниче пред речиси еден век, беше долго време користена за изразување на ставовите на релативно неколкуте непријатели на Христијанството, пред се „егзистенцијалистите”; но во поново време предизвика контроверзии со тоа што се прифати и во радикални Протестантски кругови, и не престана да биде загриженост на јавното новинарство и медиумите. Јасно е дека емоционалниот израз во Западното општество е погодено во целина; јавниот интерес за „смртта на Бог” го направи овој феномен еден од знаците на времето.

За да се разбере што овој знак претставува, првин мора да се спознае неговиот историски контекст. По својата природа претставува негација-реакција против неплотскиот Христијански поглед на светот, кој го нагласува аскетизмот и „невидливата војна” против ѓаволот и светот, со цел да се добие вечната радост преку соединувањето со Бога во Небесното Владение. Основачите на новата филозофија го прогласија Христијанскиот Бог „мртов” и прокламираа човек за бог на Неговото место. Оваа гледиште е само последната фаза на современата борба против Христијанството, која резултираше денес во речиси универзален триумф на неверување.

Меѓутоа, современите контроверзии, насочуваат за нов и необичен феномен: сега „Христијаните” се тие кои се неверници. Сепак, во смисла на тоа логична е кулминацијата на еден историски процес кој започна во Западот со расколот на Црквата на Рим. Одвоени над девет века, од Црквата Христова, Западното Христијанство поседува само постојано испарување на остатокот од вистинското Христијанство сочувано од страна на Светата Ортодоксија. Денес процесот е речиси завршен и голем број на Католици и Протестанти се тешко претпознатливи од неверниците; и ако тие се уште се нарекуваат себеси „Христијани”, тоа може да биде само затоа што за нив самото Христијанство се претвори во спротивното: верба во светот(плотта). Во ова може да се набљудува она што еден Православен мислител го вели како „самоуништување на Христијанството”: Христијанство поткопано одвнатре од своите претставници кои бараат целосно сообразување со светот.

Чудна парарела со оваа нова „теологија” стана вообичаено на крајот од „литургискиот” живот на Западот. Широкораспространет публицитет и беше даден на почетокот на оваа година [1966] на „рокенрол”-услугата во црквата Стар Југ во Бостон, каде на тинејџерите им беше дозволено да танцуваат во ходниците на црквата во придружба на бучна и популарна музика. Во Католичките цркви „џез масите” станаа сѐ повеќе и сѐ почести. Привидната намера на оние кои се одговорни за овие појави е иста како онаа на радикалните „теолози”: да се направи верата повеќе „реална” на современите луѓе. Со тоа тие го признаваат она што е очигледно за Православните набљудувачи: дека религиозниот живот во голема мера е мртов во Западното Христијанство; но тие несвесно откриваат дури повеќе: неможејќи да направат разлика помеѓу црквата и денсхолот, помеѓу Христа и светот, откриваат дека Бог е мртов во нивните срца и само овоземната возбуда е способна за предизвикување одговор во себе и во нивните „пост-Христијански” стада.

Фрескоживопис од црквата Св. Ѓорѓи, Скопска Црна Гора

img_20160921_051003

Но кон што сево ова крајно завршува? Нашиот Господ, кога пророкуваше за доаѓањето на Антихристот, зборуваше за мерзоста на запустението како стои на светото место (Свети Матеј 24:15); и Свети Павле зборува за непријателот на Бог како седи во Божјиот храм (II Солун. 2:4) – и тоа ќе се случи, според Свети Јован Златоуст, „во секоја Црква”. Зарем овој „Христијански атеизам”, зарем овие богохулни „богослужби”, и зарем прифаќањето на дури најнепристојните вулгарни манифестации онаму каде луѓето се уште ги сметаат местата за свети, веќе не го припремаат патот за таа цел и не даде дури еден предвкус на тоа?

За Западното Христијанство Бог е навистина мртов, и нејзините лидери само се подготвуваат за доаѓањето на непријателот на Бога, Антихристот. Но, Православните Христијани знаат за живиот Бог и живеат во рамки целосно да ја сочуваат Неговата Вистинска Црква. Тоа е тука, во верното и страственото следење на непроменливата Православна патека – а не во блескавите „екуменални” унии со новите неверници кои се туркаат од страна на Православните модернисти – со тоа нашиот спас ке биде пронајден.

Orthodox Word, бр. 9, јули / август, 1966 година. 

Оригиналниот текст е преземен од сајтот deathtotheworld.com и е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.