СЛАБОСТИ И ПРЕДНОСТИ НА КАПИТАЛИЗМОТ – ПРВ ДЕЛ

Корените и суштината на капитализмот 

Капитализмот претставува една од најстара форма за уредувањето на економските односи во едно општество. Корените како и нејзината инспирација, потекнуваат од Римската Република. Затоа не случајно, сите оние општества кои ке достигнуваат капиталистички империум во еден географски реон, се повикуваат на римското право кои ги уредува односите, на римскиот начин на државното уредување и поделбата на општествената моќ, како и на римската симболика.

Roman_Eagle_SPQR - Poligrozd

Низ историјата имаме настани кои ни ја повторуваат истата лекција, за развојот, и како на мали деца покрај тоа што денес имаме многу повисоко позитивистичко образование, без “вмешување” на религиите и идеологиите, сепак на крајот и денес исти настани со иста содржина ги воочуваме, само понекогаш со малку видоизменета или различна симболика и форма. Односно ни се повторува многу пати процутот, стагнацијата и исчезнувањето – процес кој веќе претходно го напоменавме и појаснивме (види За настанокот и престанокот на империите), но со разлика во тоа што од Рим па до денес, имаме римска верзија на тој процес, најверојатно затоа што таа империја е најмногу проучувана. Римската верзија на тој процес го напоменувам, затоа што и пред Рим но и по Рим, на некои региони од светот се имало формирано различни империуми, кои во ист процес исчезнале но имале сосем друг правец, идеја и односи на кои тие се темелеле. Римската тогашна економија се базирала на приходи од експлоатирање на туѓи добра. И претходно имаме примери за такви економии кои се базирале на тоа, но сепак тие не придодавале толкав фокус колку што придодавале Римјаните со нивната алчност.

Инспирацијата или поточно потврдата за она што го работеле, Римјаните го нашле во Атина – затоа не случајно Рим со војсководецот Фламинин, ги преферирал Хелените во војната со Македонија (познати како македонско-римски војни), под изговорот за ослободување од ропството на василевсот Филип Петти.

Римската Република освен што експлоатирала туѓи добра и вредности, без притоа сериозно да ги разбере што значат и за што се создадени, најмногу од се ја експлоатирале човечката работна рака. Затоа со право Рим се нарекува робовладетелско општество.

Изговорите на Рим за таквото експлоатирање на соседните култури и народности, варирале зависно од потребите. Првичниот изговор им бил за заштита. Добар изговор за проширување во Калабрија и Апулија, им дал амбициозниот владетел Пир од Епир. По него постепено изговорот одел кон заштита од Италија, односно заштитата на римските интереси на Апенинскиот Полуостров, во заштита на римските интереси на островите Корзика, Сардинија и Сицилија. Откако и тука Рим ке постави своја власт и ке ја порази Картагина, веќе изговорот ја започнал својата промена во офанзивни елементи, односно ширење на ”цивилизацијата” во ”нецивилизираниот” дел од светот.

Ти Римјанину научи да владееш со народите, тоа ке биде твојата уметност, да донесуваш закони на мирот, да ги поштедиш победените и да ги совладуваш злобните” Енеида, стихови 847-853.

За да добие потполност оваа значење, римската цивилизација имала потреба себеси да се докаже како најнапредна. Знаејќи дека оружјето не го одредува степенот на напредноста кај една цивилизација и дека веќе има многу понапредна од неа во нејзина непосредна близина, Рим по поразот на Македонците постепено својата култура ја надоградувале врз базата на онаа цивилизација којашто ја оставил Александар Македонски и неговите наследници (Дијадосите). Цивилизација која претставувала многу напредна во тој период речиси во секој поглед. Откако Рим овој изговор ке го ојакне со постепеното надоградување на секое општествено поле, суштината, развојот и растот на римската економија ке биде во водење војни, заради создавање робовски маси и внесување на таа бесплатна работничка рака за римските потреби. Затоа многу племиња и народи од тој период, во списите се означени како варвари/варварски, додека Рим како “центарот” на цивилизацијата и прогресот.

Со овој начин на дејствување на капитализмот, Рим ке ги удри темелите на суштината на ваквата економија. Суштината се состои од тоа да економскиот раст и развојот на културата, се заснова на туѓи добра и труд, додека тој раст се остварува исклучиво под сила, дал со војни или со дипломатски притисоци или слично ним.

Културата на земјата која има капиталистичка перспектива и гледиште, се базира исклучиво на агресија на секое поле према другите култури, и строго го застапува машкиот принцип (кај Римјаните општествено изразено тогаш преку правото на pater familias). Агресивноста е неопходна затоа што растот на економијата е зависна од туѓа експлоатација, но претставува и најбрз можен начин за остварување на раст. Кога агресивноста опаѓа во културите базирани на овие темелни капиталистички односи, државата заедно со нејзините институции се соочува со стагнација на која подоцна и следи исчезнување или преобразување. Тоа всушност се случи и со историјата на стариот Рим.!

Овој почетен Римски Капитализам ги втемелува вредностите на овој модел. Тие столбови се: теоријата на супериорност (или во поновите векови позната појава како шовинизам), теоријата на сила (милитаризам), а се со цел добивање право на искористување и грабање (експлоатација на туѓи добра и вредности).

Римската култура исто така се карактеризира со одземање на културата од Источното Средоземје и вештачко вметнување во својата, додека сето тоа довело од поголемиот дел од римското население со величење и славење на материјализираната страна на “хеленизмот” (културата основана од Филип Втори, а раширена од Александар Трети) или ако сакате примена на нивната уметност и архитектура – естетика, притоа не разбирајќи го сосем процесот за настанокот на тие материјални добра, ниту разбирајќи ја сосем потребата и примената на истите.

Идеите на Рим, особено во правото, продолжиле да постојат во Источното Римско Царство, односно Ромејската Империја, која заради менталитетот и поголемото неримско културно влијание, растот на економијата не се базирал исклучиво на експлоатација на туѓите добра. Особено се намалила зависноста од робовската бесплатна рака, затоа што се увидело неодржливоста од таквиот однос према народните маси (постоело и перманентни незадоволства, буни, востанија), и кој истиот носел притисок за нови и нови војни. Ромејскиот економски систем, иаку имајќи примеси и од стариот римски, сепак главна гранка во почетните процути било семејното самопроизводство и трговијата (благодарение на воспоставувањето на христијанските општи вредности).

Ромејскиот изговор за ширење, освен во периодот на Јустинијан кој бил со офанзивни елементи и реторика (идејата за обнова на границите на старото Римско Царство), сепак по Јустинијан изговорите биле најчесто за заштита, со дефанзивни елементи сведена на просторот на границите од Источно Римско Царство по поделбата на Исток и Запад. Ромејската култура е онаа што ја имале на ум Цезар и Клеопатра во обид да ја создадат, а тоа е спој на римската култура со македонската (хеленистичката по зап. историогр.) култура. Во периодот на македонската династија и нивната ренесанса во Ромејското Царство, клучни сегменти претставувале од продуктот на македонската култура. Но во моментот кога идеите на македонската култура, начинот на живот, економијата и развојот дошле до израз во Источното Средоземје, во Западното, во ист период воскреснале и созревале идеите на римската култура во видоизменета форма. Па така растот кој од самопроизводството и од слободната трговија на широк терен довеле до огромен капитал на Истокот, исто толку огромен раст и желба добила идејата тоа да се одземе и насила да се присвои од Западот.

ПРОДОЛЖУВА

Текстот е извадок од книгата Василија-архитема на новото општество”, глава А, 2015 година.