Корените и суштината на комунизмот
Комунизмот претставува понов (замислен како иден) модел на економското уредување, кој според теоријата комунистичките односи би требало да ги наследат капиталистичките односи. Всушност кога зборуваме за комунизмот, тој никогаш не е постигнат во целост како што предвиделе нејзините основачи. Теорискиот дел на комунизмот го имаат креирано германскиот филозоф со еврејско потекло – Карл Маркс и неговиот пријател и ученик Фридрих Енгелс. За практичниот дел поголем придонес имаат придонесено руските социолози – поточно Владимир Ленин. Инспирацијата за креирањето на ваков модел, потекнува од француската револуционерна буна, која се случила во Париз. Оваа буна попозната како Париска комуна, во своето краткотрајно постоење имала креирано општество со голема благонаклоност кон социјалните мерки, затоа што и самата покрај што имала примеси од националното незадоволство, сепак како главен повод за буната биле социјалните нееднаквости.
Од Парискиот експеримент, Маркс добил инспирација за комунизмот. Тој во обид да го објасни човековото дејствување низ историјата, под влијание на учењето на германецот Хегел и филозофијата на дијалектиката, се обидува сето тоа да го објасни врз база на две научни гранки – и тоа преку дарвинизмот и преку анализата на западната варијанта на светската историја – историцизам. Го креирал методот на Историскиот материјализам. Главната идеја за овој метод е настанат под девизата “Човекот за да функционира, мора првин да јаде”. Па според оваа теоретска логика откако човекот се преобразил од мајмунолик преку труд во човеколико суштество (homo sapiens), тој првин почнал да се организира во ловечко-собирачко општество. Тоа воедно претставувало фаза каде што не се придодавало значај на општественото и сталежното уредување, туку заради фокусот што повеќе да се собере и складира неопходната храна, во овој период иаку речиси без никакви материјални или пишани докази, се утврдило дека општествените класи не постоеле. Тие постепено настанувале, како почнал да настанува процес на одвојување на населението по материјалната база, со богатење од вишокот собереното. Почнало и да се развива техниката на производството, па така оние кои биле водачи на тие првобитни општества, тие се огласиле како класа која ги поседува средствата на производството, додека останатите биле работничка маса, која била угнетувана и експлоатирана под разни изговори. Маркс понатаму констатира дека првичниот поголем развој на цивилизацијата, се случила во средоземниот басен во Европа со градовите-држави во Хелада. Со тоа тој всушност ја презема грешката на западните гледишта на историјата и митолошки оваа негова теорија ја поврзува со “мистичната Грција” и “мистичниот народ Грци”, кои би требало да претставуваат “лулка на цивилизацијата”. Маркс тука го оправдува делувањето на капитализмот и делувањето на градовите-држави во Хелада, подоцна и Рим оправдувајќи го развојот со експлоатацијата. Така јасно потврдил дека со ваквите економски модели, развој и раст има само доколку има и експлоатирани. Овој историски период кој Маркс го нарекува “грчки”, заедно со неговиот пријател Енгелс, уште го нарекуваат и како детски период на развојот на човекот, најверојатно затоа што од ова време имаме многу дела, теми и појаснувања кои се тесно поврзани со религиозните прашања (спој на науката со религијата). Не негирајќи ја привлечноста на културата и на тие народи, овие социолози ке истакнат:
“Кој возрасен човек не би посакал да се потсети на своето детство”
Дали луѓето од тој период претставувале деца или ние од овој, е прашање кое на секого сам му оставам да го размисли?.
Маркс ја користел поезијата и митовите, како би ја открил скриената суштина на класната угнетеност и борба. Па така италијанските градови-држави ги смета за први кои од феудализмот преминале во фазата на рани буржујски држави, односно држави со класа на луѓе кои капиталот го движат на приватна иницијатива за профит. Дали намерно или од незнаење, основачите на марксизмот за овој период, исто како претходно не појаснувајќи што поконкретно допридонело за “очовечување” на човекот, и овојпат не споменуваат што навистина предизвикало за таков ненадеен огромен капитал во рацете на бившо-крстоносните фамилии, и за такви нагли промени во општествените и економските односи во италијанските град-држави?. Класните разлики почнувале да се изоштруваат во тие општества, затоа што еден дел се збогатил од пљачкосувањето, а другиот останал на исто материјално ниво, какви што биле и пред крстоносните војни. Сепак оставајќи го недообразложено овој можеби најбитен момент, кој придонел за идниот развој на буржујската владејачка класа, тие продолжиле со историски материјализам кон идно истражување на литературните дела од ренесансниот период. Фокусот бил насочен кон прашањето за религијата и богопостоењето. Потребно е да истакнеме дека во тој период, заради фрустрацијата од политиките на Ватикан, спојот на црквата со збогатената класа, псевдо-верувањето како и разни злоупотреби од материјални побуди на свештеничките редови, речиси сите идеи, филозофии и размислувања кои произлегуваат од Западот во периодот на Маркс и Енгелс, одат директно или индиректно против религијата и црквата. Маркс тука вешто го искористува хуманизмот, кој реално како идеја се појавува на Апенинскиот Полуостров под влијанието од источно-ромејските филозофи, поточно од Гемисто Плетон. Тој како дел од нов бран на неоплатонистичката филозофија но и многу други, кои намерно заради злоупотреба во подоцнежно плагијаторство или ненамерно, ке останат како незнајни учители-поттикнувачи кон идеите на хуманизмот. Хуманизмот тие ке го сметаат како движење на ренесансата, кое е прапочеток на атеизмот, и кој настанал како последица на укинувањето на богопостоењето во срцата кај италијанските народи. И со ова недообјаснување на Маркс, околу тоа што всушност допридонело за таква филозофија на хуманизмот, буквално со својата теорија убедува а не објаснува по трет пат за клучните моменти во текот на историската дијалектика. Убедувањето е во некој вид на еурека (Архимед). Одеднаш се присетил некој кој живеел на денешна територија на Италија да нема потреба од црква и религија и да човекот треба сам да е во центарот на своето внимание – тука сериозно се манифестира незнаењето дека во повеќето верски филозофии, хуманистичкиот дел воопшто не е изоставен. И така сè одеднаш, првин настанал човекот како посебна биолошка категорија, буржујот како материјална класна категорија, како и настанокот на хуманизмот како доминантно движење во ренесансниот период???. Дека навистина постои недореченост (дупки) во теоријата за настанокот на марксовиот хуманизам и поврзаноста со атеизмот, лесно ке воочиме доколку навлеземе во делата и идеите на неоплатонистите од античкиот и ромејскиот период. Истите – точно дека за главно внимание и прашање го имаат развојот на човековото тело и човековиот ум но секогаш во корелација со богопостоењето, кој најчесто го замислувале преку Панта, односно пантеизмот или ако сакате верување дека богопостоењето е сè што можеме и сè што неможеме да почувствуваме со своите сетила во природата. Дури ни во најрадикални филозофии на негирање настанати од Истокот, како што е скептицизмот, од нивните мислители не наидуваме на негирањето кон Богот. Токму заради вакви гледишта на историјата, претходно ги потенцирав моментите на неприродното (ад хок) преземање на туѓите културни вредности, кој на западната култура често им се повторува – нивното избрзано применување во своите култури и која заради недореченоста на истата кај себе си, односно фокус само на материјализираниот дел, таа практично е неодржлива кај нив.
Слободно можам да истакнам дека, погрешното согледување на минатото, сурово казнува со погрешна визија кон иднината.
Сепак атеизмот, искористувајќи го хуманистичкиот мотив на комунизмот, се наметнал како верување во голем дел од светската популација, каде опстојува и денес, исто така во голем број. Откако се оправдал материјализмот и на материјализмот почнало да се гледа како на главен двигател на човековиот развој и човечката цивилизација во методот на марксистите, за главни теми и прашања се наметнале социјалните права и борба за еднаквости. Поточно постои обид да се докаже дека промените во општествата во минатото и денес, се заради видоизменета внатрешна состојба помеѓу класите на оние кои ги поседуваат средствата на производството и оние кои учествуваат во истите како работна рака. Така настанала теоријата за класната борба, придодавајќи на секоја буна низ историјата, скриено и нескриено незадоволство за социјални права. Во тој прв период по Индустриската Револуција, банкарскиот систем и технолошките откритија, создале голем број на невработени луѓе и социјална нестабилност. Таа појава била главна тема за цела Европа. Поточно производството од мануфактурното рачно, се заменило со механичко машинско производство. Често Англичаните ке истакнуваат дека “овците ги изедоја луѓето”, односно дека ги изгубиле нивните работни места. Маркс под влијанието на социјалната несигурност, а со тоа и зголемената класна нетрпеливост, прави комунистичката теорија да е во поглед на економските односи кои се одвиваат исклучиво во градовите односно положбата на индустриските работници, занемарувајќи ја руралната средина и економските односи кои се одвиваат таму. Маркс ке истакнува дека и се восхитува на римскиот робовладетелски тип и на британско-францускиот тип на капитализам, кои довеле до тоа да “човекот e поразвиено свесно суштество” и затоа, заради наводната технолошка заостанатост, во периодите на робовладетелството и заради несовршеност на средствата на производството, експлоатацијата претставувала нужно зло. Во писмото до Павел Василевич Аненков, во 1846 година ке појасни:
“Во однос со ропството, нема потреба да зборувам за лошите аспекти. Единствена работа која дава објаснение е добрата страна на ропството. Не мислам на индиректно ропство, поистоветено со оној на пролетеријатот, мислам на директното ропство, ропство на црнците во Суринам, во Бразил и во јужните региони на Северна Америка. Директното ропство допридонесе за денешниот индустријализам, да се претвори во машинерија, кредити итн. Така да ропството претставува економска категорија со масивна важност.”
Многу посурово писмено ке дејствува неговиот пријател Фридрих Енгелс, кој најверојатно поттикнат од германската идеологија, ке повикува и на геноцид над словенските народи (со исклучок на Полскиот народ). Тајната на историјата, според марксизмот претставувало методот на материјализмот. Текот на историјата е прогласена за “освестена категорија”, односно свесна за своето минато и иднина, па според тоа за главна цел претставува “затворањето” на историскиот круг и “враќањето” на првобитните бескласни економски односи, каде што не постоело приватната сопственост, ниту ограничување во сексуалните односи.! Во врска со таквите првобитни општества, неможеме да негираме дека не постоеле и дека не постоел таков економски однос. Имаме многу конкретни примери, со новите пронајдоци на племиња кои живеат во густите шуми на Амазон, со што ни се докажува дека постоеле и дека постојат таквите општества, приближно слични со првобитните кои се опишуваат во теоријата. Но многу битно што треба да се потенцира е тоа што неможеме со сигурност да тврдиме дека сите племиња имале такви општествени почетоци со такви економски и сексуални односи. Исто како што пронаоѓаат нови неоткриени племиња – исто толку и повеќе, научниците и археолозите пронаоѓаат високотехнолошки обработени објекти и предмети, кои дел можеби се високоразвиени средства за производството. Секако пирамидите по светот, со сигурност не е само активност на робовската работничка маса и таквите археолошки чуда најмногу го демантираат митот за универзалноста на ловечко-собирачките општества. Другиот проблем со крајната цел на комунизмот, е креирањето на светско бескласно општество, кој во пракса наидува на суштински проблем. Како тоа да се спроведе односно како човекот самиот да се натера да прифати одредена општествена улога, и таа улога да ја игра за доброто на сите.? За пофалба претставува замислата дека сите возрасни луѓе поседуваат толкаво количество на алтруистични чувства, но сепак тоа е наивна би рекол детска замисла.
Кај сите народи, исто како и кај природата, постои нееднаквост речиси во сè.
Постојат луѓе со високи алтруистички идеали и луѓе со високо себични/идиотски идеали. Бескласното општество остава простор за искористување на општествените добра, од страна на луѓето со себичните идеали, притоа стекнувајќи го капиталот истите со можност да станат и најпопуларни, односно да служат како пример за другите граѓани, додека оние со алтруизмот да се сметаат за будалести и непопуларни. Оваа состојба впрочем и се случи и ние како народ ја имавме среќата да ја искусиме во југословенската општествена пракса (школата секогаш се плаќа). Истата пракса можеби беше таква, затоа што имавме еден избрзан процес на премин од едни сурови економски односи кон фазата на социјализмот, која теориски претставува преодна фаза на комунизмот. Многумина марксистички социолози, укажуваа на овој проблем, констатирајќи дека брзото преминување на тие фази кои ги теоретизираат, може да наидат на големо разочарување и неуспех. Се потенцира дека потребно е минување на повеќе од три генерации, за успешен вештачки (со државна интервенција) креиран премин од едни капиталистички односи во други. И секако, до ден денешен не е изнајдено практично решение за бескласноста во функционалното општество.
ПРОДОЛЖУВА
Текстот е извадок од книгата “Василија-архитема на новото општество”, глава А, 2015 година.