ЗА СЛОВЕНИТЕ

Велат душманите те освоиле тогаш кога започнуваш да размислуваш со нивните мисли и за идеологијата да ја имаш нивната интерпретација. Па доста е! Надминуваме една поделба според која еден ист народ, македонскиот, е дојден од некаде иаку е на своето… Кога сме кај термините, да разграничиме и ова: постојат наши домашни термини и туѓи термини. Нашите термини се Словото, Словените, Славјаните… како што наши термини се Македонци, Македонија; туѓи термини се Sclave, Sclavinia со значение на роб и административна област, Enclave по денешното, исто како што се туѓи термините Фиром, Фироманци, циганоскопјаноси…

„Не постои друго стадо што повеќе страда од меѓусебните поделби на црни и бели оф(в)ци од македонцкото…“

Една од поделбите е на т.н. Антички и т.н. Словени… Надминување на оваа поделба: тезата Словен од слово со значењето на буква или писменост. Наместо прашањето што е тоа Словен, го поставуваме прашањето малку поинаку, односно Којтоа е Словото? Одговорот е Исус. Исус е Словото! Ова го одговара секој поп и секој свештеник, секој оџа… И сме во светот на религијата. Христијанството како религија во фокусот го има човекот и сѐ околу човекот. Сѐ е создадено за човекот. И рајот и пеколот… и правилата и законите и Земјата, и Исус го зема обликот на човекот, заради спасението му!

Человек е називот за човек и таков се користи денес во Црквите нѝ. Человек со една мала промена во буквите од буквата ч во буквата с вели вака:

Человек
ч->с
Селовек
ги издвојуваме согласките
С Л В К
и тука сме
С Ло Во К
Слово

Назад кон прашањето: Кој е Словото? – Исус. Што е тоа Слово? – Човек. Што е Исус? – Богочовек, кој се отелотворува во облик човеков заради спасение на човештвото.
Буквата и сѐ е тука, на купче.
И движењето на Словото што можеби да, а можеби и не е првото име за процесот на христијанизацијата. Од Македонија кон Запад и Моравија, кон Исток во т.н. Првото Бугарско Царство. И кон Север кога Русите во Охрид се покрстуваат и го земаат Словото за ѕвезда-водилка.
Ова задава неизлечив удар на т.н. теорија на доселувањето, теорија во која ниту постои доселување, ниту постои народ опфатен со називот Словени.
Бог + Слово;
Бог + Исус;
Бог + човек…
Бог + Слово… моќен концепт!

Вели вака: Македонците кои од древноста до денес, односно Македонци кои во антиката имале една религија, а потоа ја прифатиле религијата на Словото…
Онаа буква К како остаток во промената на Человек, Слово К, на овој начин исчитана го има значењето на припадност/подаништво кон Словото.
Бог + Слово = Богословија, со паралела кај католиците и унијатите т.н. ГПЦ е Теос + Логос = Теологос, при што објаснувањата што сум ги сретнал се дека Теос како титула за Бог го има својот корен на зборот во титулата Деус. И наместо да исчитуваме за терминологијата Деус + вербум (на лат. Бог + збор) = Деусвербум, ние се сретнуваме со терминот Теос + Логос = Теологос/Теологија.
Панонските Легенди го забележиле дијалогот:
„Нам пријателе Солун ни е првиот и најголемиот македонски град. Во него сите словенски беседат…“ Ова словенски го земаат и како заеднички јазик и како најбазична потпора во тезата дека се работи за една заедничка група на јазици со тек на времето наречена како „словенска група на јазици“. Ако, бидејќи сретнуваме само преписи, и ако наместо терминот
„словенски“ беседат, пристапиме со терминот „Славјанскаго беседат“ што би можело и да биде опис на „Славју беседание“ или по „Словју беседат“, тогаш подобар патоказ од тоа дека во Солун како најпрв и најмакедонски град се беседи за Исус тешко да се најде. Се беседи за Исус односно значењето е сите Македонци од Солун се во верата на Словото, во верата Исусова. Сите овие термини си имаат своја хронологија.
Sclave и Sclavinia започнуваат со употребата од 168 год. пр. н.е. кога Македонија паѓа под власта на Рим и е во употреба се до ден денешен. Во романскиот јазик Sclave означува роб, како и во јазикот на нашите јужни и таму Sclave означува исто роб. Терминот Sclavinia за Македонија последен пат се употребува во некаде 1000та год. на сликата „Четири Грации“. Четвртата Грација т.е. девојката како симбол на Самуиловото Царство, е прикажана со натпис над круната на девојката, каде пишува Склавиниа. Круната пак е приказ на ѕидините од Охрид.

4грацииПолигрозд

Се вели историјата е таква каква е и од нејзе нема бегање! Со неа мора да се соочиме. Затоа доколку пристапиме со поинакво толкување на еден ист термин којшто е во употреба и има историска конотација, сме постигнале нешто солидно: најнапред демистификација, дека тоа не е баук или нешто од кое треба да се плашиме и да бегаме, туку сме му го одредиле и вистинското потекло, значењето и местото што му припаѓаат. Со пристапот со кој терминот Слово е религиозен термин сево ова би можело да се надмине. Дека Слово како епитет за Исус е точен, ќе го потврдиме и повикувајќи се на Новиот Завет, и на она: „Во почетокот беше Слово…“ Од тука и изведеното Бог + Слово = Богословија.
Дека Слово е епитет за Исус ќе ни потврди секое свештено лице.
Концептот на Бог + Слово како го согледуваме, е многу моќен концепт и скоро совршен во своето толкување на нештата околу нас. Како што секоја религија во центар на збиднувањата го има човекот, така е и со нашата. И рајот и пеколот и планетата и законите… сѐ е создадено заради човекот. И ќе се препрашаме повторно и повторно… Кој е Словото? – Исус. Што е тоа Слово? – Човек. Што прави Исус? – Го зема обликот на човек заради спас на човештвото…

КЧеловек
Слово К
Онаа буква К упатува кон подаништво или припадност кон Исус. Ако согледуваме алгоритамски, буквата К би ја согледале како патоказ, кон каде треба да сме насочени:

К или |<  или како  < —
Од тука
С Л О В О < ———-

Преку овој пристап би се исчитало нешто како насока каде треба, оној за кого сѐ се создава и твори, а тоа е човекот да се упатува, кого и што секој од нас би требало да има пред себе: тоа е Исус, и наместо да се жигосаме да го подразбистриме и преку Него да укажеме дека разликата кај еден ист народ на една иста територија, Македонците и Македонија е всушност преобразба во религијата. Македонците во древноста ја славеле Божицата Мајка Земја, а со раширувањето на поновата религија започнале да Го слават Небесниот Татко. Дали некој ќе има доблест да разбере или не, тоа зависи од начинот на интерпретациите. Секој секогаш ќе има простор и слобода и да се согласи или да изнегира. Кога ќе негира ќе се очекува негирање на начин ако тоа не е така, објаснување зошто тоа не е така. Буквата К, како насока за припадност, ако нејзе ја замениме со додавката за припадност, тогаш нештата се дополнително појасни. Нин е таа додавка. Гевгеличаните, би додале Ниин, со две букви и, испишани една до друга. Значењето е припадност или Ниини, според дијалекталното за – нивни. Со споредба ќе согледаме дека е така:
РИМ ЈА НИН;
СОЛУН ЈА НИН;
МАКЕДОН ЈА НИН;
ХРИСТ ТИ ЈА НИН.
РимјаНИН е припадник на Рим. СолунјаНИН е жител на Солун. МакедонјаНИН е припадник на Македонците. ХристијаНИН е следбеник на Христа. Во сите НИН случаи имаме припадност. НИН е кратенка од НИИН што од дијалектален во современ и литературен јазик значи:
Слово – еднина;
Слов + ја = Словја – падежно;
Слов + ја + нин = Словјанин.

И додека Слово е термин од нашиот мајчин јазик, терминот Sclave, Sclaviniæ се туѓи термини и тие се разликуваат од терминот Слово според нивните значења.
По паѓањето под власта на Рим, Македонија е поделена на Склавинии во чиишто граници Македонците се преименуваат во Склави. Sclave = роб во денешниот романски јазик. Sclave = роб во она што се нарекува грчки јазик. Slave = роб во денешниот англиски јазик. Sclaviniæ = термин за означување на административна област. Од него денес е изведен и е во употреба терминот Enclave, енклава…

Ширењето на религијата на Словото… од Македонија, најнапред на Блиски Исток, кон она што денес се нарекува Бугарија, потоа на Запад кон Моравија, за да најнакрај Русите дојдат во Охрид и бидат воведени во Словото, овозможувајќи и така на религијата ширење кон Север и далечниот Североисток.
На овој начин согледано, многу е логично и зошто нема Северни т.н. Словени како т.н. етничка одредница.

Авторот на текстот е економист.

HomerMK-logo

ХОМЕР МАКЕДОНСКИ