ХОМОСЕКСУАЛИЗАМ

Вo современиот капитализам се создаваат повеќемасовни движења на хомосексуалци кои по Марксовиот „хуманизам-натурализам“, припаѓаат на дегенерирана општественост и на тој начин во дегенерирана природност. Не станува збор за „пореметена“ биолошка природа на човекот (човекот претставува хетеросексуално битие и има органска предиспозиција за педерастија), туку за владејачки општествени односи и нивните соодветни вредносни предизвици. Не станува збор за „болен човек“ туку за болно општество. Според тоа не треба да се лекуваат луѓето туку треба да се создаде „здраво општество“ (Фром) во кое ќе се создаваат здрави луѓе. Хомосексуалноста е конкретна општествена (историска) појава која е условена со природата на владејачкиот поредок. Таа е облик во кој се појавува одреден вредносен систем кој ги уредува односите помеѓу половите и како таква претставува конкретен вид на општествено функционирање. Античкиот педерастичен Ерос има битно различна природа од капиталистичкиот начин на условување на хомосексуалноста. Хомосексуалната заедница денеска е еден од облиците во кој се појавува на капиталистички начин дегенерираната општественост. Развојот на хомосексуалните односи соодветствува со распадот на семејството како облагородена природна заедница и постоење на бракот како економска заедница. Хомосексуалните заедници добиваат „општествена“ легитимност не во однос кон семејството како облагородена природна заедница, туку во однос кон осамената безначајност која ја создава капитализмот. Хомосексуалната заедница е краен облик на капиталистичкиот начин на дегенерирано семејство, а развојот на педерастијата допринесува до укинување на можностите за создавање на семејството како облагородена природна заедница. Истовремено, уништувајќи го човекот како природно и човечко битие, капитализмот ја уништува автентичната општественост со што се стерилизира Еросот и на тој начин се уништува можноста за биолошка репродукција на општествата. „Репродукцијата на општествата“ стана сегмент на деструктивна капиталистичка репродукција која како и останатите области од животот се заснова на принципот „Парите не смрдат!“. Вештачкото оплодување, продавањето на семениот материјал, изнајмувањето на материцата, продавањето на децата – сето тоа се легални и легитимни облици на капиталистичката репродукција. Капитализмот ги вовлекува во својата егзистенцијална и вредносна орбита погубните последици кои ги произведува, давајќи им институционален статус и создавајќи од нив средство за свој развој.

Кога во предвид се има дека капитализмот го уништува човекот како природно и човечко битие, суштината на бракот е опстанокот на човештвото како хуманизирана природна заедница. Тој е институционализирана заедница на жена и маж која дава можност за стабилна биолошка репродукција на општеството за одгледување на деца. Кога бракот е лишен од животворната (репродуктивната) димензија тој ја губи основната причина за постоење. Истовремено без животворната димензија, бракот станува школка во која е можно да се внесат најразлични содржини. Ако се тргне од хомосексуалниот принцип како основа за воспоставување на брачната заедница, зошто да не се дозволи склучување на брак помеѓу браќа, сестри, мајка и ќерка, татко и син, баба и внуци, дедо и внуци…? Роднинската врска има значење пред сè во перспектива на биолошкото постоење, што значи тргнувајќи од тоа дека инцестот доведува до телесно и ментално дегенерирање на потомството. Во хомосексуалните односи кои немаат генерички карактер, тој проблем не постои. Со постоењето на хомосексуалноста како темелен принцип на бракот, се рушат сите граници и со нив традиционалното сфаќање на семејните врски кои се темелат на хетеросексуалниот однос. Истовремено се укинува и историската димензија на човекот и во тој контекст хуманистичката и егзистенцијалната визија за иднината на човештвото. Не само како ќе изгледа, туку како ќе биде можен опстанокот на човековото општество доколку истото биде претворено во педери и лезбејки? На тоа прашање капитализмот може да даде одговор кој има техничка природа: вештачко оплодување, што значи техничко произведување на децата. Во современиот свет, хомосексуалноста стана анти-егзистенцијален принцип. Таа е еден од начините на кој се уништува репродуктивната моќ на човештвото и произведува стерилно општество. Хомосексуалноста се појавува денеска како дел од светот кој биолошки пропаѓа и кој го уништува човекот како природно, општествено, културно битие… Таа стана анти-биолошки како деструктивен принцип. Каква е природата на „правата на хомосексуалците“ може да се види во однос кон остварувањето на правата на децата. Каква е таа „хуманост“ која се пресметува со основните потреби и права на децата? Наместо борба за зачувување на семејството и во тој контекст, борба за правото на децата да имаат два родитела и нивна љубов и грижа, се инсистира на „право на хомосексуалците да посвојуваат деца“. Истовремено, заедницата на децата со еднополови „родители“ станува пример за „семејство на иднината“. Конечно, зошто децата треба да имаат родители? Зошто не се изградат фарми за производство и одгледување на децата – како што тоа го има предложено Платон и како што тоа го имаат направено нацистите? Посвојувањето на децата не е само еден од начините за „решавање на проблемот“ на децата без родители, туку стана принцип на кој се заснова хомосексуалниот брак. Тоа се заснова на последиците кои капитализмот ги создава како par excellence нехуман поредок, поточно, на лишување на децата од можноста да ги задоволат своите основни човекови потреби. Посвојувањето подразбира дека децата се лишени од своите вистински родители, односно дека се лишени од правото да имаат татко и мајка. Наместо „татко“ и „мајка“ на Запад во личните документи сè почесто стои „прв и втор родител“. Едни „произведуваат“ и ги отфрлуваат децата а други ги посвојуваат. Посвојувањето на децата стана стоковно-парична и техничка операција. Децата ги продаваат и купуваат како предмети. За купените деца важи „период под гаранција“ – како и за секоја останата стока. Заедно со отфрлувањето на правата на децата да имаат родители, се отфрла хуманистичката педагогија, што значи педагошки систем кој се заснова на настојување да се облагороди природното битие на човекот по пат на семејство како облагородена природна заедница. Истовремено, лишувањето на децата од родителската љубов и почитување, претставува причина за најтешки ментални болести и најлош облик на општествена патологија.

Основно право на децата е правото на иднина, а тоа значи право на хуман свет и на здрава животна средина. Реализирање на потребите на децата како човечки и природни битија стана прашање за опстанокот на човештвото. Настојувањето на најреакционерните капиталистички групации да го намалат бројот на жителите во светот под една милијарда, подразбира стерилизирање на луѓето и уништување на „прекубројните“. Во тој контекст децата повеќе не се „најголемото богатство“, туку најголемата опасност за опстојување на човештвото. Иднината не се согледува тргнувајќи од креативните потенцијали на човекот и хуманистичката визија на светот, туку тргнува од „фактите” дека природните ресурси се ограничени и според тоа треба да се прилагоди бројот на луѓето на планетата. Наместо да се тежнее кон искоренување на потрошувачкото лудило кое владее во најразвиените капиталистички држави на Западот, кое е главната причина за драматичното пропаѓање на планетата, сè погласни се барањата да се уништат милијардите „прекубројни“, што пред сè значи децата. Со уништување на децата, капитализмот ја уништува животворната сила на човештвото, и човековото општество го претвора во свет на телесно и ментално дегенерирани метузалеми.

Во хомосексуалниот однос, човековото тело ја губи изворната еротска димензија и станува инструментализирано на неприроден и нехуман начин. Тоа станува предмет на сексуален егзибиционизам при што најважна улога добиваат деловите на телата кои немаат врска со изворната еротска, особено не со животворната природа на човекот. Не се работи за облагородена природа, туку за денатурализиран и со тоа дехуманизиран однос, при што телото на „партнерот“ е сведено на средство за предизвикување на оргазам. Пенетрацијата на пенисот во анусот претставува (повредува) насилство над организмот на „партнерот“ и (како и „орален секс“) деградирачки облик на „сексуално општење“. Психолошкиот основ на хомосексуалноста не е потреба на еманципирани човекови битија за љубов, туку страв од осаменост, отфрленост, неизвесност… Наместо рамноправни односи помеѓу „партнерите“, доминира потчинувањето и подавањето, што значи садо-мазохистички однос кој е непосреден израз на положбата на човекот во капитализмот како класен поредок кој се заснова на принципот „Гази или ползи“. Потребата за доминација и потчинување станува основ за дијалектиката на „сексуалните игри“. „Преземен“ е модел на меѓучовечки односи на кој се заснова владејачкиот однос помеѓу жена и мажот, при што жените се сведени во објект на сексуално изживување.

Тежнеењето за реализирање на човекот како човечко битие далеку ја надминува (хомо)сексуалната димензија на човекот. Инсистирањето на хомосексуалноста како основно прашање со кое се одредува човечкото, станува начин на осакатување на човечноста и произведување на „еднодимензионален“ (Маркузе) човек.

Човечноста е редуцирана на одреден тип на сексуалност. Да се биде „некој“ значи да се биде gay или machoman. Тоа станува основен облик на општествената самопотврда на човекот со кој се отстрануваат другите облици на човекот како својствено битие. На тој начин човекот станува укинат како историско, слободно и визионерско битие. „Движењето на хомосексуалците“ се заснова на редуцирана човечност и дегенерирана општественост. Човекот доаѓа до својата човечка својственост и општественост по пат на својата сексуалност, а не преку граѓански статус, класна припадност, национална самосвест, семејство, култура, политички и религиозни убедувања… „Гордоста“ не се врзува за борба за слобода, за национално опстојување и општествена правда, за зачувување на природата и човештвото… туку за (хомо)сексуалноста која има анти-егзистенцијален карактер. Хомосексуалците не се „горди“ затоа што се луѓе туку затоа што се „педери“ и „лезбејки“. Сексуалноста повеќе не е лична работа, туку добива спектакуларна јавна промоција. Потребата за општественост е „редуцирана“ на сексистички егзибиционизам кој има банален циркусантски карактер. Редуцираната човечност денеска има битно различна природа отколку што таа била во минатото. Таа се појавува во однос кон сè пореалните можности за уништување на светот и во однос кон создавачките сили на човекот, кој е во состојба да го укине класното општество и да создаде нов свет.

„Борбата за правата на хомосексуалците“ укажува на хипокризијата на капиталистичкиот свет. Зошто „борба за правата на хомосексуалците“ е лишена од општата-човекова и визионерска димензија? Зошто оние кои се повикуваат на „хуманост“ кога станува збор за хомосексуалците, не се борат против нехуманиот – а за хуман свет? „Борбата за правата на хомосексуалците“ нема хуманистички, туку политички карактер и служи за сочувување на постоечкиот свет. Парадите на хомосексуалците се врвни манифестации на „демократијата“, а „почитувањето на правата на хомосексуалците“ врвен показател за „хуманоста“ на владејачкиот поредок. Со наметнување на прашањето „остварување на права на хомосексуалецот“ се отстрануваат од јавната сцена прашањата од кои зависи опстанокот на човештвото и слободата на човекот: биолошкото пропаѓање на народот, беспоштеден грабеж на работничките слоеви, умирањето од болести, глад и жед, дрога, криминализирањето на општеството, воспоставувањето на полициска држава, неписменост, осаменост, уништувањето на цели народи од страна на „демократскиот“ Запад, експериментите со генетски материјал, произведувањето на сè подеструктивни средства за масовно уништување, „запрашувањето“ на населението и земјиштата, менталните болести, уништувањето на земјишта и живи организми со генетски модифицирани билки, несреќи на нуклеарни објекти, самоубиства, насилства, сè поскапите медицински услуги и сè покатастрофалната манипулација со фармацевтските препарати, сè поголемите социјални разлики и сè поголемата беда во која живеат работничките слоеви, децата и пензионерите, сè позагадената животна средина, сè поотровната храна, монополот на капиталистите врз медиумите…

Истовремено „борбата за правата на хомосексуалците“ станува внесување на раздор меѓу луѓето на темели на нивното сексуално определување, со што се разбиваат и оние облици на општественоста (национална и класна интеграција) кои даваат можност на човекот да егзистира и да оствари слобода. Наместо да се тежнее кон хуманиот свет и вистинската човечност, „решението на проблемот“ на хомосексуалците се бара во капитализмот кој произведува најлоши облици на општествена патологија. Во нехуманото општество хумани прашања можат да бидат „решени“ единствено на нехуман начин. Само во хуманото општество хуманите прашања можат да бидат решени на хуман начин.

Прашањето на (хомо)сексуалноста може да биде сфатено на хуманистички начин само во контекстот на реализирање на целосната човечност и тоа низ перспектива на борбата за зачувување на животот на земјата и создавање на хуман свет. Критичката дистанца кон капитализмот од аспект на хуманото општество истовремено подразбира и критичка дистанца кон хомосексуалноста од аспект на човекот како облагородено (животворно) и општествено битие. На таа основа хомосексуалците како еманципирани луѓе можат да дадат придонес за развој на таквите општествени односи кои нудат можност да се надмине (хомо)сексуалната еднодимензионалност. Треба да се направи разлика помеѓу хомосексуалците кои се еманципирани луѓе и хомосексуалци чии погледи кон светот и иднината се засноваат на нивната сексуална ориентација. Првите се во состојба да ја согледаат хомосексуалноста како општествена појава во контекст на борба за опстанок на човештвото и создавање на хуманиот свет; другите се лишени од критичката и визионерската свест и безнадежно се заглавени во калта на капитализмот. Еманципација на хомосексуалците како луѓе од хомосексуалноста е само еден од облиците во кои човекот се ослободува од неприродните и нехуманите потреби кои капитализмот ги има создадено во човекот. Имено, еманципацијата на хомосексуалците од хомосексуалноста е само еден од облиците во кој човекот се еманципира од капитализмот. Човекот кој е свесен за катастрофалните последици од развојот на капитализмот, треба да се спротивстави на демонот кој капитализмот го има всадено во него и тоа на тој начин што заедно со другите луѓе ќе се бори против капитализмот – а за хуманиот свет. Сите ние сме жртви на капитализмот. Сите ние од раното детство носиме во себе никулец на злото кој во нечовечкиот свет се развива и го уништува човечкото во нас. Сите сме наклонети кон насилството, сите сме љубоморни, себични, „перверзни“, деструктивни… Прашање е само колку сме во состојба да го контролираме и прикриваме она зло што е во нас. Единствен начин човекот да се избори против злото кое е всадено во него е да се бори против поредокот кој создава зло и кој го забрзува неговиот развој. Осамената безнадежност е тло на кое најуспешно се развива капиталистичкото семе на зло. Развојот на меѓучовечките односи и создавање од општествата заедници на слободни луѓе е најдобар начин на кој човекот може да се спротивстави на злото и да ја развие својата човечност. Се работи за развој на еманципирана и борбена општественост. Затоа од првостепено значење се движењата, како што е Occupy Wall Streetи други граѓански иницијативи и работнички движења, кои ги извлекуваат луѓето од нивните осаменички дувла и давајќи им можност да, борејќи се против нехуманиот свет, се доживеат себеси како општествени битија. Во борбата за опстанок на човештвото и за создавање на хуманиот свет, во прв план ќе излезат оние карактеристики на луѓето кои ги спојуваат и прават луѓе.

(Преведено на македонски јазик од Драган Крстиќ)