ВМРО-ДПМНЕ: УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА САДПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Идејата ВМРО-ДПМНЕ да го условува избирањето на оваа комисија, без која неможе да се спроведе најавуваниот „судбоносен“ референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат во врска за спогодбата Димитров-Коѕијас потпишана во близина на старата престолнина на Самуил, во Нивици, Преспа, и кој се очекува да се одржи месец септември или месецот октомври оваа година, станува сè погласна.

Со оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ бара повеќе услови кои ќе ја стават партијата во поповолна положба од оваа во која се наоѓа, од кои како најважен услов претставува оној кој бара да се формира т.н. техничка влада, по теркот на договореното во Пржино 2015 година. Овие барања веројатно ќе се одобрат, бидејќи сите претходни неколку месечни дејствија на оваа партија, всушност беа за да се оправдаат сегашните условувања и сегашното однесување на партијата пред своите симпатизери, пред своите членови, но најмногу пред дипломатијата на САД, Велика Британија и ЕУ во Македонија:

  • овој потег ќе се оправдува односно со него делумно се задоволуваат барањата на симпатизерите на оваа партија, кои изминатиов период беа многу чести и бараа „поцврсто“ однесување на водството кон своите главни политички противници во државата – партијата СДСМ;
  • овој потег ќе се оправдува односно со него делумно се задоволуваат барањата на своите членови и на оние кои имаат клиентелистички односи со партијата, водството да стори нешто повеќе за оние кои имаат амбиција да стекнат позиции и моќ и сега ќе бидат стимулирани повеќе да се трудат за партијата, како и за заштита на оние кои веќе претходно преку партијата стигнале до позиција и моќ, а сега се во подреден статус и во ризичен работен однос – стимулансот ќе доаѓа од условот за т.н. техничка влада;
  • но најважно за опортунизмот на водството на ВМРО-ДПМНЕ е овој потег да се оправда и прифати од амбасадата на САД во Македонија, односно од оние кои фактички одлучуваат дали овие услови ќе бидат прифатени или одбиени. Доколку овие услови се прифатат ВМРО-ДПМНЕ ќе може да се рехабилитира во десниот политички спектрум, во кој новоформираните партии Единствена Македонија и Трета како и онаа на Солза Грчева, со фракцијата на Филип Петровски, сериозно ја предизвикаа позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и да го спречат можниот одлив на своите членови и симпатизери во другите партии во подем. Ова ја појаснува и причината зошто ВМРО-ДПМНЕ организираше партиски протести во Битола и во Струмица, и не се придружија(измешаа) на протестите во Скопје, со цел да се „одвојат“ од оние кои протестираат и имаат „проруски“ поглед или анти-евроатлантски став кон идните политички процеси во Македонија. Дополнително како аргументи на водството на ВМРО-ДПМНЕ пред амбасадорот на САД за нивните услови, ќе бидат и неодамнешните изјави на Стејт департмент-от за „зголемено руско влијание“, поврзувајќи го јасниот и отворениот став на Единствена Македонија за Евроазиската идеја која всушност се јавува како најсериозна конкурентска партија во десниот политички спектрум, и тоа дека дел од јавните поддржувачи, интелектуалци и мистици кои претходно беа симпатизери или поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, сега даваат јавна поддршка на оваа партија, со што тој факт ќе се користи како алиби во кое десничарите сè повеќе потпаѓаат под „руското влијание“, процес кој може негативно да влијае за интересите на САД во иднина, и процес кој би требало да се спречи преку ВМРО-ДПМНЕ која има евроатлантски аспирации.

Во прилог на овие тврдења оди и реакцијата на СДСМ, која веднаш го одби само условот за амнестија за оние кои се во притвор и против кои се водат судски процеси за случајот со упадот во Собранието на 27 април, додека другите услови ги остави како отворени за дискусија и можни за преговарање, што само укажува дека се чека одлука од дипломатските претставници кои се влијателни во Македонија.

Можниот ризик од неодржувањето на референдумот

Најидеалното сценарио во корист за општите македонски интереси, би било доколку референдумот се одржи, не го исполни предвидениот цензус и се свикаат предвремени избори. Со тоа ќе се одземе легитимитетот на овој геноциден процес, кој го овозможи Никола Димитров преку својот потпис (иаку без овластување според позитивни прописи на Р.М.) во својство на член од македонската влада и во својство на македонски министер за надворешни работи. Без разлика што во својата програма сегашните претставници на македонската влада, не го конкретно понудија овој процес како процес за „влез во НАТО и ЕУ“, со што се измамени македонските гласачи, сепак често овие претставници се повикуваат на легитимитетот што го добиле од последните собраниски избори, како и тоа дека „повеќето“ граѓани според анкетите биле за евроатлантски интеграции.

Но доколку ги одблокираат на некој начин суштинските препреки околу легалноста на овој процес што ги постави претседателот Ѓорге Иванов, тогаш референдумот кој е предвиден во спогодбата од Нивици како можен/потенцијален („Втората страна, доколку така одлучи, ќе одржи референдум.“ член 4, став в), со оваа големо негативно расположение на народот кој ќе даде очигледен исход со бојкотирање, може тој воопшто и да не се одржи односно да се откаже, притоа вината целосно да се префрли на ВМРО-ДПМНЕ заради нивната неконструктивност во „политичкиот дијалог“, а геноцидниот процес да продолжи во своето спроведување прикажан како легитимен и легален, а во реалност крајно нелегитимен и нелегален.

При одвивањето на најидеалното сценарио, исто така можно е по пропаѓањето на геноцидниот процес, кризата да продолжи, но за степенот и опасноста од неа постои меѓузависност со светските процеси кои сега се во тек.