Ознака: Macedonia naming dispute

Read More

EX INJURIA JUS NON ORITUR

„НЕЗАКОНСКИТЕ ДЕЈСТВА НЕ МОЖАТ ДА СОЗДАДАТ ЗАКОН“ ИЛИ „ЗАКОНОТ (И ПРАВОТО) НЕ ПРОИЗЛЕГУВА ОД НЕПРАВДАТА“

Прифаќањето на наметнатите услови за прием во ОН не ја легализира нелегалната постапка за прием, како и нелегалните наметнати обврски.

Во врска со актуализирањето на прашањето за воспоставување на уставното име на Република Македонија во Обединетите нации (ОН), понекогаш се поставува прашањето:

А) Дали таков чекор е правно возможен кога се знае дека Македонија ја прифати резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното собрание на ОН со која беше извршен приемот (а која ги содржи условите да Македонија) и го прифати привременото име („реферирање“) ПЈРМ за користење во системот на ОН? И второ,

Б) Да преговара со Грција за своето име?!

(Вториот услов е даден во имплицитна форма: референцата ПЈРМ ќе се користи „сѐ додека не се разреши разликата која се појави околу името“, но во резолуцијата на Советот за безбедност 817 (1993), со која приемот се препорачува, тој има експлицитен вид).

Read More

ПОСТЕСКОБАРСКА

Како што знаеш, драг читателу, јас не сум од оние колумнисти што трчаат веднаш по настанот утредента да се јават пред јавноста и да го соопштат своето мислење. Кај нас времето е покриено со пајажина. Сè е метафизика. Нема дијалектика. Реката на Хераклит не тече. Тоа се застоени како мочуришта води што ги среќаваме во литературата на Е.А. По и во прозата на Гогољ, па затоа и нашата денешна колумна мотивирана од неодамнешната посета на жална Македонија на Ескобар не е застарена.
Ескобар со ангелско име Габриел (Гаврил), ангелот што слета кај Марија во Назарет со веста за Спасителот. Белиот ангел. А дали американскиот ангел што нè посети е бел или црн навистина не знам, драг читателу. Иако знам. Ангелот задолжен за Балканот, е американскиот архетип каубој-шериф што управува со Западен Балкан. Чудно совпаѓање со Дивиот Запад, со кој започна формирањето на американската алхемиска нација. Ескобар, импресивна цврста фигура, речиси митска, налик на необработена карпа како огромните блокови на Стоунхенџ, или како една од неолитските експресионистички камени фигури на Велигденските Острови на азискиот пацифик. Вистински импресивен архетип на новата Римска Империја, западна, што гази и крши сè пред себе. Чиста спротивност на неговиот импресарио Бајден што е лирски проѕирен како листопаден лист пред крај на есента.
Значи (еј Ковачевски неискован, еј Пендаровски на пендек, еј Мицко војвода) имавме гостин од ранг. Тој најтешкаш меѓу политичките тешкаши дојде да види дали сме спремни да ги ставиме нивните миленици Бугарите во Уставот. Боже, каков американски срам и бласфемија. Дојде да го озакони со империјален печат идиотизмот на Империјата, да ги внесеме во Уставот оние што не нè признаваат дека сме живи и дека постоиме со Име, јазик, историја, меморија. И тоа е идиотизам не само за нас и идиотизираната влада туку и за Бугарите, плус и за таканаречената западна меѓународна заедница. Зошто идиотизам? Затоа што да ставиме некого во устав што не признава дека постоиш и дека си жив нема никаква логика. Туку што е фасцинантно сега во посетата на Ескобар кај нас, драг читателу? Тоа што и покрај многуте други западни тешкаши што нè притискаат, ги охрабруваат нашите лакоми соседи хиени да го крадат нашиот идентитет. Како да се во кусок со својот, та го зголемуваат со нашиот, така, на пример, Грците тоа го прават со кражбата на македонскиот антички идентитет, потпирајќи се на мегафалсификатот на Дројзен, озаконет со царски печат на патолошката западна цивилизација, не знаејќи кај да го бара коренот на својата идентитетска генеза. Мегафалсификат озаконет на „Сорбона“, „Кембриџ“ и „Оксфорд“. Но и тоа не беше доволно, бидејќи беше проѕирен тој, па за да се доосигури истиот тој со насилничко признание на денешните Македонци беше стокмен на силеџиски геноциден начин од Брисел, Вашингтон, Грција и македонските велепредавнички квислинзи Преспанскиот договор на македонската смрт. Така беше докрај зајакнат грчкиот супсахарски идентитет за кој зборува и Херодот.

Read More

НАТО НЕСМАСНО ПРЕЧЕКОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

МАНИПУЛАЦИЈАТА НА НАТО НА МАКЕДОНСКОТО ГЛАСАЊЕ ГО ИЗЛОЖУВА НИВНИОТ MODUS OPERANDI

Речиси две третини од македонските гласачи го бојкотираа макотрпниот референдум за промена на уставното име на својата земја и олеснување на нејзиното влегување во НАТО, но жестокоста со која блокот сѐ уште се обидува да ја приклучи ја изложува својата хибридна војна и антидемократскиот режим/modus operandi.

Членството во НАТО беше мотивирано од заедничкиот страв, сепак експлоатиран, од т.н. „советска/комунистичка закана“, кој стори приклучувањето кон воениот блок да наликува на навидум „природна“ одлука за земјите што го сторија тоа за време на старата Студена војна. САД со сигурност притискале многу од нив зад сцената, но исто така го експлоатирале нивното членство за тајни цели, како што е вградувањето на Gladio-единици во нивните општества. Советското распаѓање од 1991 година ја отстрани самата причина за постоењето на НАТО, но организацијата преживеа и постепено се преобликува (повторно измислува причина за постоење) себеси во текот на следните две и пол декади.