НАТО НЕСМАСНО ПРЕЧЕКОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

МАНИПУЛАЦИЈАТА НА НАТО НА МАКЕДОНСКОТО ГЛАСАЊЕ ГО ИЗЛОЖУВА НИВНИОТ MODUS OPERANDI

Речиси две третини од македонските гласачи го бојкотираа макотрпниот референдум за промена на уставното име на својата земја и олеснување на нејзиното влегување во НАТО, но жестокоста со која блокот сѐ уште се обидува да ја приклучи ја изложува својата хибридна војна и антидемократскиот режим/modus operandi.

Членството во НАТО беше мотивирано од заедничкиот страв, сепак експлоатиран, од т.н. „советска/комунистичка закана“, кој стори приклучувањето кон воениот блок да наликува на навидум „природна“ одлука за земјите што го сторија тоа за време на старата Студена војна. САД со сигурност притискале многу од нив зад сцената, но исто така го експлоатирале нивното членство за тајни цели, како што е вградувањето на Gladio-единици во нивните општества. Советското распаѓање од 1991 година ја отстрани самата причина за постоењето на НАТО, но организацијата преживеа и постепено се преобликува (повторно измислува причина за постоење) себеси во текот на следните две и пол декади.

Во овој момент, оваа алијанса сè уште функционира како анти-руски сојуз по неодамнешните провокации за новата Студена војна иницирана од Западот, но исто така е преземена и за т.н. „антитерористички“ функции, со што стана de-facto центар за регрутирање на платеници поддржани од Америка. Малите европски држави, кои немаат никакви интереси во далечните боишта, како што е Авганистан, придонесоа споредбено значителен износ од нивните воени трупи во овој и во другите конфликти, со цел да ги унапредат големите стратешки интереси на Америка, успех за кој им е кажано дека исто така имаат удел во него.

Временскиот период помеѓу старите и новите Студени војни од 1990-тите до почетокот на 2010-та година, беше одбележан со брзата експанзија на НАТО источно, кон границите на Русија, додека блокот се обиде делумно да се ребрендира како „несомнен“ „обред на премин“ за ЕУ-аспиративните поранешни комунистички земји од поранешниот Варшавски пакт. Ова никогаш не било ништо повеќе од изговор со цел подготовка на геополитичкиот терен за претходно планираната нова Студена војна, во која САД веќе би ја имале слободата за воена оперативност низ целата Централна и Источна Европа сѐ до руската граница.

Проширувањето на Северноатлантската алијанса

NATO-enlargement1-poligrozd.org

Со поголемиот дел од Европа под американска воена контрола преку НАТО, многу луѓе се прашуваат зошто организацијата е толку жестока за да ја види малата земја без излез на море, Република Македонија – која има релативно незначајна воена сила – да се приклучи на блокот, каде минатиот месец таму минаа десеттина високи државни и воени претставници, за да го поддржат референдумот за „промена на името“, кој подоцна ќе го олесни нејзиниот брз влез во групата. Проширување само заради нејзино добро, е едно од најпопуларните објаснувања, но всушност има и малку повеќе од тоа.

Многу коментатори сакаат да забележат дека со членството на Македонија во НАТО ќе се заврши со военото опкружување на номинално неврзаната Србија, иако тоа е погрешна забелешка бидејќи врвниот балкански партнер на Русија веќе е практично опкружен, и Македонија нема да направи некоја релевантна разлика во овој поглед. Вистинската причина е потребата на НАТО редовно да експериментира со мешањето во општествата, и не постои полесна мета од аспиранти како Македонија. Управувањето со перцепцијата, информатичките војни (infowars) и другите форми на хибридното војување, стануваат исто толку важни за операциите на блокот како и конвенционалните воени игри.

НАТО само се проектира себеси кон Русија секогаш кога ја обвинува Москва за овие активности, бидејќи бара рамка за својот противник од сите докази што можат да се набават од него кога ги прави овие исти работи, што стануваат сѐ почести за да научат околу денешната меѓусебно поврзана информациска ера, поради социјалните и алтернативните медиуми. Другата разлика меѓу изминатите декади и сега е тоа што Македонија е многу посебен случај, гледајќи како го менува своето име – а со тоа и својот идентитет – предуслов за приклучување поради долготрајните приговори на Грција, што значи дека Собранието неможе да биде подмитувано или заплашено како во другите случаи.

Референдумот требаше да се одржи за промена на уставното име на земјата, што значи дека морало да се случат барем површни движења на демократијата, иако резултатите никогаш не биле наменети да бидат почитувани, туку наместо тоа тие се манипулирани од НАТО како „доказ“ за желбата на земјата да го промени своето име, иако гласањето не го исполни минималниот одѕив како што е наложено од сопственото право на Македонија за да стане легално. Во нивното брзање да манипулираат со општеството и да експериментираат со хибридното војување врз својот благонадежен нов член, менаџерите на перцепцијата на НАТО занемарија колку само очигледни станаа нивните акции.

Ненамерно, НАТО го привлече вниманието кон нејзиното антидемократско проширување помеѓу двете Студени војни, преку тоа што се однесуваше така арогантно по неуспешниот македонски референдум. Блокот нема практична причина да ја признае Македонија, освен да испрати порака до Русија, Србија, па дури и до своите соработници-членки за нејзината континуирана „релевантност“, но земајќи ја земјата за приклучување претставува добра вежба за хибридната војна со цел обука на информатичките воини на НАТО. Исто така, може да доведе до регрутирање на повеќе de-facto платеници кои ќе придонесат во борбата против американските војни во странство. Во секој случај, клучно е тоа што НАТО несмасно пречекори во Македонија и заврши со откривање на својата хибридна војна и антидемократската рака.

Авторот на текстот е политички аналитичар, новинар, публицист и член на експертскиот совет на Институтот за стратешки студии и предвидувања при Рускиот универзитет за пријателство на народите.

Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.