РЕФЕРЕНДУМ ВО МАКЕДОНИЈА: ГЕНОЦИДНИОТ ПРОЦЕС ЗА МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО БЕЗ ЛЕГИТИМИТЕТ

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈА – ПОВЕЌЕ ЗА НАШИОТ ПОЛУОСТРОВ

Државната изборна комисија вчера, официјално ги обзнани резултатите од референдумот одржан на 30 септември, преку кои анонимната иницијатива #Бојкотирам победи, односно народот го бојкотираше референдумот, неизлегувајќи на гласањето, и не беше остварен законскиот предвиден цензус (за успешен референдум преку кој се усвојува одлука) од 50% плус еден гласач. Со таквиот исход народот на Македонија, укажа на неколку работи кои доминантно се прифатени како колективитет:

а) за никаков процес, кој задира во идентитетот на Македонија како држава и нејзиниот народ како култура, историја и традиција, македонскиот суверен воопшто несака да размислува а камоли да се изјаснува дали го прифаќа или не таквиот процес, што дава индикатор кој укажува на тоа дека мнозинството од Македонскиот народ веќе има силно утврдена национална самосвест;

б) не ја прифаќа тезата за „светлата“ иднина која би требало да се оствари единствено преку евроатлантските интеграции, односно многу посвето нешто за народот на Македонија е македонската национална самосвест и традициите кои произлегуваат од неа, од европските/евроатлантските или од она што го препознаваме како Запад и западни вредности, што претставува уште еден голем удар врз глобалистите и глобализмот воопшто во Македонија и во светот, и

в) никаков профил на политичар од Македонија и од светот, без разлика на која функција се наоѓа или во кое својство се појавува, неможе да остварува и практикува реална власт или soft power врз Македонците доколку не нè препознава во онаа руво какво што ние самите го претпочитуваме, што дава индикатор на тоа дека отсега народот кон сите политичари од Западот кои имаа негаторски и омаловажувачки однос, како и кон домашните политичари кои опортуно се однесуваа во предреферендумскиот период, ќе има како реакција целосно резервиран односно сомничав однос (илустрирани се работите).

Геноцидниот процес за менување на името, кој официјално започна со потпишувањето на спогодбата во Нивици, сега и со аргумент претставува недемократски процес – процес кој нема согласност а со тоа и легитимитет од народот кој уставно-правно се јавува како суверен на Р. Македонија, политичарите да го спроведуваат.

Според Државната изборна комисија официјалниот резултат е:

  • 36% или 666 743 излезност;
  • од кои 609 813 гласале ЗА;
  • 37 700 гласале ПРОТИВ;
  • додека 1 139 593 бојкотирале.

Забележано е од набљудувачите на теренот на противзаконито и експресно во последните два часа од завршувањето на гласањето (од 17 до 19 часот), полнење на гласачките кутии во Струшко, Зајас, Сарај и Арачиново, со гласачки листови заокружени ЗА. Од опозиционата партија е најавено барање за формирање на анкетна комисија за расчистување на случаите. Проценките се дека постојат над 50 000 фалсификувани гласови.

Потребно е да се забележи и фактот што во поголемите општини со доминантно албанско население, исто така во поголем број не беше достигнат резултатот над 50% излезност.

Најголема излезност на гласачите имало во општините Липково и Сарај со над 60%, додека најмала била во општините Ново Село и Илинден.

Реакции по обзнанување на референдумскиот резултат

Веднаш по затворањето на гласачките места, по 19 часот на 30 септември, пред Собранието на Македонија, народот организираше прослава со музички хепенинг во чест на бојкотираниот (неуспешен) референдум.

Одушевувачки реакции се забележаа и во регионот, кои упатуваа на наравоучението: никој неможе да наметне процес на сила, кој не е легитимен и не е прифатен од народот!

Постреферендумски политички наѕирања

Јасно беше дека резултатот од референдумот нема да биде испочитуван од страна на внатрешните и надворешните двигатели на овој геноциден процес, а на тоа укажуваше консултативниот карактер кој самите тие го одредија за овој референдум. Со тоа всушност беше оставен простор и за други начини на спроведување на овој недемократски и геноциден процес.

Од СДСМ и владејачката коалиција, не го признаваат неуспехот од конечниот референдумски резултат. Туку успехот го согледуваат преку тоа што сепак постоело убедливо мнозинство од тие 36% кои гласале ЗА легитимирање на овој недемократски и геноциден процес. Дури постои и обид од одредени јавни поддржувачи на политиките на партијата СДСМ, оние кои бојкотирале односно не гласале на референдумот, нивниот став да се согледува/вброи како одобрување на овој недемократски и геноциден процес, водејќи се по правната логика која најчесто се употребува во административниот правен сообраќај и која гласи: молчењето значи одобрување. Исто така укажуваат дека ниеден политичар или ниедна партија досега не освоила толку многу гласови на собраниски избори од над 600 000, но забораваат да кажат дека референдумот за независност од 1991 година (по кој и сме се определиле за името Македонија) бил успешен (остварил цензус) и освоил 1 079 308 гласови ЗА – референдум/настан кој единствено би требало да важи како релевантен за споредба, затоа што станува збор за одлука преку референдум за прашање кое било од суштинско значење – исто како што носеше и овој неуспешен референдум од 2018-та. Владејачката коалиција сепак и понатаму ќе се обидува резултатот од референдумот да го прикажува како за своја победа, со цел да може да продолжи со спроведувањето на овој недемократски и геноциден процес.

Во опозиционата ВМРО-ДПМНЕ пак, преовлада таборот кој е против овој процес, иако имаше видни луѓе од оваа партија кои не бојкотираа и гласаа. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека референдумот е неуспешен. И покрај ваквиот став кој е во корист по општите македонски интереси, сепак мнозинството од народот на поновите позитивни дејствија од страна на водството на ВМРО-ДПМНЕ, кон нив не гледа искрено, најверојатно од причина што до последниот ден тие не се изјаснија со јасен став, дури и за бојкотирањето употребуваа(т) друг термин како „апстинирање“ – со цел да не бидат согледани како нешто исто со анонимната иницијатива #Бојкотирам.

Од партијата ДУИ, кои се дел од владејачката коалиција, категорично ја отфрлија идејата првично искажана од претседателот на Владата за предвремени избори, и повикаа на спроведување на недемократскиот и геноцидниот процес преку двотретинско изгласување на уставните измени во Собранието, за што е потребно согласност и од пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ (владејачката коалиција има 71, а им фали уште 9 пратеници). СДСМ повикува на т.н. брзи избори, доколку не постигне согласност за двотретинско мнозинство во рок од 7 до 10 дена за уставните измени. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија барање првин да бидат расчистени случаите околу изборните нерегуларности на неуспешниот референдум и бараат смена на јавниот обвинител како и избор на нов по предлог на опозицијата, па потоа би дале согласност за предвремени избори.

Стојан Андов повика на т.н. тајно гласање како решение, што пак наведува на можноста пратениците од составот на ВМРО-ДПМНЕ да бидат поткупени и заштитени преку тајноста на гласањето, односно јавноста да нема увид и да го нема правото да биде запознаена кој од пратениците гласал во Собранието за уставните измени и за поддршка во спроведувањето на овој недемократски и геноциден процес. Вината по оваа сценарио од индивидуална ќе стане колективна, а тоа ќе овозможи конформ кај оние пратеници кои се наклонети кон поткуп и корупција.

Амбасадорот на САД во Македонија, Стејт департмент-от, британското, бугарското и албанското МНР, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини, сите излегоа со став кој е на иста линија со СДСМ во врска со неуспешниот референдум и повикаа на продолжување на недемократскиот и геноцидниот процес преку уставни измени во Собранието.