Македонскиот народ уште еднаш ја повторува својата традиција наоѓајќи се во таборот на слободољубивите и човекољубивите народи и нации кои во овој момент ја плаќаат цената од огромна материјална и нематеријална штета, во борбата против светската плутократија, која како крајна цел има наметнување на тоталитаристичката особина врз човечкото битие во својот однос помеѓу државен систем-општество-заедници и поединец, па дури и верска установа-поединец. Влогот на Македонскиот народ во оваа епска битка е егзистенцијалното постоење – што земено од историската пракса ова нималку не претставува македонска новост. И оваа генерација Македонци (како и претходните со НОБ и Илинден, со Битката кај Марица, со Битката кај Беласица, со Битката кај Пидна итн.), ја потврдува метафизичката чистота на соборниот македонски Ум во своите политички намери.
Логичните предвидувања за згаснување на двете најголеми партии како македонски испаднаа точни
Разгледувајќи ја хронологијата на делувањата на двете најголеми партии во Македонија, со цел да им ги запознаам константите и варијаблите, и како тие се одразиле по општите македонски интереси од 1991-та год. до 2015-та год. (како потребен материјал за книгата „Василија – архитема на новото општество“, 2015), лесно дојдов до заклучок дека константата е секогаш водење скриени преговори и скриени конечни одлуки по клучните прашања, односно недемократска и нетранспарентна одлика! Варијаблите беа начинот на кој тие се спроведуваа, некогаш и без воопшто да се соопштат пред јавноста, или соопштување post festum. Дополнителен заклучок природно беше претпоставен дека водствата на најголемите политички партии, откако доаѓаат (или свежо пред доаѓање) добиваат притисоци од страните држави со влијание и моќ, кои набргу подоцна стануваат налози за мирно и стихијно разнебитување на македонското национално битие. Тогаш обзнанив во книгата дека партијата СДСМ е всушност веќе идеолошки мртва партија, а заклучокот дојде од тоа што јавно односно крајно бесрамно по 2008-та година по самитот во Букурешт, се нудеа како политичко раководство пред „некому“, кое веднаш ќе ја потпише и спроведе „конечната спогодба“ – афирмирајќи се како послушен „партнер“/квислинзи. ВМРО-ДПМНЕ со Груевски, бидејќи направија кариера со македонската популистичко-патриотска реторика (без конкретни резултати), им дадов најмалку 8-10 години (по 2022-та) рок кога и таа партија со одреден чин ќе згасне како македонска, односно ќе стане идеолошки мртва. Во таа проценка, во предвид не беше земено бруталното мешање на САД и ЕУ (Германија) што се случи истата година (2015), кое всушност прерано ја откри маската на сите раководства, кои требаше да претставуваат македонски, а всушност врз штета на Македонскиот народ и за лична корист, се согласувале на секакви налози. Тоа поедноставено значи дека 28 години постоел антимакедонски заговор, со кој нашите раководства се согласувале и активно или пасивно учествувале во него, односно биле соучесници во заговорот, без кои тие како клучна алка во тој план воопшто и не би можел вака препредено и крајно штетно да се спроведе во реалност.
Од овој антимакедонски заговор, спроведуван 28 години, и дефинитивно разоткриен јавно јануари годинава, како резултати имаме:
а) отворени национални прашања во лош период, кои ќе произнесуваат негативен исход по македонските интереси;
б) нефункционален државен политички и судски систем, нефункционално репродуктивно општество со нефункционални колективни заедници кои би требало да го обликуваат и развиваат човекот во благородно односно човечко битие; и
в) крајно неправедна распределба на општествениот капитал, која доведе до крајно лоша стратификација, со проценка од над половина милион во категоријата сиромашни, или скоро една третина од населението.
Овие три очајни резултати како политички активизам ќе го поттикнат/го поттикнаа крајниот лев и крајниот десен идеолошки спектрум.
Сорос го возврати ударот
ВМРО-ДПМНЕ пред само 2 години, објави (индиректно) кампања т.н. како „Стоп Операција Сорос“. За да сега кратко по таа кампања ВМРО-ДПМНЕ, иронично, стаса до претседателски кандидат кој лично Џорџ Сорос го смета за „филантроп“, но и кандидат кој идеолошки е обликуван како претходен активист во големата мрежа на фондацијата „Отворено општество“. И во самиот врв, односно на чело на разни сектори во оваа партија, кои имаат клучна улога во законодавното усогласување со власта за судскиот систем, среќаваме луѓе со такво лично работно „педигре“. Впрочем, самата партиска кампања оди со слоганите: „Жена ќе биде!“ (мислејќи на тоа кој ќе биде следниот претседател), „само жена може да ги среди работите“ и сл. Овие слогани воопшто немаше да претставуваат проблем во друга констелација, но во овој контекст тоа е складно со политиката на Сорос, која агресивно поттикнува политичка гинократија (покрај ЛГБТП и владеење на малцинствата врз мнозинствата во според нив „граѓанското општество“), но не заради „ослободување на жените“, или подобрување на статусот при работните односи. Нема ништо дополнително да напишам за ова, бидејќи претставува друга тема, но доколку македонските жени сметаат дека квалитетот на животот ќе им се зголеми доколку имаат повеќе пратеници од женскиот пол, или повеќе политичари/функционери од истоимениот пол – тогаш според моето видување станува збор за субпасионарни идиоти(ки), кои ништо незнаат за македонската историја и традиција, и истите во која посебно поволна положба ја ставале жената.
Со преземањето на раководството од „сорософилите“ во партијата ВМРО-ДПМНЕ, Сорос го возврати ударот, и практично настана состојба каде нема поважна партија во Македонија, која нема инсталација од ваков тип. Истото се случи и во партијата Левица.
#Бојкотирам значи одлучно одбивање на Македонскиот народ и понатаму да е приклучен во матриксот
До 2018-та и 2019-та, односно годинава, најголем дел од нашиот народ беше одлично поврзан кон матрикс-системот. Тоа како резултат даваше комплекс на ниска вредност кај поединците со апатија и анемија во нашето општество, сѐ со цел одржување на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно нивните раководства, како владејачка класа. Проблемот се јави кога раководствата од овие две партии кои развија внатре во матриксот црно-бел свет со свои „вистини“, мораа да исполнат туѓа волја и да испорачаат промена на „хардверот“ (државата во плотска, видлива смисла), и при обидот од невештите раководства за промена на „хардверот“ настана спој и прекин на целокупниот матрикс. Луѓето во тој момент се видоа во вистинскиот јас и реалноста околу себе, која е драстично различна од реалноста во матриксот. Видоа дека раководствата не биле блескави демократски и патриотски витези, туку отчовечени земни суштества разлигавени од алчноста, видоа и дека Македонија не е демократска и правна држава, туку племенска заедница во која владее законот на сила и подземните ризом-врски…
И откако заврши промената на „хардверот“ (колку успешно никој со сигурност незнае), сега повторно луѓето се повикуваат во масовен број да се приклучат доброволно кон него, со цел да добијат непречен пристап кон новообликуваниот матрикс. Со приклучување во овој старо-нов црно-бел свет, сдсмовската „вистина“ ќе ја здогледате во облик во кој „одлучно одиме напред“ и дека ќе градиме „едно општество за сите“, „без некоја друга алтернатива“ со „добрососедска политика“, додека вмровската „вистина“ ќе ја согледате како „Република Македонија“, во која ќе се користат „сите легални и правни процедури“ со цел да го вратат стариот „хардвер“ во чија промена тие „не учествувале“. Старо во реториката ќе претставува дека едните се „патриотите“, а другите „прогресивците“, со меѓусебни навреди каде едните се предавниците а другите лажни патриоти и криминалци. Реторичка новост ќе претставува тоа што едните „ќе бараат правда“, а другите ќе бараат „законите да важат за сите“.
#Бојкотирам е ризично но единствено живочовечко решение
Бојкотирањето на претседателските избори кои претстојат е ризично решение од повеќе аспекти:
а) постои веројатност од големо фалсификување, со цел да се исполни цензусот, без никаква одговорност за тоа кривично дело по никого – тоа го кажува искуството од претходниот референдум, плус и фактот што тесна ќе биде борбата за цензусот;
б) при таква состојба, СДСМ ќе се здобие со званична позиција и во другиот дел од извршната власт (апсолутна), но ова ќе е вина на ВМРО-ДПМНЕ заради лошите проценки; и
в) при неисполнување на цензусот можен е ризик од нови отстапувања кон Албанците, со цел уставно решавање на постизборната криза која што ќе настане.
Но зошто #Бојкотирам е решението на живите луѓе? Затоа што во Православниот календар, има во сите 365 дена по двајца, тројца и повеќе маченици за Вистината, кои одбиле да потклекнат пред силата и нечестието – тие ни се пример и аманет дека така треба да направиме. „Не треба да се плашиме од оние кои можат телото да ни го погубат, туку од Оној кој може душата да ни ја погуби.“
Што добро може да донесе постизборната криза ?
Суштинско важно е тоа што ќе пратиме порака, дека веќе не сакаме да живееме во илузорен свет. Односно дека борбата се движи во насока кон остварување на вистинските работи. Дополнително владејачката класа ќе мора во иднина околу своите пресметки да ја има во предвид и потребата од согласност и почитување на волевата компонента на народот, доколку истиот сега масовно ја одбие понудата за приклучување кон матриксот. На сегашната владејачка класа, ѝ се одбројани деновите, што можеби ќе придонесе кон непомирување со горенаведеното, бидејќи 28 години манипулација, непочитување и омаловажување им премина во навика, но идната која ќе ја замени сегашната и тоа како ќе мора да ја почитува народната волја, затоа што тие и ќе произлезат од неа.
Постизборна криза по неуспешни претседателски избори ќе значи и последна шанса за ВМРО-ДПМНЕ да се постави на исто рамниште со народот. И од тој момент ќе имаат период од една година, да го променат своето неолиберално раководство и идеолошки правилно да се устројат. Ова воедно ќе значи дека ниту на ВМРО-ДПМНЕ нема да им одговараат брзи предвремени (другите одложени) општи избори (и собраниски и претседателски), односно ќе одлагаат колку што можат за да остварат подобро прегрупирање.
И она што е најсигурно, постизборна криза по неуспешни претседателски избори ќе значи крах на двопартискиот систем, кој ќе придонесе присуство на нови партии во Собранието со крајно леви и крајно десни идеолошки ставови. Но доколку тие партии се ослонат само на популистичка реторика без конкретни системски решенија (како некогаш партијата ВМРО-ДПМНЕ), ќе бидат со кратко времетраење и за нови лични услуги.
Народот ќе претставува штит и ќе биде придобиен од оние кои ќе се придржуваат до крајните цели на соборниот македонски Ум. Тие цели Живко Чинго инстиктивно ги претчувствувал и ги образложил во своето дело „Нова Пасквелија“ како: слобода, радост, правда и човечност.
Затоа, за другите не гарантирам, но за мене гарантирам – јас #Бојкотирам!
Авторот на текстот е дипломиран правник.