ПРИЗНАВАЊЕТО НА РУСИЈА НА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ Е ДЕЛ ОД ПЛАНОТ ЗА „НОВ БАЛКАН“

Признавањето на Русија на Северна Македонија, разочара многу активисти во она што Москва и натаму ја сметаше како Република Македонија за нејзино уставно легитимно име, но овој чисто политички потег не требаше да биде толку неочекуван во позадина, бидејќи тоа е во корелација со шпекулациите дека Москва планира да преземе водство во обликувањето на Новиот Балкан.

Изненадување… или не?

Русија ги изненади многубројните набљудувачи на Балканот, кога ја призна Северна Македонија“, и покрај претходното принципиелно противење кон постшарено-револуционерната влада, која очигледно незаконски го игнорира недвосмисленото одбивање на популацијата да го поддржи овој потег за време на минатогодишниот референдум. Многу активисти во она што Москва и натаму ја сметаше како Република Македонија за нејзино уставно легитимно име, се крајно разочарани од овој чисто политички потег и се борат да разберат зошто тоа се случило, но причината всушност не е воопшто неочекувана во позадината. Треба да се признае дека иако имало, веројатно многу моќна soft power/мека сила меродавна на Москва, која продолжува да инспирира (клучен збор) протести, одбивајќи да го признае т.н. компромисно име кое Заев се согласи да го наметне врз својот народ за експресна цел – испорачување на влезот за земјата во ЕУ и во НАТО, современата Руска Федерација не е под влијание на идеолошките мотиви како својот советски претходник, туку е ладно прагматична во остварувањето на сопствените интереси.

„Балансирање на Новиот светски поредок и надоаѓање на Мултиполарниот

За разлика од начинот на кој често го опишуваат алтернативните медиуми (а особено преку лажните деконтекстуализирани мемиња и цитати што се шират од „Путинистичкиот“ култ), претседателот Путин, всушност, не е антизападен, како што многумина од неговите меѓународни поддржувачи се поттикнати да веруваат. Тој е несомнено лидер повеќе фокусиран на суверенитетот од неговиот претходник, воедно и многу посилен во тоа, но наместо да биде непријател на Новиот светски поредок каде многу луѓе се наоѓаат под погрешниот впечаток, дека е, претседателот Путин ја презеде улогата на урамнотежувач помеѓу тој поредок и Мултиполарниот светски поредок кој е на повидок, со цел да ѝ овозможи на Русија решително да влијае на рамнотежата на моќта помеѓу американските и кинеските суперсили, на начин што се менува во играта, за остварувањето на своите интереси во дадено време. Оваа флексибилна голема стратегија објаснува зошто Русија истовремено ја унапредува изградбата на алтернативни мултиполарни глобални институции, каква што е Развојната банка на БРИКС, паралелно со барање за Нова Антанта со Западот, со цел да добие олеснување на санкциите.

Co-opting/преземање и насочување на неизбежните последици

Прифаќајќи ја оваа стратешка позадина, и покрај тагата што може да биде предизвикана во срцата на добронамерните луѓе од целиот свет, кои ги положија своите надежи во претседателот Путин како херој, за кого погрешно размислуваа дека се вложени сите негови напори во бескрајните борби против Новиот светски поредок, многу е полесно да се разбере признавањето на Русија на „Северна Македонија и поголемиот поттик зад овој потег. Нема сомневање дека договорот за македонското име се заканува да го избрише европскиот идентитет и дека поради тоа Македонија ќе стане прва политички коректна“ полициска држава во светот, но реално Русија неможе ништо да стори за да спречи било што од ова да се случи. Всушност, кога се соочуваат со навидум неизбежните последици“, каков што е израелскиот“ „Јинон план, Русија, всушност, има досие на вмешување во овие процеси до одреден степен, обидувајќи се да ги насочи настаните во насока на сопствените интереси, со ова многу често – но не секогаш – се преклопуваат со повеќето партнери.

„Новиот Балкан

Како случај, авторот претходно има известено за трите значајни труда за креирање на политики од страна на високо влијателниот Руски совет за меѓународни односи (RIAC), објавени рано годинава, заклучувајќи дека Русија може да се врати на Балканот на голем (но контроверзен) начин, имено олеснувајќи го контроверзниот план на Тимоти Лес за поделба на Балканот по етноверските линии, преку низа мирни и демократски процеси, наместо насилните што се случија при создавањето на т.н. Нов Блиски Исток. Овој Нов Балкан можеби не е идеална иднина што повеќето од нејзини жители ја сакаа, но би можел да го претстави разбирливо најдоброто компромисно решение меѓу многуте натпреварувачки визии од страна на сите, и можното спречување на избувнувања на непријателствата кои можат ужасно да го реплицираат Новиот Блиски Истокво најлошото сценарио, или барем како што изгледа така Русија премолчено го рационализира признавањето на Северна Македонијаи можната поддршка за шпекулираниот претстоен компромисна Вучиќ за Косово и Метохија (последниот беше елабориран во погоре наведената хиперлинкувана анализа).

Заклучок

Нема сомневање дека одлуката на Русија да ја признае Северна Македонија разочара многу во земјата и пошироко, но тоа е во голема мера затоа што тие имаат погрешно мислење за претседателот Путин, и затоа што во оваагеополитичко Роршахово размачкување“ гледаат што сакаат, што во овој контекст најчесто се чинеше дека тоа е витез во сјаен оклоп кој го посветил својот живот во спротивставување на Новиот светски поредок. Професорот Дугин беше далеку пред своето време, пишувајќи за либерално-конзервативната двојност на претседателот Путин во својата книга Путин против Путин: Владимир Путин гледано од десницата, која што подоцна се потврди со руското видливо вмешување на Балканот и нејзината очигледна одлука за „преземање/co-opt на американските стратешки дизајни, со цел да го насочи овој навидум неизбежен исход во насока на сопствените интереси. Отстранувањето на Македонија од мапата (со поддршката за промена на името во Северна Македонија) и конечно признавањето на Косово“, се двата катализатора за изградба на Нов Балкан, но само времето ќе покаже дали Русија ја направи вистинската работа.

Авторот на текстот е политички аналитичар, новинар, публицист и член на експертскиот совет на Институтот за стратешки студии и предвидувања при Рускиот универзитет за пријателство на народите.

Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.