Ознака: јавно мнение

Read More

#БОЈКОТИРАМ Е МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД СВЕТСКИОТ ОДГОВОР ПРОТИВ НЕОЛИБЕРАЛНАТА ПЛУТОКРАТИЈА

Македонскиот народ уште еднаш ја повторува својата традиција наоѓајќи се во таборот на слободољубивите и човекољубивите народи и нации кои во овој момент ја плаќаат цената од огромна материјална и нематеријална штета, во борбата против светската плутократија, која како крајна цел има наметнување на тоталитаристичката особина врз човечкото битие во својот однос помеѓу државен систем-општество-заедници и поединец, па дури и верска установа-поединец. Влогот на Македонскиот народ во оваа епска битка е егзистенцијалното постоење – што земено од историската пракса ова нималку не претставува македонска новост. И оваа генерација Македонци (како и претходните со НОБ и Илинден, со Битката кај Марица, со Битката кај Беласица, со Битката кај Пидна итн.), ја потврдува метафизичката чистота на соборниот македонски Ум во своите политички намери.

Логичните предвидувања за згаснување на двете најголеми партии како македонски испаднаа точни

Разгледувајќи ја хронологијата на делувањата на двете најголеми партии во Македонија, со цел да им ги запознаам константите и варијаблите, и како тие се одразиле по општите македонски интереси од 1991-та год. до 2015-та год. (како потребен материјал за книгата „Василија – архитема на новото општество“, 2015), лесно дојдов до заклучок дека константата е секогаш водење скриени преговори и скриени конечни одлуки по клучните прашања, односно недемократска и нетранспарентна одлика! Варијаблите беа начинот на кој тие се спроведуваа, некогаш и без воопшто да се соопштат пред јавноста, или соопштување post festum. Дополнителен заклучок природно беше претпоставен дека водствата на најголемите политички партии, откако доаѓаат (или свежо пред доаѓање) добиваат притисоци од страните држави со влијание и моќ, кои набргу подоцна стануваат налози за мирно и стихијно разнебитување на македонското национално битие. Тогаш обзнанив во книгата дека партијата СДСМ е всушност веќе идеолошки мртва партија, а заклучокот дојде од тоа што јавно односно крајно бесрамно по 2008-та година по самитот во Букурешт, се нудеа како политичко раководство пред „некому“, кое веднаш ќе ја потпише и спроведе „конечната спогодба“ – афирмирајќи се како послушен „партнер“/квислинзи. ВМРО-ДПМНЕ со Груевски, бидејќи направија кариера со македонската популистичко-патриотска реторика (без конкретни резултати), им дадов најмалку 8-10 години (по 2022-та) рок кога и таа партија со одреден чин ќе згасне како македонска, односно ќе стане идеолошки мртва. Во таа проценка, во предвид не беше земено бруталното мешање на САД и ЕУ (Германија) што се случи истата година (2015), кое всушност прерано ја откри маската на сите раководства, кои требаше да претставуваат македонски, а всушност врз штета на Македонскиот народ и за лична корист, се согласувале на секакви налози. Тоа поедноставено значи дека 28 години постоел антимакедонски заговор, со кој нашите раководства се согласувале и активно или пасивно учествувале во него, односно биле соучесници во заговорот, без кои тие како клучна алка во тој план воопшто и не би можел вака препредено и крајно штетно да се спроведе во реалност.

Read More

АЛТЕРНАТИВНИ МЕДИУМИ: РАЗОТКРИВАЊЕ НА ДОГМАТА

Алтернативните медиуми (Alt-Media) и нивната соодветна онлајн заедница можат да бидат богатство на знаења и задлабочен дискурс во сè поцензурираниот свет, но исто како и нивните колеги од главните медиуми (Mainstream Media) кои одат во голема мера кон отвореното диференцирање, исто така постојат одредени догми својствени за овој информативен простор што понекогаш го отежнуваат појаснувањето на разликата помеѓу објективните факти и наративите за „размислување“.

Информативната доминација на САД по Студената војна заврши и конечно може да се зборува за мултиполарност во меѓународниот медиумски простор, со воглавно финансирани од јавни пари медиуми какви што се Русија Денес (RT) и Кинеска Глобална Телевизиска Мрежа (CGTN), презентирајќи алтернативна анализа на настаните и давајќи глас на фигурите кои честопати се игнорирани од главните медиуми (MSM). Освен тоа, во последниве неколку години се појавија бројни алтернативни медиуми (Alt-Media), а возбудливиот резултат на тоа е што луѓето ширум светот кои се противат на униполарноста се обединуваат за првпат, формирајќи просперитетна интернет заедница.

Read More

ПОЛИТИЧКИОТ МАТРИКС И ПОЛИТИЧКАТА ВИСТИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Поим за матрикс, и негов израз во наши општествени услови

Имаме повеќе дефиниции кои можеме да ги пронајдеме доколку пребаруваме по интернетот за „Матриксот” како филозофски поим. Серијалот на истоименуваниот многу популарен филм, ни зборува за буквална лажна (просторна и предметна) реалност. Дури и начинот на кој е прикажуван истиот, укажува дека сценаристот на филмот најверојатно е поттикнат од Светите Списи кои зборуваат на друг јазик и форма за иста или слична работа. Дефинициите од „Merriam-Webster” можат полесно да ни ја откријат суштината на овој поим. Особено за нас во овој случај се погодни првите две дефиниции кои матриксот го опишуваат како:

1) нешто (како што e ситуација или збир на услови), во кое се развива нешто друго или формира” и

2) нешто во форма на шема со линии и простори”. 

Без разлика која од овие две ке ни помогне полесно да го разбереме поимот матрикс, истиот е многу очигледен дека се случува во нашето општество, кое го разорува, одвојува од вистината и поларизира до крајност во повеќегодишен период. Двете развиени „нешта” во облик на форма или простор, или гледишта кон работите во политичко-општествена смисла, особено станаа очебијни и се појавуваат во медиумскиот простор сѐ почесто со позажестена реторика тие чудовишни матрикса/чудовишни нешта, по условно кажано нерешениот резултат од последните собраниски избори во Македонија, изразувајќи си го својот развиен „простор/ум”, развиен кај некого (поголем број) од стварна заблуда предизвикана од необразуваност или незапознаеност, или пак од патос (емоции) предизвикан од ласкање, страв од осаменост и осуда, а кај други (во помал број: оние „матрикс-развивачите”) од лукави намери и мотиви. Тие два чудовишни матрикса, неможеме никако друго да ги именуваме, освен по име на нивните развивачи – македонските партии. Едниот е условно речено „вмровски матрикс”, а другиот „сдсмовски”. Би можеле да ги именуваме и по име на партиските лидери, но во процесот на развивањето се гледа дека учествуваат повеќе интересовни групировки.

Read More

IDIOTES AND POLITES

Very often in everyday speech we use terms like “Idiot”, “idiotic” or “idiocy” in attempt to offend anyone when we are involved in angry dialogue, also when we are in conflict with someone, or when we want to someone to make it clear that with somebody something is not okey. This frequent use not always, but in most occasions they are used by people inaccurate, and users have wrong opinion about meaning of this terms. The term is originated from Idios, Idiota and the cleaner meaning is private person or someone’s private or personal matter, by which it mean for those people who are ignorant and not interested nor involved in the societal matters or matters of general interest, strictly defining in its life only for matters of personal interest. Today the common language, use often this word to refer to some people that they are mentally disabled, which in the case of cleaner meaning of the word it is possible that someone not to be mentally retarded and to have intellectual development on satisfactory level, yet still to be a person with strict views for their own personal interests, ignoring the societal one. By the way that kind of people represent the majority in nowadays societies, compared to those who think and are interested in general good. To becoming a better picture of what majority of people we addressed, better we will understand if we see the clear interpretation of contemporary russian philosopher Aleksandr Dugin with his notion that “idiot is kind of person who has only one thing – private property.”

Read More

ИДИОТЕС И ПОЛИТЕС

Многу често во секојдневниот говор ги употребуваме термините како „Идиот”, „Идиотско” или „Идиотизам”, во обид да навредиме некого кога сме во лут дијалог и судир со некого, или пак кога сакаме за некого да појасниме дека со тој и тој нешто не е во ред. Честата употреба не секогаш, дури и повеќе несоодветно содејствува со она што луѓето сакаат да го појаснат со тој термин, кога го употребуваат, односно имаат некоја друга сосем неточна замисла за тоа што претставува овој поим и збор. Овој поим потекнува од Idios, Idiota и тој чисто означува приватно лице или нечија приватна односно лична работа, со што истиот настанува да означува за оние луѓе кои се игнорантни и не ги интересираат ниту се вклучуваат во општите работи или работи од општ интерес, стрикно определувајќи се во својот живот само за работите од личен интерес. Денес луѓето овој збор го употребуваат за да означат некои луѓе дека тие ментално се недораснати или ментално заостанати, што во случајот со почистото значење на зборот можно е некој да не претставува ментално заостанат и со интелектуалниот развој да е на задоволително ниво, но сепак да претставува личност со строго определени ставови за сопствениот личен интерес, игнорирајќи го оној општествениот. Впрочем тие луѓе денес претставуваат мнозинство во споредба со оние кои размислуваат и се интересираат за општото добро.