РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА: ПОСТАВЕНИ ОСНОВИТЕ ЗА ПОИНАКВА ЕВРОПА

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА ФРАНЦИЈАПОВЕЌЕ ЗА ГЕРМАНИЈАПОВЕЌЕ ЗА БРИТАНИЈА

Минатата недела беа затворени гласачките места во државите кои се членки на Европска Унија, со што завршија парламентарните избори кои се однесуваат за составот на Европскиот парламент и кои траеја неколку дена.

Резултатот од гласањето

Од вкупно 751 место за освојување, најмногу од сите освоија од Европската народна партија (EPP) и блокот на Социјалистите и Демократите (S&D), партии кои претставуваат mainstream во политиката на ЕУ, и кои себеси идеолошки се идентификуваат како „проевропски“ партии, односно едните како центар-десни другите како центар-леви. Но овие партии кои уште се нарекуваат и како умерено десничарски и умерено левичарски, додека во суштина главната одлика им е тоа што ЕУ визионерски ја согледуваат како голема заедница со биомаса која ќе поседува само еден наднационален расно измешан идентитет: т.н. европска националност или европска нација, под централизирана управа во Брисел, сепак на овие избори остварија далеку полоши резултати од претходните во 2014-та година. ЕПП (освоени 179 места) и покрај тоа што поседуваат најмногу можности да создадат мнозинство и да го предложат идниот претседател, со помош на другите „проевропски“ партии, сепак на овие избори изгубија дури 38 пратеника заедно со СД (освоени 153 места) кои изгубија 34 пратенички места споредбено со претходниот состав. Затоа за овие избори се известуваше дека претставуваат голем удар врз моќта на партиите со т.н. центристичка, умерена идеологија. Алијансата на либералите и демократите (ALDE) освоија 105 пратеници со што се позиционираа како трети од оние кои најмногу освоиле. По нив доаѓаат т.н. Зелени (Greens/EFA) односно партиите кои поголем акцент ставаат во своите програми кон заштитата на еко-светот, со вкупно 69 пратеници. Новиот политички блок на десничарите наречен како Европа на нациите и слободата (ENF) освоија 58 места, додека Европа на слободата и директната демократија (EFDD) 54 места. Овие два партиски блока кои по својата суштина се слични, во mainstream медиумите се согледуваат како „евроскептични“. Но всушност станува збор за разликите во визијата, односно нивната идеологија е повеќе национална одошто наднационална и нивната цел е ЕУ да ја сочува својата европска традиција и култура, како и сочувување на домородното население со поголема децентрализација врз институциите на оваа Унија. Блокот на Европските конзервативци и реформисти (ECR) освоија 63 места, додека Обединета европска левица или Нордиско-зелената левица (GUE/NGL) обезбеди 38 места. Останатите ги освоија 32-те преостанати места.

Краткорочните ефекти од овие избори

Многумина беа во право кога тврдеа дека резултатите (кои беа очекувани) од овие избори ќе донесат новости во политиката. Краткорочните ефекти веднаш зедоа одредена политичка цена, па заради лошите резултати на грчкото национално ниво на партијата СИРИЗА, Алексис Ципрас веднаш повика на вонредни избори во Грција. Таму Нова Демократија под водство на Кирјакос Мицотакис освои 33% од гласовите, 10% повеќе од владејачката партија СИРИЗА. Како главен повод за незадоволството од оваа партија, се претпоставува дека е потпишувањето на договорот од Нивици. Во Франција исто така започнаа со барањата за нови вонредни избори, каде Марин Ле Пен освои на национално ниво 24% од гласовите, повеќе од владејачката партија на Емануил Макрон кој освои 22,5%. Во Британија, новоформираната партија „Брексит“ под водството на Најџел Фараж освои 30.5%, со што само се потврди волјата на Британците за дефинитивниот излез од ЕУ. Апсолутно доминантни беа на национално ниво владејачката партија под водството на Виктор Орбан, која во Унгарија освои 52% од гласовите и владејачката партија во Полска насловена како Право и правда која освои 45% од гласовите, двете карактеристични што водат национална политика спротивставувајќи се остро на централизацијата на Брисел. Матео Салвини со Lega Nord освои во Италија близу 35% од гласовите и објави дека е родена новата Европа и дека е започната новата ренесанса.

Предвремените парламентарни избори во Грција кои веднаш ги побара Алексис Ципрас се закажани за 7 јули. Доколку се повторат резултатите од изборите во ЕУ во овие предвремени избори, Кирјакос Мицотакис ќе победи на изборите, но се очекува проблеми при формирањето на мнозинството во Булето (грчкото собрание).

Долгорочните ефекти од овие избори

Иако настанаа политички потреси во многу земји на национално ниво, сепак на пошироко ниво, многу работи остануваат исти. И понатаму ќе доминира политиката на „проевропскиот“ правец во самата ЕУ, но разликата се состои во тоа што се етаблираа политичарите кои повеќе ги застапуваат интересите на народите и нациите во ЕУ. Всушност се поставени првичните основи за можноста позитивно да се преобрази механизмот на Унијата одвнатре, и тој процес е веќе започнат, додека исходот од него ќе зависи од волјата и делувањето во иднината на новите политички раководства кои влегоа во европската mainstream политика.

На овие избори одѕивот на излезноста беше 51% и претставува најголем во последните две декади.