АЛТЕРНАТИВНИОТ ИНТЕРНЕТ НА РУСИЈА НЕ ПРЕТСТАВУВА ВЕЖБА ЗА „ИСКЛУЧУВАЊЕ“ ТУКУ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ

Странските медиуми погрешно го прикажуваат неодамнешниот тест на Русија со кој наводно го исклучил пристапот на својот народ кон интернетот, иако тоа не е она што навистина се случи. Властите, всушност организираа технолошка вежба за преживување со цел да обезбедат земјата да има алтернативен интернет кога непријателската моќ ќе се обиде да ги отсече од системот.

Тестот беше спроведуван во фази и корисниците не пријавија никакви проблеми, како што се неможноста да ги користат Facebook, Wikipedia и Amazon, така што сите индикации укажуваат дека е постигнат успех.

Наспроти шпекулациите, Русија нема намера да се изолира од меѓународната online-заедница. Наместо тоа, нејзиниот народ и економијата во која работат се исто толку вклучени во семрежјето колку што се вклучени и од секоја друга развиена земја.

Властите дадоа сѐ од себе за да ги заштитат од какво било хибридно војување што може да ја фрли земјата во хаос, со тоа што ќе ја исклучат на неодредено време. Ова е многу реална закана бидејќи најголем дел од интернет-инфраструктурата е надвор од руските граници и надвор од нејзината контрола.

Карта со приказ на глобалната подводна интернет-инфраструктура

Би претставувало неодговорно за секоја земја вклучена во тензии со технолошката суперсила, како САД, земјата која случајно е домаќин на поголем дел од интернет-инфраструктура, да не се вклучат во планирањето на вонредни состојби за најлошото сценарио, или пак за споредбено повеќе бенигните ситуации, како што се серијата несреќи кои на неодредено време ги прават трансокеанските подводни комуникациски кабли за неоперативни.

Тешко е да се замислат последиците доколку електроенергетските мрежи поврзани со интернетот, одеднаш станат исклучени, без алтернативни средства за нивно рестартирање.

Зелените светла ги осветлуваат кабелските терминали на суперкомпјутерот Sberbank и SberCloud Christofari за време на настанот за одбележување на нејзиното лансирање во комерцијална употреба, во рамките на Центарот за обработка на податоци (DPC) Sberbank PJSC при Центарот за иновации „Сколково“, Москва, Русија, 16 декември 2019-та година. Извор: Bloomberg

Врз тоа лежи стратешката намера зад неодамнешниот тест на Русија. Водечкиот концепт беше да докаже дека внатрешните можности на земјата се доволни за да обезбедат продолжување на критичната моќ, комуникација, економска и друг тип на инфраструктура во ваквите кризни сценарија. Одговорност на секоја држава е да го заштити својот народ од овие современи закани и секоја држава има суверено право да го стори тоа доколку е потребно.

Другите примери за применливоста на оваа вежба вклучуваат напорите да се задржи глобалниот вирус кој ја зарази светската интернет-инфраструктура. Русија или која било друга земја со овие технолошки способности за оваа материја, би можеле да се исклучат, како еден вид мерка на претпазливост.

Друга варијанта на ова сценарио би можело да биде САД да ја исклучи државата за која постои сомневање дека прикривала епидемија на вирус преку интернетот, што би можел да се рашири низ целиот свет доколку не се запре доволно брзо.

Во овој случај не е важно дали таа држава навистина страда од ваков проблем или не (или барем не до оној степен за кој постои сомнеж), бидејќи самиот изговор може да се злоупотреби од стратешки причини за да резултира во ист исход со отсекување на целната држава од глобалниот интернет на неопределено време.

Како што човештвото станува сѐ повеќе зависно од интернетот, особено во ерата на IoT (Internet of Things), вооруженото исклучување на мрежните услуги на една земја од страна на САД може да стане крајно погубно, па дури и смртоносно.

Всушност, дури може да се каже дека можностите на САД се во такви количини да може да направи вид супер-оружје, бидејќи ниту една друга земја нема такви способности на глобално ниво. Можеби единствената работа што ја спречува да не го користи оваа супер-оружје по своја волја, е можноста САД веднаш да биде осомничена и таргетираните земји да ѝ одговорат кинетички, вклучително и преку употребата на нуклеарното оружје доколку имаат страв дека таквиот сајбер-напад врз нив е наменет да претходи на конвенционален или нуклеарен удар.

Затоа, може да се тврди дека спроведувањето на ваквите вежби за преживување на интернетот се корисни за светскиот мир, затоа што ги намалуваат шансите од случајното нарушување на нивната online поврзаност, според сценариото за подводните кабли кое може да биде погрешно протолкувано како акт на војна од кој и да било првенствен ривал во тоа време.

Имајќи го тоа на ум, би било корисно доколку сите водечки земји со технолошки способности би започнале да ја следат иницијативата на Русија, и да почнат со тестирањето на еластичноста на нивната инфраструктура кон ваквото хибридно воено сценарио за секој случај.

Авторот на текстот е политички аналитичар, новинар, публицист и член на експертскиот совет на Институтот за стратешки студии и предвидувања при Рускиот универзитет за пријателство на народите.

Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.