КАКО ДА ПОСТАНЕМЕ ЛАВОВИ?

Ризик. Тоа е клучот за да ја отвориме собата каде живеат можностите. Тоа нѐ учат и во бизнисот – доколку е поголем ризикот што го преземате, дотолку е поголем потенцијалниот профит. Но стравот не исчезнува. Затоа, како да го преземеме првиот чекор за работи „поголеми од нас“? Како на пример, да се спротивставиме на двајца возрасни насилници кои претепуваат деветгодишно дете?! Ќе се согласите дека потребно е да го победиме стравот за да го преземеме првиот чекор и не само тоа, туку и да останеме со здрав разум ако сакаме успешно да ја завршиме благородната мисија. – Но тоа е невозможно! Или можеби е?

Ако им се спротивставуваме на насилниците поради хранење на нашето его, ние би ја користеле сета наша енергија, бидејќи егото е себично и не сака „надворешен извор“. Но двајца насилници имаат двојно повеќе сила од еден. Хранета од нејзиното его, индивидуата го губи и разумот, односно во еден момент егото комплетно ја исполнува таа индивидуа и тогаш снемува место за деветгодишното детенце во планот како да се спаси истото од насилниците.

Лавот – грб и симбол на Македонија, приказ од Христофор Жефаровиќ, 1741 год.

Што мислите, дали еден човек кој отплатува кауција за некој кој е осуден, со тоа што ја презема неговата казна а притоа осуденикот да не го познава лично, е похрабар од човекот кој влегува во „ринг“ против двајца противници? Така и си помислив – поголема е храброста на првиот човек. Замислете колку би била поголема храброста [и значењето на делото] ако овој човек се дал како жртва за отплаќање на „кауција“, за луѓе кои би го мразеле или уште повеќе, за луѓе кои сѐ уште не биле родени?! Изворот на храброста кај првиот не може да доаѓа од егото бидејќи се работи за жртва. За да ја дознаеме тајната како да постанеме способни и ние за ова, навидум невозможно дело, треба да се насочиме кон личноста која навистина ова го сторила – Исус Христос, и да го земеме Неговиот пример. Имено, како што пишува во Посланието кон Филипјаните, во главата 2, Тој, доаѓајќи од вселенската слава, се испразнил себеси и се предал на волјата на Својот Татко. Изворот не е егото! Но Тој го задржал разумот бидејќи го гледал Својот Татко и духовниот свет. Со други зборови знаел што ќе се случува по Неговата жртва – ќе оди на подобро место и ќе прими вселенска слава.

Loader Loading…
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

Преземи/Download [176.76 KB]

Ако фактот, дека илјадниците исполнети пророштва од Библијата а ниту едно погрешно, ни говори дека Библијата ја открива објективната реалност и вистина, тогаш мојот одговор на тоа „како да станеме лавови“, е секој еден човек нека се испразни себеси за да го воочи фактот дека она што го зборува Библијата е вистина. Тогаш ќе имаме поисполнет живот верувајќи во Исус како наш личен Спасител Кој платил кауција за нас уште пред да се родиме, за да ја имаме оваа шанса. Тогаш ќе бидеме сигурни каде ќе се разбудиме после овој живот, давајќи ни натприродна сила да оставиме позитивна дамка во генерацијата во којашто живееме сега.

Авторот на текстот е брокер.