Водачот на македонските Албанци, Али Ахмети, откри кон крајот на минатата недела дека одбил да оди заедно со заговорот за поделбата на својата земја, чин што природно го поставува прашањето зошто тој не сакаше да го „подвлече ‘Косово“, кога моќните сили очигледно силно лобираа кај него да го направи тоа.
Изложените лажни вести на USAID
Али Ахмети, македонско-албанскиот водач на „Демократската унија за интеграција“ (ДУИ), откри кон крајот на минатата недела дека одбил да оди заедно со заговорот за поделбата на својата земја. Авторот на текстот постојано предупредуваше за оваа сценарио, повеќе од пет години, почнувајќи од јануари 2015-та година и продолжувајќи за следната половина деценија од денешно време, иако предупредувањата беа отфрлени како ништо повеќе од „теорија на заговор“, од страна на mainstream медиумите. „Сервисот за проверка на факти од медиумите“ (Media Fact Checking Service), финансиран од USAID, во Македонија отиде уште подалеку со клеветата против авторот во февруари 2016-та година, кога тие тврдеа без никакви докази за тоа дека тој учествувал во тајната кампања за „пропаганда“ на Кремљ, заедно со рускиот филозоф Александар Дугин и познатиот руски водител, Димитриј Кисељов, само затоа што стоеше цврсто на својот став дека поделбата на Република Македонија е крајниот исход од долготрајната хибридна војна против неа. Таа злонамерна лажна вест оттогаш е разоткриена и авторот не го потврди никој друг туку самиот јавен настап на Ахмети, кој упати дека таквиот заговор навистина бил во игра цело време.
Изговорите на Ахмети
Албанскиот водач во Македонија не кажа точно кој му пристапил, но може основано да се сомневаме дека американската Влада играла некаква улога во овој буквален заговор, откако толку активно работела да ги размати оние како авторот на текстот. Кој и да е виновникот(ците) или можеби не е, прашањето што природно се поставува е зошто Ахмети одби да го „подвлече ‘Косово“ во Македонија, кога сите претходни индикатори силно наведуваа дека би бил подложен со симпатии кон оваа сценарио. Тој тврди дека сакал да избегне крвопролевање и дека: „Сакав да ги имаме нашите симболи и нашиот јазик и ги постигнавме тие цели. Имаме универзитет, јазик во Собранието и во институциите, како и наши симболи.“ Без разлика дали ја кажува вистината, или не, поентата што тој сака да ја пренесе е дека неговата цел во основа била да постави „држава во држава“ на македонската територија, наспроти одвојувањето од неа како своја самопрогласена „држава“, или спојувањето со „Голема Албанија“. Со други зборови, Ахмети вели дека веќе го добил сето она што го сакал од поранешниот премиер Заев (кој дојде на власт по Шарената револуција), па нема причина да оди подалеку.
„Голема Албанија“ или голема дистопија?

Меѓутоа, имаше време, кога веќе беше далеку од сигурно дека Албанците ќе формираат своја „држава во држава“ на македонската територија, па очигледно некој ќе се запраша зошто Ахмети не направил никакви потези со кои би се приклучил во тоа време кон заговорот за поделбата. Можеби затоа што тој го залагаше своето време во очекувањата дека Шарената револуција ќе успее и последователно таа ќе му го обезбеди сето она што тој го бараше, или пак имал во предвид повеќе макијавелистички пресметки кои се поврзани со дистопијата каква што е „Голема Албанија“. Авторот на текстот напиша серија од две статии во ноември 2015-тата година, за тоа како „’Голема Албанија’ е мит за зачувување на единството на земјата“, што во основа тврдеше дека овој геополитички проект претставува „магла“ за да се одвлече вниманието на популацијата во Албанија од нивните многубројни социоекономски проблеми. Уште полошо, единствената реална инстанца во која беше извршен проектот во пракса, во српската провинција Косово и Метохија, окупирана од НАТО, не успеа да се спои со Албанија, заради кланските и други видови на конфликти (вклучително и оние во врска со криминалните претпријатија). Албанскиот премиер деновиве дури го тужи својот „колега“ во „Косово“ за „клевета“, покажувајќи само колку станаа оптегнати врските помеѓу нив двајцата.
Политичките калкулации од лични интереси
Гледајќи каков неуспех имало соседното „Косово“, разбирливо е зошто Ахмети не сакал Албанците под неговата „сфера на влијание“ во Македонија да ја доживеат истата судбина. Сепак, можеби се грижи и за сопствената политичка иднина, бидејќи тој би бил водач на само уште една вештачка и мала „држава“, со делумно меѓународно признание, или пак регионален главешина во новоанексираниот „албански Lebensraum“ – ниту едно од нив привлечно. Наместо тоа, тој претпочитува да ја игра улогата на политичар кој одлучува во Македонија, каде знае дека може да смета на странската помош за неговите планови, без какви било „легални“ резервации од неговите патрони. Само со тоа што „направил вистински избор за погрешна причина“, навистина е спречено многу непотребно крвопролевање, така што тој на тој начин може да ја претстави својата одлука како „благородна“, „мирољубива“ и „принципиелна“, и покрај тоа што најверојатно бил определен исклучиво од неговите политички и лични интереси. Сфаќајќи го ова, сè од изминатиот период добива смисла, иако тоа не треба да се разбере во правец дека ниту тој самиот, ниту било кој друг водач на македонските Албанци нема да ја преиспита оваа одлука во иднина.
„Второто Косово“ на „Новиот Балкан“?
Планот за „Новиот Балкан“, како што авторот на текстот го опиша во едно од неговите дела од минатата година, сè уште напредува. Здружени напори се прават зад сцената од сите релевантни играчи да го натераат српскиот претседател Вучиќ отворено да ја „признае“ „независноста“ на „Косово“, без оглед дали станува збор за de-facto признавање или de-jure, кое пак може да го обнови интересот за албанскиот сепаратизам во Македонија по одреден редослед. Сепак, повеќе од веројатно е македонските Албанци да се решат да преземат пристап на „почекај да видиме“ пред да започнат некаква сепаратистичка кампања, бидејќи тие веќе живеат подобро од нивните етнички сонародници на друго место во регионот и навистина имаат во сегашност своја „држава во држава“. Наместо да се „привилегираното малцинство“ во Македонија, кое лесно може во било кое време да ги заработи „симпатиите“ на т.н. „меѓународна заедница“ кога ќе одлучат да направат повеќе барања, тие едноставно би биле „едни меѓу многуте“ други Албанци во „Голема Албанија“, доколку решат да се разделат од меѓународно признаената држава и да навлезат во она што на крајот ќе биде само делумно признаено, во најдобриот случај. Како такви, тие веројатно нема да се отцепат, но сценариото сè уште не може целосно да се отфрли.
Авторот на текстот е политички аналитичар, новинар, публицист и член на експертскиот совет на Институтот за стратешки студии и предвидувања при Рускиот универзитет за пријателство на народите.
Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.
Извор: http://oneworld.press/?module=articles&action=view&id=1271