„Борбата за јазикот е борба за Македонија! Оти каква е таа ‘двојазичност’ кога наместо да се преведува, називите се преименуваат? Кога еден македонски назив ќе се замени со друг албански назив, тоа тогаш не е двојазичност! Тоа е албанизација…“
ОКОЛУ „ДВОЈАЗИЧНОСТА“ И НЕЈЗИНИТЕ ШТЕТНИ ПОСЛЕДИЦИ
Сегашноста на која сведочиме, памети дека еден народ беше мотивиран во борбата против криминалот и диктаторството што му се случувале во државата. Така мотивиран, истиот тој народ некако востана и го набрка сопствениот диктатор. Тој народ е украинскиот кој го сруши режимот на Јанукович, на кого му најдоа и златна WC-шолја во неговиот замок. И? Што се случи подоцна? Каде се т.н. Мајданци кои се востанаа? – Со прстот во уста ги испратија на источниот фронт да гинат како глинени голуби! Каков пак беше режимот во Украина под лидерството на Порошенко?
Сведочиме и дека уште еден народ пред Украинците се востанаа против својот диктатор – српскиот. И тој се крена на нозе и го прати својот Милошевиќ на губилиштето. И? Живеат ли Србите подобро сега отколку порано? Србија не е земја надвор од оваа планета! Мотивираноста кај Србите била борбата против криминалот, расипништвото и диктаторството. И многу мотивирани за таквата борба шетале пред изборите, па за време на изборите гласале за подобра живејачка по дома. И?
Дополнително сведочиме дека уште еден народ, овојпат пред Србите, се востана против својот диктатор – романскиот. И тој се крена на нозе и го прати својот Чаушеску на губилиштето. И? Живеат ли Романците подобро сега отколку порано? Романија не е земја надвор од оваа планета! Мотивираноста кај Романците исто така била борбата против криминалот, расипништвото и диктаторството. И многу мотивирани за таквата борба шетале пред изборите, па за време на изборите гласаа за подобра живејачка по дома. И?
Македонија и Македонците исто така не се земја и народ надвор од оваа планета! Мотивираноста кај нас исто беше борбата против криминалот, расипништвото и диктаторството. И многу мотивирани за таквата борба шетавме пред изборите, па за време на изборите исто гласавме за подобрата живејачка по дома. И? Она што се случува е капиталот сконцентриран од дадените гласови, да се насочува кон остварувањето на некаква туѓа платформа, која говори за продолжување на албанизацијата во Македонија, преку нејзиното обезличување сѐ до нејзиното целосно дотепување. Се случува тоа да мотивираните гласачи на опцијата за подобра живејачка, за општество без мито, корупција и криминал и без неофашистичко диктаторство, да бидат ИЗМАНИПУЛИРАНИ. Изманипулирани бидејќи никој од нив, од гласачите на тогашната опозиција (сега веќе позиција со цел мандат), никој од првиот до последниот, немаа никаква претстава за тоа што отпосле ќе се случува со од нив дадените гласови. Нив не можеме да ги согледуваме низ призмата на Гоцевата мисла, дека не постои друг народ кој повеќе страда од предавствата на сопствените синови (изроди) како македонскиот. Едноставно гласачите во случајов се намагарчени! Се случува тоа да измамените гласачи не знаат која е вредноста што им се спрема за воспоставување во општеството, за кое си гласаа да им биде и поубаво и пофункционално.
Зарем сега заложбите за создавање на условите за ширењето на туѓиот јазик и туѓите специфичности и обележја треба да им е вредноста која ќе мора да ја прифатат? Зарем опцијата на земањето на бугарските пасоши, треба да биде надоградена со ставањето кече на глава? И? Што ќе биде ден потоа?
Во Украина се случува војна и таа во најмала рака ќе е бесконечно долга, бидејќи таму сега се припадниците на „Вујче Сем“, работи кои не беа ниту гласани, бидејќи немаа избори за тоа, а претходно не беа ниту споменати кога започнуваше нивната антикриминална битка. Во Србија ден потоа се случува освен мизеријата на современите т.н. демократии и дополнителната албанизација кон Ниш и кон Централна Србија. Што ќе биде ден потоа кај нас во Македонија, откако би се случила промената на сегашната власт воспоставена од партија која усвојува туѓа идеологија и која навестува дека по нејзе ќе го уредува системот кој би го владеела? Кој е крив за сето ова? Каде е вината и кој ќе се повика на одговорност?
Спомнува позицијата некаков договор за јазик од 2008-та, што бил надоградуван 2011-тата. Тоа што спомнува постоење на таков „за албански притиснете два“ договор може да значи само едно нешто; таквиот договор штом се спомнува – таков договор и постои; а и во праксата гледаме и слушаме – лесно се потврдува: и сообраќајните знаци на трите јазици, и мобилните оператори, и ТВ-куќите со албанскиот како главен јазик, и радио станиците со само албански јазик…
Како треба да се поставиме кон посочувањето од страна на позицијата за постоењето на договорите за зголемената употреба на албанскиот јазик во Републикава? Несомнено е дека албанскиот јазик ја потиснува примената на македонскиот јазик во Републиката. Но, која е улогата на позицијава што посочува дека опозицијата веќе прифатила договори за ширење на албанскиот? Еве која и еве како треба да се поставиме кон позицијата:
Ќе се послужиме со метафората за Библиската приказна за првиот грев. „Кога Бог шетајќи низ рајот здогледал како Адам јаде од забранетото јаболко, го прашал: ‘Адаме, зошто јадеш од забранетото?’ Адам пак одговорил: ‘Ева, што си ми ја дал за жена, и таа јадеше, таа ме наведе и мене’…“ Значи наместо извинување и барање прошка, Адам посочува дека не бил само тој што згрешил, туку дека и Ева била таа што го правела истото. Паралелата со реалноста денес е следна:
Наместо позицијата да престане со она што некој друг тоа го направил, наместо да искритикува дека дејствувањето е погрешно бидејќи носи штетни последици, таа само посочува дека не е единствената што се залага за ширењето на албанскиот јазик низ Републиката. Посочувањето на позиционериве дека освен нив и сегашната опозиција е таа што, исто како и Ева од приказната, направиле грев „загризувајќи од јаболкото“, е во насока на изговор, и пред себеси и сопствената совест, и пред нејзините гласачи кои биле мотивирани во борбата против криминалот со цел создавање на посреќно утре, и пред севкупното македонско општество, особено кон делот што не се нејзини гласачи, како и пред меѓународната заедница, кон оној т.н. белосветски дел, којшто застанува како нивен најглавен тутор и мецена.
Што е тоа „двојазичност“ и што позицијата и опозицијата составена од т.н. македонски блок партии треба да имаат на ум, пред да започнат да се залагаат за неа или ако веќе започнале, барем да бидат свесни за нејзините штетни последици врз македонскиот јазик, Македонецот и Македонија:
Да ја согледаме двојазичноста преку свежиот пример, со називот на нашата спортска Арена. Таа е создадена од парите на буџетот кој се полни од македонските даночни обврзници, кои се собираат преку наплатата на ДДВ-то, во која НЕ учествуваат ниту Шутка, ниту македонскиот западен дел населен со Албанци. И со кредити од странство, кои сепак, ќе мора да се подмируваат преку буџетот на државата. Да ја согледаме двојазичната промена на називите на Арената до сега; двојазичноста би требало да означува превод од македонски на албански и од албански на македонски; но еве како оди тоа кај нас:
- „Национална Арена Филип Втори Македонски“ – на македонски, со „превод“ во „Arena kombëtare, Adem Jashari“ – на албански;
- понатаму од албански „Arena kombëtare, Adem Jashari“, кон превод на македонски како „Национална Арена Адем Јашари“.!

Да изанализираме што се случува во преводиве: албанската страна преведувајќи го називот „Филип Втори Македонски“ како „Adem Jashari“, ја испраќа пораката пред своите дека ова не е просторот што се вика Македонија, туку Илирида, негирајќи на тој начин сѐ што е македонско. Пораката е испратена и до Македонците и до светската и белосветската заедница. Со двојазичниот превод од македонски на албански што треба да се прифати, тоа и се потврдува. Не во делот на преводот од „Национална Арена Филип Втори Македонски“ во „Arena kombëtare, Adem Jashari“, туку во делот со преводот од албански „Arena kombëtare, Adem Jashari“ на македонски како „Национална Арена Адем Јашари“. Односно македонската страна согледувајќи дека така некако се одвиваат преводите, со шаблонот со кој самите треба да си се негираме, па затоа наместо да опстои називот „Филип Втори Македонски“, се случува, по којзнае кој пат дејствување преку линијата на послабиот отпор.
Се стави официјалниот назив да е „Арена Телеком“. И? Што се случува со воведувањето на овој назив? Пратената порака од албанската страна е дека „ова е Илирида, а не Македонија“, односно дека во неа нема место, иако со македонски пари изградени, за никакви називи со имиња од македонската историја. Тие се оние кои мора да се бришат, или да читаме дека се избришани. Читаме дека наместо тоа бришење да го стори албанската страна, бришењето стигнува од сопствената македонска страна. И навистина! Го нема повеќе називот „Филип Втори Македонски“. А го нема бидејќи тоа што се нарекува „двојазичен превод“ од македонски кон албански и од албански на македонски, по својата суштина претставува албанизација на македонските топоними и називи.
Дали знаете дека Скопје се нарекува Скопје во цел свет. Скопје е Скопје и за САД, и за Русија, и за Кина, и за Јапонија, и за „Рогот на Африка“ и за „Огнената Земја на Латинска Америка“. Зошто Скопје не е Скопје и за Албанците односно и за албанскиот јазик? Зошто Скопје за нив е „Шкуп“?
Ако до скоро со владеењето на Османлиите, постоело отстапување од јазичната стандардизација кое се базирало на превод на називите од кај нас во турскиот јазик, денес стандардизацијата си е таа: не постојат преводи за топоними! Постои само препишување на имињата и на називите. Превод направила единствено Грција и тоа базирано врз аргументот на сила. Тој превод исто е отстапување од стандардизацијата на неменување на називите и имињата. Тоа отстапување ќе престане тогаш кога ќе ги снема условите кои го одржуваат постоењето на аргументот на силата, врз кој всушност им се темелат преводите. Но, ако тоа е така во Грција, врз делот македонски таму, зошто тоа да е така и во Републикава? Кој е виновникот за оваа појава? МАНУ молчи, молчат и сите други за појавата на албанизирањето.
Дали знаете дека кодексот на однесување во времето во кое живееме, а наметнато од сегашниве (о)позиционери гласи: „молчењето значи одобрување“. Ова вели дека секој што молчи, преку молкот си одбира страна… Но некој мора да биде одговорниот. Ревизија и треба и мора да има! Враќањето на називот „Филип Втори Македонски“ сега и веднаш, мора да има!
За крај ајде хронолошки да се присетиме:
- „Министерот за образование, Абдилаќим Адеми ги потпишал решенијата за преименување на училиштата ‘Јане Сандански’ и ‘Цветан Димов’, објави општината Чаир на својата интернет страница… Основните училишта ‘Јане Сандански’ и ‘Цветан Димов’ во скопски Чаир…“ Телеграф – 09. 06. 2015 (линк: http://time.mk/c/fc66b66a53/zaev-i-sdsm-so-kontradiktorni-stavovi.html?fref=gc&dti=207371355960016)
Што се случува кога еден наш македонски назив се заменува со туѓ нивен назив? Соживот или албанизација!?
P.S.
Најверојатно со одлуката на Градскиот совет за време на мандатот на Владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Националната Арена „Филип Втори“ е ребрендирана во „Арена Телеком“ – еве од кога е веста: 4. 11. 2016 – од соопштението на Телеком за пошироката јавност испишано на англискиот јазик:
„THE NATIONAL ARENA ‘FILIP II’ IS REBRANDED IN ‘TELEKOM ARENA’…“ (линк: https://www.telekom.mk/ns-newsarticle-the-national-arena-filip-ii%E2%80%9D-is-rebranded-in-telekom-arena%E2%80%9D.nspx)
P.S.
Сега засега Арената е именувана како „Тоше Проески“…
Авторот на текстот е економист.
ХОМЕР МАКЕДОНСКИ